Инспирирај го градоначалникот

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
-што мислиш тие не шетаат
-што мислиш тие не гледаат
--------------------------------------------------------
Одат бре и тоа на наша сметка и шетаат и гледаат(а богами и лапаат)
нешто што ќе видат и ќе направат и пак на наша сметка.
Ама ние сме коњи бре,не знаеме да чуваме
------------------------------------------------------------------------------
Ако човекот оди по умот на коњот -КОЊ ќе стане
Ако пак коњот оди по умот на човекот,нема да стане човек,
туку поголем КОЊ од сите коњи на светот.
---------------------------------------------------------------------------------
Е О В А Е М А К Е Д О Н И Ј А
 
rogier_martens.jpg

bench10.jpg
оваа првава клупа ко правена за кај нас:pos: во вид на количка- за побрзо и полесно некој си ја пренесе во сопствениот двор
додека оваа вторава -одлична, за да си прилегнеш човечки некаде на тивко местенце у парк под пролетното сонце;)
--- надополнето: 18 декември 2011 во 08:32 ---
-што мислиш тие не шетаат
-што мислиш тие не гледаат
--------------------------------------------------------
Одат бре и тоа на наша сметка и шетаат и гледаат(а богами и лапаат)
нешто што ќе видат и ќе направат и пак на наша сметка.
Ама ние сме коњи бре,не знаеме да чуваме
------------------------------------------------------------------------------
Ако човекот оди по умот на коњот -КОЊ ќе стане
Ако пак коњот оди по умот на човекот,нема да стане човек,
туку поголем КОЊ од сите коњи на светот.
---------------------------------------------------------------------------------
Е О В А Е М А К Е Д О Н И Ј А

да, да шетаат и понекад и земаат примери од странство, ко на пр.оваа од Сингапур:P

НОВИ КАЗНИ ЗА ХИГИЕНА ПО ПРИМЕРОТ НА СИНГАПУР
50 евра за плукање
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека станува збор за нов закон кој веќе е предаден во Собранието

Владата подготви закон за јавна чистота со кој се предвидуваат ригорозни казни за сите оние што ќе ја нарушуваат хигиената во јавните установи и на јавните површини. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека станува збор за нов закон кој веќе е предаден во Собранието. Тој објасни дека одлучиле да подготват ваков закон, бидејќи хигиената во Македонија е на многу ниско ниво, и како дел од стратешките определби на Македонија за приближување кон Европската унија.

"Законот е направен по примерот на Сингапур, која важи за земја со највисоко ниво на јавна чистота. Со овој закон сакаме да се подигне нивото на јавната чистота и во нашата земја, затоа се предвидени ригорозни казни за сите оние што ќе го прекршат овој закон. Во внатрешноста на јавните објекти забрането е фрлање отпадоци, плукање, фрлање догорчиња, мастики и други предмети, или внесување домашни миленичиња, освен со одобрение на управителот на јавната установа. На јавните објекти забрането е да се испишуваат графити и да се лепат плакати, а сопствениците се должни соодветно да го одржуваат објектот", рече Јанакиески.
Контролата дали се спроведува законот за јавна чистота ќе ја вршат комунални редари, кои ќе работат во општините во земјава и Град Скопје.
"Комуналните редари ќе можат да изрекуваат мандатни парични казни на самото место каде што ќе забележат прекршување на законот, а вакво овластување ќе добие и полицијата. Исто така, контрола ќе можат да прават и општинските комунални инспектори и инспекторите на Државниот комунален инспекторат", рече Јанакиески.
Оние што ќе го прекршат законот, а немаат пари да ја платат предвидената казна или не сакаат да ја платат, ќе можат да ја заменат со општокорисна јавна работа.
"Казните за физичките лица се 50 евра и тие ако сакаат да не платат ќе треба да ја заменат казната со општокорисна работа и ќе треба да одработат 24 работни часа, односно три дена да вршат корисна работа за општината во која го направиле прекршокот", рече Јанакиески.
СЕ КАЗНУВА ЗА:
-Фрлање градежен шут на јавна површина;
-Фрлање и оставање хартија, догорчиња, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци, освен на местата определени за тоа;
-Оставање стари предмети од домаќинство покрај контејнери за смет, освен на места определени од општината;
-Палење, закопување и уништување смет;
-Оставање фекални отпадоци од домашни животни миленици и мртви животни, живина и птици во контејнерите за смет;
-Колење кокошки и друга живина и животни на јавни површини;
-Испуштање отпадни води и други течности од дворните места и објекти;
-Истурање течности во корпите за отпад, на улица, во канали, реки и езера;
-Миење возила и камп приколки на јавни површини;
-Сечење, складирање, цепење дрва и јаглен на јавна површина;
-Паркирање возила на растојание до 10 метри од контејнер и други садови за смет;
-Оставање запрежни коли, трактори, земјоделски алатки и машини на јавна површина;
-Чување и напасување крупен добиток и живина на јавна површина;
-Продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи на јавна површина;
-Превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубриво, сено, отпад без да се покриени со капак;
-Поправање, сервисирање на возила и вршење разни занаетчиски работи на јавни површини;
-Оставање нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки на јавни површини;
-Мешање бетон, малтер, освен на места определени од општината;
-Растурање смет од вреќи, контејнери и други садови за ѓубре;
-Фрлање ѓубре од кој било кат од станбена зграда или од куќа во двор;
-Фрлање или оставање смет до контејнер и до други садови за ѓубре;
-Поставување садови за смет и контејнери надвор од определеното место;
-Палење и уништување на садовите за смет;
-Уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта);
-Лепење плакати на кое било јавно место;
-Вршење физиолошки потреби на јавни места.
Физичките лица за овие прекршоци ќе бидат казнети со глоба од 50 евра. Правните лица со казна од 3.000-4000 евра ако фрлаат градежен шут на јавна површина. Казна од 1.000 до 2.000 евра за правни лица е предвидена ако: фрлаат стари предмети од домаќинство покрај контејнери, измет од миленичиња и домашни животни, сечат и складираат дрва и јаглен на јавни површини, испуштаат отпадни води и течности од дворните места, паркираат, мијат и поправаат возила, приколки и камп приколки на јавни места, ако произведуваат јаглен и печат вар и ако складираат градежен материјал на јавна површина без дозвола.
Правните лица ќе бидат казнети со глоба од 2.000 до 3.000 евра ако не постават во објектите исправни санитарни јазли, ако во нив нема тоалетна хартија. Казната за одговорните лица во јавните установи кои ќе ги прекршат прописите од овој закон се движат од 500 до 1.000 евра.
 
