Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање: Има ли некој искуство со кабловски интернет од МОЛ?!

Дај кажете побрзо да знам дали да ставам...зошто од Он.нет веќе не инсталираат кабловски а АДСЛ некако не ми се става...
 
zEk0 напиша:
Едно прашање: Има ли некој искуство со кабловски интернет од МОЛ?!

Дај кажете побрзо да знам дали да ставам...зошто од Он.нет веќе не инсталираат кабловски а АДСЛ некако не ми се става...
Најголема грешка во сегашниот живот ќе ти биде!
 
А да ставиш кабелски од телекабел? Он.нет не става, ама затоа Телекабел става. Што мислиш за тоа?
 
Не ми е Телекабел оператор. Јас сум на Зора... :(

По се изгледа, АДСЛ ќе ставам...
 
*бате тоа интернетот,пак не го бива!
Ако не друго барем кајгана работи:cuc:
Уште тоа да рикнеше и ке морав да читам книга:icon_lol:
 
Да бе, тапа интернетов еј. Ништо не отвара, само Кајгана.
Е, неее...! :pos:
 
Их како се изнервирав, ми остана и работата незавршена. Ќе му ја спичам на кафе сега!
 
Acid напиша:
Да бе, тапа интернетов еј. Ништо не отвара, само Кајгана.
Е, неее...! :pos:

Пред некој сат се океј си работеше, ама сега само кајгана отвора. :music3:
Како и да е срање ни е интернетов тоа е факт!
 
А јас мислев дека само кај мене нешто не е во ред:raz:
 
Да. Мт-нет имаат проблеми со ДНС серверот.

За поголема стабилност ви препорачувам во ДНС сетигнзите на ТЦП/ИП во компијутерите на локалната мрежа да ги поставите следните ДНС сервери:
DNS SERVER: 195.26.152.19
ALTERNATIVE DNS SERVER: 195.26.152.20
и препорачливо направите Start->run->ipconfig /flushdns за да го исчистите ДНС кешот.
тоа е дечки навистина днс сервеите копаат :D
 
Денес ставив кабловски интернет од МОЛ. Првиве 10-тина саати сум презадоволен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom