Најстара и за сега најприфатена дефиниција за интелигенцијата е оваа : увидување на меѓусебните врски на нештата .Интелигенцијата има 4 карактеристики :
1.разбирање ( разбирање на даденото )
2.инвенција ( пронаоѓање нови податици )
3.дирекција (насочување на мислите )
4.цензура( проверка на најдените решенија )
Инаку има повеѓе дефиниции за неа , али таа погоре е актуелната .
Еве неколку информации за тоа како се разликува интелигентниот од неинтелигентниот :
-поосетлив е на проблеми
-по метадолошката оригиналност на решавање на проблемите
-поседува полипрофилно мислење , т.е проблемот го перципира мултидимензионално
-по метадолошка флексибилност
-по тоа што лесно се опира на сугестибилноста
-проблемите ги решава врз основа на увидот на ситуацијата т.е поседува образложеност на мислењето
-го контролира решението , рамнотежата на проблематичната ситуација т.е се одликува со контрола на мислењето .
Имаме три вида на интелигенција :
1.Апстрактна ( вербална ) -леснотија за употреба на симболи
2.практична - леснотија во ракувањето со предмети
3.Социјална - леснотија во односот со луѓето
наследувањето на гените е само предиспозиција за интелигентен човек , она што ќе биде искористено зависи од : вољата , залагањето , мотивацијата и условите во кои живееме .
Интелигенцијата се развива со :
- школување и образување
- стимулирање ( шах , уметност )
- вежбање т.е креативно решавање на проблемска ситуација
Повеќето од нас спаѓаат во просечна интелигенција ( 90-110 ) , па имаме висока интелигенција ( 110-120 ) , изразито висока интелигенција ( 120-140 ) и секако гениј ( 140 и над 140 ) .
Е сега како се одредува кој е паметен ,а кој не ?
Еве нешто интересно : Голтон сметал дека оние со поголемо чело се попаметни од оние со помало . Секако ова не е научно докажано .
Најчесто користен метод е Бине-Симонов тест , кој се состои од 6 компоненти :
-Гудинаф тест за интелигенција ( врз основа на цртеж со човечка фигура )
-Равенови прогресивни матрици
-Равенови матрици во боја ( само за деца )
-Домино тест
-ТРЛ ( тест за резонирање ликови )
-WB скала
Содражат уште 10 постестови и за сега се најпрецизни за одредување на интелигенцијата на индивидуата .Се изразува со мерка колични на интелигенција IQ .
IQ се дбива со следнава формула :
IQ = MV / HV * 100
MV - ментална возраст на поединецот изразена во месеци, се добива со решавање на тестови за одредената возраст
HV - хронолошка возраст изразена во месеци
Значи IQ е количник од менталната и хронлошката возраст , помножена по 100 .
Важно е да се знае дека големо влијание на интелигенцијата има и животното искуство . Така некој неинтелегентен со големо искуство може да делува интелигентен , и обратно , некој интелигентен со мало искуство , може да делува неинтелигентно .