Bratot
Стоик и Машкртник!
Со 30.000 годишно ништо не правиш. Ќе преживуваш.
Трошоци:
1.200 кирија
300 сметки
500 храна
Тоа се 2.000 долари. А каде се медицински трошоци, забарот на пример не е покриен со основното медицинско осигурување, тука имаш минимум 800-1000 долари годишно, за забно чистење и понекоја пломба (а не дај боже некој root canal или круна), очен преглед уште 200, некој ап кога ќе те здоболи грлото уште толку, а недај боже некој поголем здравствен проблем. Каде се трошоци за автобуски карти или бензин за кола, облека, по некое кино, вечера, кафе кога ќе се прошеташ за викенд. Вкупно 6000 годишно, или 500 месечно.
Значи стигаме до сума од 2.500 bear minimum за еден месец.
На плата од 30.000 плаќаш данок од 18%, па удри му математика колку ти остануваат, а колкави се трошоците.
Реално со 40.000 си на ивица, со 50.000 годишно веќе комотно дишеш, а со 60.000 и нагоре можеш и да заштедиш по некој долар.
А пак доколку дигнеш кредит, тогаш само ратата за кредитот ти е минимум 1.500, плус 300-500 maintenance fee за зградата (пошто таму куќните совети функционираат и ако не платиш леташ надвор без пардон). Ете ти сума од 2.000 само за станот, а она сметки, храна и останато што набројав стави одозгора. А да не кажувам дека како сопственик на стан, ќе имаш и дополнителни трошоци да го опремиш, па нешто се расипало да го поправиш, па пукнала цевка итн. Кога си газда, автоматски трошоците ти растат за мин. 50%.
Ако пак уште имаш и деца, трошоците одат до небо. Само како за пример, градинка за едно дете кошта од 800-1200 месечно.
Како беше она за есапот дома и на пазар...
Вака стојат работите. Секој ден, околу 8-9 наутро, излегува еден бесплатен весник, се вика The most you can get, и таму на средните страници има канадски банкноти од 5, 10 и 20 долари, убаво отпечатени, па дури и перфорирани (мислеле луѓето) за полесно да може да се скинат. :wink:
Се печати во милионски тиражи, за секого да има доволно, па дури и остануваат вишок примероци. Тие ги собираат, за да ги достават дополнително во недела, за да може дури и кога не се работи, да заработуваш.
P.S. Брат, знам дека тебе не треба да ти кажувам и објаснувам. Слушај паталец, а не гаталец, нели?
А некој што тука се обидува да кажува прикаски за мали деца, остај нек си живее во светот на бајките. :smir:
Фала што ме исправи и дополни.
Ова ти е многу вистинито, ќе си го запишам.Слушај паталец, а не гаталец, нели?![]()
Поздрав :smir: