Точно, дека не се доволно хигиенски но замисли кај нас во парк летоска што се прави и кај све се моча. Зборам и од лично искуство нема што да кријам. Кога навечер ке се собереме со друштво ке земеме по некое литро пиво или вино после кога ке не протера на мочање нема кај да се испразниме. Така да овие вц-иња ке бидат сигурно подобри него рушевините или некоја грмушка во градскиот парк.
стварно со оваквите тоалети, Холанѓаните докажуваат дека се најпрогресивната нација во Европа, ноооооооооо и покрај тоа овие ВЦ- а имаат и голем недостаток- крајно нехигиенски- немаат нит вода -за да може да се измијат вршителите на нужда
![]()
Наместо утре дента на некоја фамилија која ке си се шета низ паркот да и смрди на мочка со поставувањето на вакви вц-иња ке се отстрани тоа. Сите ние машките знаеме како е кога се празниме во природа така и таму немаме баш некаква хигиена, така да боље на цивилизиран начин да ја извршиме потребата од мала нужда него да се криеме по ќошиња и грмушки.
Од вчера сум официјално дипломиран инжинер по индустриски дизајн и бидејки ми се допадна темава утре ке аплоадирам рендери од еден мој проект чија што тема е "Осветлување и место за седење на пешачки и велосипедски патеки", што мислам дека би била доста интересна идеја. Сега одам на спиење а утре ке продискутираме малку околу мојот проект и баш би сакал да чујам ваши коментари околу него.
Гледам дека во претходните постови има многу слики од некои идеи од странство, а никој не прикажа некоја своја идеја. Утре јас ке ја прикажам мојата, за да видите дека не се само странците тие кои имаат интересни идеи и се којзнае колку понапредни од нас во размислувањето.
Доста све нешто увезуваме, треба повеќе да мислиме на нешто што сами ке го креираме, таква ни е темата, овде треба да генерираме идеи.
На пример на секоја од тие слики секој да каже нешто што би променил во таа конкретна идеја која е претставена на таа слика, од старт би добиле нешто доста оригинално и различно од она што е прикажано на сликата.
Еве јас би ја коментирал оваа идејава со холандскиве урбани вц-иња за машки пол. Мене ми смета што така во сред град луѓето на отворено уринираат во тоалетот. Јас би додал само едно платно кое ке биде на лизгач, и како гардеробиве во дуќаните за текстил кога пробуваме некаква облека, да може со влечење да се отвора и затвора. Мислам дека тој додаток не би кренал многу на цена, ниту на тежина или би скратил од простор. Едноставно луѓето малку е незгодно грбот да им биде на отворено додека тие мочаат.
Замислете кај нас на рекорд да постават вакви вц-иња колку незгодно би било за нас во таа гужва да се стуткаме во едно ќоше означено за мочање и да извршиме нужда. Додека доколку би имале само една завеса за да можеме да се прикриеме малку, да се затвориме, би било поудобно и за нас и за другите луѓе кои поминуваат покрај вц-ињата.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 02:21 ---
Тоа се дел од мерките кои државата ги превзема за стимулирање на малите колонијали и маркети да прават повеќе промет со водата.у центар у близина на плоштадот има една и единствена фантана за пиење вода дури карши градска болница.... да му текнеше на коцка да направи барем уште една поблиску до плоштад не ке беше лошо. да сакам да се напијам вода немам каде да му е*ам матер. на плоштад имаше порано една ја снема. имаше фонтана кај чичко стоило и ебаа матер ја снема и неа... да не се чудам ако ја снема и онаа кај градска болница а?

Заприметете што направија со паркинзите, све е зонско никаде нема бесплатен паркинг, а и да се начека бесплатен, и тој е преполн. Најмогу ме иритира тоа што во аеродром од страната на тц бисер сите тие паркинзи околу зградите ги направија со зонско. Па ако јас имам пријатели таму и сакам на гости да им отидам, треба да платам 100-150 денари за паркинг. Исто и во центар. Верувам дека ке се согласите дека претераа со паркинзиве, овде во скопје од секогаш ни биле проблем, ама тој проблем сигурно нема да се реши со наплаќање на паркинг место.Треба владата да гледа да ни ги намалува трошоците за нормален живот а не да ги зголемува. Во право беа граѓаните во центар што се побунија за катната гаража кај хотелот бристол што сакаат да ја направат. Тука имаше колку толку зеленила, и наместо општината да гледа да го зазелени уште повеќе, бидејки малку паркови има во центар, поготово тој дел, тие се одлучуваат за катни гаражи кои ке бидат издадени под концесија, или можеби приватни ке беа, не знам сега точно како стојат работите околу сопственоста. Треба Скопјево малку да се шири не само да се запиња со градење упорно само во центар.
Да не должам многу, се читаме утре.
Поздрав.