Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Јас да имам проблем со нетот во 2012 година стана веќе секојдневие.

Хир ај ем, со нов проблем
КОНЕЧНО, после 5 месеци поминати во исчекување нетот од Оне ми го пуштија.
Едвај чекав да си дојдам дома од одмор за да го испробам новиот нет и толку фален со неговата неверојатна брзина. Вчера стигнав и одма на пц-то да видиме како стојат работите, и ме пречекаа нетот што се губи на секоја милисекунда и неверојатната брзина од 0.77 мбпс која требаше да биде од 5 до 7 мбпс (според напишаното на страната на оне). Сјајно!

Епа драги кајганџии, форум зависници и компјутерџии, кажете дали постои некоја можност да се смени нешто во опциите на модемот, во компјутерот или било каде за малце да забрза срањево оти без везе е вака.

П.С. Ах глава моја будала што инсистирав да “избегаме“ од Т-Хоме. :mad:
Ми мириса дека не ти се добро поврзани каблите во сплитерот, провери го прво тоа. Се надевам дека сеуште даваат некакво визуелно упатство за поврзување :D
--- надополнето: 7 август 2012 во 03:12 ---
Никој ли не знае?
2103155837.png
Ако си на некој локален Кумановски провајдер можно е да земаат интернет од повеќе места па да ти варира идентификацијата на спидтестот во зависност која IP адреса ќе ја добиеш. Ако навистина е толку голема разликата од еден до друг, најдобро да им се јавиш да ги скараш малце :)
 
Јас да имам проблем со нетот во 2012 година стана веќе секојдневие.

Хир ај ем, со нов проблем
КОНЕЧНО, после 5 месеци поминати во исчекување нетот од Оне ми го пуштија.
Едвај чекав да си дојдам дома од одмор за да го испробам новиот нет и толку фален со неговата неверојатна брзина. Вчера стигнав и одма на пц-то да видиме како стојат работите, и ме пречекаа нетот што се губи на секоја милисекунда и неверојатната брзина од 0.77 мбпс која требаше да биде од 5 до 7 мбпс (според напишаното на страната на оне). Сјајно!

Епа драги кајганџии, форум зависници и компјутерџии, кажете дали постои некоја можност да се смени нешто во опциите на модемот, во компјутерот или било каде за малце да забрза срањево оти без везе е вака.

П.С. Ах глава моја будала што инсистирав да “избегаме“ од Т-Хоме. :mad:
Јави се во Оне, пријави го проблемот, не чачкај ни сплитери ни ништо, нивна работа е да го средат.
 
Ми мириса дека не ти се добро поврзани каблите во сплитерот, провери го прво тоа. Се надевам дека сеуште даваат некакво визуелно упатство за поврзување :D
Каблите таман се, 100 пати ги проверив :)

Јави се во Оне, пријави го проблемот, не чачкај ни сплитери ни ништо, нивна работа е да го средат.
Си реков да не е нешто софтверски па лесно да се средува ама по се изгледа ке ги барам пак... :)
 
Каблите таман се, 100 пати ги проверив :)

Си реков да не е нешто софтверски па лесно да се средува ама по се изгледа ке ги барам пак... :)
Дали е софтверски најлесно се проверува со друг компјутер (лаптоп). Ако пријавуваш проблем во Оне богами ќе се изначекаш да ти го решат :)
 
Кажете некој трик со интернет бе :)
 
Незнам што може да е проблемот, пред два месеци ми се деси истото и траеше цел месец, сега пак почнуе. Имено На компјутеров ми дава дека имам интернет ама е ПРЕСЛАБ исто и на лаптопот е преслаб, скоро нема. А ако го извадам главниот кабел од интернетот од рутерот и го буцнам во компјутерот, интернетот РИНЕ. Минатиот пат кога праеше така рутерот прегорел, ама сменет е пред еден месец незнам оти би праел така.
 
Не знам што е проблемот само форумов ми го отвара, а ќе отварам нешто друго ми вика ДНС look up failed. И торент си симнува, сеа бавно 30 кб/с, ама што ќе е за интернетот не знам.
 
на близу си?
 
Еве ме и менеееееееее, на телекур темана пишаааав, нетов ојде у пм нешто...
 
Не, преку пошта. Еве сеа и флешскор ми отвори друго ништо не сака.

Најверојатно нетот во цела МКД е падни стани, не е ова прв пат. Ќе се среди кај и да е не е до тебе :)
 
Здраво. Вчера си купив лаптоп и сега сакам да си купам модем и да имам Wi-Fi мрежа за него. Дали компјутерот ќе може да ми остане на кабел, а за лаптопот да си го користам модемот? Не се разбирам во овој дел на технологијата, па ако може некој нека одвои 5 минутки и нека ми објасни малку подетално. Фала однапред.
 
Redtube не се отвора :(

Изгледа ги поебаа днс серверите!
 
Не знам што е проблемот само форумов ми го отвара, а ќе отварам нешто друго ми вика ДНС look up failed. И торент си симнува, сеа бавно 30 кб/с, ама што ќе е за интернетот не знам.
Не е до тебе, исто е и кај мене, освен кајгана скоро ништо друго не отвара...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom