Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Мислам дека ти е на земја ставен рутерот, пробај подигни го на повисоко на маса на пример. Стариот компјутер можно е да има вирус.
Не е на земја, на печката ми е. А стариот пц нема вирус пошо сеа брзо го преинсталирав.
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Едно прашање
Кога ком ми е вклучен а не сум на Интернет се е океј,што опција да вклучам тој не се гаси воопшто,ама штом вклучам Нет,посебно Facebook ,Windowsot 7 за 2 минути пада и ми се гаси чудово.Знае некој што му е?
 
SayWhaat!?

олимпион
Член од
11 јуни 2011
Мислења
109
Поени од реакции
34
ми треба сајт на кој може да се учат некои работи во врска со компјутери.. и интернет сличен на ubers.org ама по привлечно би било да е некој балкански но и др не би било проблем..
Каде би имало и трикови и нешто слично со сајберкриминал или поврзано со интернет заработки =)
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.647
Поени од реакции
7.485
Едно прашање
Кога ком ми е вклучен а не сум на Интернет се е океј,што опција да вклучам тој не се гаси воопшто,ама штом вклучам Нет,посебно Facebook ,Windowsot 7 за 2 минути пада и ми се гаси чудово.Знае некој што му е?
Стај си антивирус ако немаш, ова ми личи на тројанец, некој преку нет те гаси. Во Safe mode пробај дали ке те гаси со вклучен нет, ако НЕ, преинсталирај во Safemode антивирус и скенирај све живо, тројанците лесно ги гасат и антивирус програмите и фајарвалот па иако изгледа дека ти работи антивирусот тој уствари не функционира.
 
Член од
6 август 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
Знае ли некој зошто кога ќе стаам да се симиња од Thepiratebay торент, одма уште не почнат ми го стопира, треба play да стиснам за да го пуштам. Не е проблем тоа да стиснам Play :) Проблем е ако заборавам, и ќе си остане торентот стопиран, а затоа време можел да се симне....
Прочепкај по опциите на торент клиентот, би требало да најдеш опција за автоматско стартување на новододадени торенти. На пример кај uTorrent опцијата се вика „Don't start the download automatically“ и во твојот случај треба да биде одштиклирана (се наоѓа во менито „UI Settings“.
--- надополнето: 4 август 2012 во 13:48 ---
На лаптопов имам нет цело време, но ако излезам на тераса или во двор сигналот е многу слаб.
Оддалеченоста од рутерот до тераса е 11 метри. Зошто имам толку слаб сигнал таму? А надвор може да се рече и дека немам. Проблемов е до рутерот или нешто друго?
И уште нешто кога ќе го уклучам стариот пц, само што ќе се стартува веднаш ми снемнува интернет на лаптопов ако седам во било која др соба освен во таа кај што ми стои рутерот.
Whats the problem? оти вака не оди веќе...
А куќата во која живееш има ѕидови? :) Кај мене од рутерот до кујната има помалку од 10 метри но таму или не ја гледам мрежата или е со минимален сигнал. Опции ти се или да го преместиш рутерот поблиску до терасата или да набавиш друг рутер кој зрачи појако. Или ако сакаш да глумиш хакер прочепкај во менито на рутерот за опции за засилување на сигналот (ако има) или инсталирај му друг фирмвер кој би овозможил таква опција :)
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Прочепкај по опциите на торент клиентот, би требало да најдеш опција за автоматско стартување на новододадени торенти. На пример кај uTorrent опцијата се вика „Don't start the download automatically“ и во твојот случај треба да биде одштиклирана (се наоѓа во менито „UI Settings“.
--- надополнето: 4 август 2012 во 13:48 ---

А куќата во која живееш има ѕидови? :) Кај мене од рутерот до кујната има помалку од 10 метри но таму или не ја гледам мрежата или е со минимален сигнал. Опции ти се или да го преместиш рутерот поблиску до терасата или да набавиш друг рутер кој зрачи појако. Или ако сакаш да глумиш хакер прочепкај во менито на рутерот за опции за засилување на сигналот (ако има) или инсталирај му друг фирмвер кој би овозможил таква опција :)
Го преместив рутеров на повисоко, сеа ќе купам подолг кабел за да можам уште повисоко да го ставам. И пак нема нет. А и проблемов ми беше, зошо кога ќе го уклучам стариот пц, веднаш снемува нет ако седам во било која соба освен во оваа кај шо е рутеров.
 
SayWhaat!?

олимпион
Член од
11 јуни 2011
Мислења
109
Поени од реакции
34
ми треба неколку балкански сајтови/форуми слични на ubers.org поточно кои ќе ги обработуваат темите електроника , сајберкриминал, заработувачка на интернет =)
 
Член од
6 август 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
Го преместив рутеров на повисоко, сеа ќе купам подолг кабел за да можам уште повисоко да го ставам. И пак нема нет. А и проблемов ми беше, зошо кога ќе го уклучам стариот пц, веднаш снемува нет ако седам во било која соба освен во оваа кај шо е рутеров.
Е тоа не би знаел да ти кажам. Очигледно има некакви интерференции но за што точно се работи... Вака на прва што ми текнува, дали и компјутерот и рутерот ти се поврзани на ист штекер/кабел? Или можеби имаш некоја од оние матични плочи што зрачат WiFi мрежа па поради тоа да има некакви пречки?
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Е тоа не би знаел да ти кажам. Очигледно има некакви интерференции но за што точно се работи... Вака на прва што ми текнува, дали и компјутерот и рутерот ти се поврзани на ист штекер/кабел? Или можеби имаш некоја од оние матични плочи што зрачат WiFi мрежа па поради тоа да има некакви пречки?
Да на ист кабел се, а за тоа со матичните појма немам...
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Прашање, зошто кога ќе проверувам на спидтест секогаш ми покажува различни ISP, еднаш Telesmart Telekom DOO(вака пингот е 5-10мс и мислам дека баш е тој операторот на кој користам интернет), еднаш ONE Telecommunications (овдека иде и преку 60мс и интернетот е катастрофа).
Никој ли не знае?
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Јас да имам проблем со нетот во 2012 година стана веќе секојдневие.

Хир ај ем, со нов проблем
КОНЕЧНО, после 5 месеци поминати во исчекување нетот од Оне ми го пуштија.
Едвај чекав да си дојдам дома од одмор за да го испробам новиот нет и толку фален со неговата неверојатна брзина. Вчера стигнав и одма на пц-то да видиме како стојат работите, и ме пречекаа нетот што се губи на секоја милисекунда и неверојатната брзина од 0.77 мбпс која требаше да биде од 5 до 7 мбпс (според напишаното на страната на оне). Сјајно!

Епа драги кајганџии, форум зависници и компјутерџии, кажете дали постои некоја можност да се смени нешто во опциите на модемот, во компјутерот или било каде за малце да забрза срањево оти без везе е вака.

П.С. Ах глава моја будала што инсистирав да “избегаме“ од Т-Хоме. :mad:
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Телекабел е закон за овие, ги јаде во секој поглед.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom