Гледам шефот ги мобилизира хиените па лаат ли лаат ..........
Почнувајќи од Тео Вајгел, Ерван Фуере , полн џак невладани организации,медиуми и што ли уште не ...........
Како бре тоа шефот ја мобилизирал и НАТО и ЕУ ?
Зарем шефот е толку моќен за да може на претставници од ЕУ и НАТО да им диктира што да кажат.
Пу бе јаз'к, до каде оди вашето непознавање на политичките случувања во државава.
Абе ја викам дека вмровците патат од нижа вредност, мислејќи дека некој во државава го држи светот на дланка, а они јадните се немоќни да направат нешто.
И се тоа кога треба некоја глупост да им се испере.
Алооо.
99% од политиката во државата ја креира владејачката партија, а таа се вика ВМРО ДПМНЕ.
А од тие 99% власт, со 99 процненти доминира Никола и никој друг.
Јас не велам дека во ДПМНЕ нема паметни и учени кадри.
Но никој не може и не смее да дојде до право на глас од семоќниот Кољо.
Затоа што секој пратеник, секој функционер од ДПМНЕ, има потпишано бланко оставка во случај размислувањата да му се косат со оние на семоќниот.
Па сега види ти кој уствари е шериф, и кој уствари шефува со Македонија.
А за Бранко.
Па некому му одговара да се споредува само со него, и со никој друг.
Бранко вработувал партиски војници во администрацијата.
"Ние" дупло.
Бранко направил олигархија.
Ние правиме паралелна.
Бранко го партизирал судството.
Ние го допартизираме.
Бранко правел држава за сдсмовци.
Ние ќе правиме за вмровци.
Како бре тоа се во лошите работи се споредувате со Бранко.
Та нели народот ви даде власт за да бидете подобри од Бранко....а не тој да биде изговор за вашата глупост и некадарност.
Зашо на пример не почнете да се споредувате со тие околу нас.
Па зарем кога беше Бранко на власт ние се споредувавме со Албанија, Бугарија, Србија и Зимбабве.
Денес они се наши репери за напредни држави и демократии.
Пред некој ден отворив тема "Економско-политичка статистика и споредба", во кој убаво нацртав со факти и бројки дека целиот регион околу нас, пополека го фаќа чекорот со времето...за разлика од Македонија која по сите параметри е прикована на дното.
Некој ќе каже дека пред фактите молчат и боговите.
Да.
Ама вмровските јуришници не.
Они викаат Бранко е крив.
И ?
Што добив како одговор ?
Бранко....бла бла бла. Бранко....дрн дрн....
Незнам како до толку може да се испере еден човечки ум, па за да гледа само натаму накај што ќе му покажат со прст, и никаде на друго место.
Свртете се малку лево...малку десно.
Ќе видите дека оној ризичен регион наречен западен Балкан, станува се помалку ризичен, и се повеќе напреднува политички и економски.
Зборам за истиот тој регион, кој до вчера беше до темел разоран од братоубиствените војни.
Но таму и народот и политичарите ја разбраа поентата на вртењето назад.
Имам некое чувство дека и после десетина години, прикривајќи ги своите неуспеси, некој пак ќе ве лаже со финтата Бранко, а некој пак безусловно ќе верува во тоа.
Значи.
Перењето со Бранко за се и сешто, веќе ја преминува границата на здравиот разум.
Еве предлог до ДПМНЕ.
Крадел Бранко...работел незаконски ?
Уште некој месец е Претседател.
Собирајте докази...сведоци за на суд.
Опнете му една кривична, која нели по излагањата на ДПМНЕ, не би требало да биде помала од 10 000 стани.
Докажете го тоа, и стрпајте го у затвор.
Чиста работа.
Бранко у Затвор...ќе нема веќе изговор, и на Македонија ќе и тргне.
Нели ?
Во спротивност прекинете со невидениот популизам кој ви го всадиле во глава.
И што ќе чујам , што ќе рече:
-Македонија не смее да скршне од патот на интеграција, оти ќе биде изолирана,Ервопа ни е све што имаме итн.
Зарем има друга алтернатива ?
А bube ?
Па доколку ја има, дај те молам претстави ни ја тука да ја видиме па да се порадуваме малку.
Пресреќни би биле да чуеме дека иднината на просперитетна Македонија не би зависела од евроатланските аспирации.
Дај ја таа алтернатива да ја видам....па доколку е издржана, прв ќе застанам позади неа.
Дај да им докажеме на сите околу нас дека се глупи што исполнуваат разноразни бенчмаркови и прават секакви компромиси, само за да станат дел од тоа неморално друштво кое гарантира безбедност стабилност просперитет и континуитет.
Чекај бе,па ја не пијам нафта, „комуњар-изолатор„ му збори за интеграција ми држи предавања ќе сме биле во излолација.
Па друже, еве ти две прости прашања:
- Која влада воспостави спуштени дипломатски односи(визен режим) со Европа?
Што е визното гето ако не изолација?
А за ова можеш слободно приказни да продаваш на мали деца.
Факт е дека најголемото придвижување во поглед на евроаспирациите, беше кога тој ресор го водеше Радмила Шекеринска.
Ама работава е се' да се изврти де...до крајна граница.
Мислиш ли дека денес Боцевски и Груевски со изјавите од типот не ни треба НАТО не ни треба ЕУ, повеќе придонесуваат ?
Или она несреќната, мене ми кажа некој, дека од вас некој се јавил по телефон на некој од нас, и му кажал дека ако го смените името, секако ќе добиете покана.
Со такви сељачки изјави ли се приближува една држава кон ЕУ.
Такви зборенки само за у биртија.
Не велам дека тоа не треба да му се каже.
Ама има милион начини преку кои тоа може на дипломатски начин да му се даде на знаење или да му се соопшти на Фуере.
Ама неее.
За тоа народот не ќе разбере.
Не ќе ја види моќта на семоќниот.
Поарно е преку телевизија, плесни му ја у фаца бе, па кој го ебе.
Фуере бил...пиххх.
Ја претставувал Европска Унија....големо чудо.
Груевски е јак бе.
Он утре и на Буш може да му рече дека е пеер,и не не подржава толку колку што ние сакаме.