у центар у близина на плоштадот има една и единствена фантана за пиење вода дури карши градска болница.... да му текнеше на коцка да направи барем уште една поблиску до плоштад не ке беше лошо. да сакам да се напијам вода немам каде да му е*ам матер. на плоштад имаше порано една ја снема. имаше фонтана кај чичко стоило и ебаа матер ја снема и неа... да не се чудам ако ја снема и онаа кај градска болница а?
 
А како ви се свиѓаат новите клупи поставени на Партизанска со модерен лик? :D

Кај таа едната сега се наоѓа М.А. Ченто. :D А таа кај градска болница мислам дека сега е исклучена заради тоа што е зима. Ама не сум сигурен.:unsure:
 
А како ви се свиѓаат новите клупи поставени на Партизанска со модерен лик? :D

Кога видов дека темата е фокусирана на клупите, ми текна баш на футуристичките во Карпош. Катастрофа се... :)
 
Покрај клупи ни треба нешто што секој би сакал да го има во секоја општина.Кога веќе има казни ,нека има и соодветно место да не уринираме насекаде.

Јавен тоалет (ова е во Барселона)
2861182149i4e5510e347_4034.jpg

ad_public_toilet.jpg

transparenttoilet05.jpg

и уште нешто:)
Јапонците можат на карта на мобилниот да ги најдат сите јавни тоалети во градот .Таков додаток кон мобилните телефони разработила јап.компанија Access Co. Во програмата која се нарекува Check A Toilet, се наоѓаат сите јавни тоалети во Токио и во останатите градови
 
Ама во Јапонија. :D Додека да дојде тоа кај нас ќе минат 41564654 години! xD
 
колку си само во право(y) треба да има -

а дали во позадина примети контејнери за селекција на отпадот?!
кај нас исто така има поставено, но ретко кој ги селектира-
инаку -информативно само

Точно е дека има и поставени контејнети за селекција но тука не е крива општината ,тоа се остава на свеста на народот да знае како да ги користи,секој гледа да го исфрли ѓубрето но ретко кој го двои.
 
Точно е дека има и поставени контејнети за селекција но тука не е крива општината ,тоа се остава на свеста на народот да знае како да ги користи,секој гледа да го исфрли ѓубрето но ретко кој го двои.
дааааа, тоа го велам и јас

Пази, дури и бугарите отидоа понапред од нас( што не е ни за верување- ама жива вистина е- за жал)- покрај горе споменатите контејнери кај нив има ПЛУС и за облека

orig_245521_bg.jpg
 
Ама во Јапонија. :D Додека да дојде тоа кај нас ќе минат 41564654 години! xD
-и не само тоа.70“ите години дојдоа неколку Јапонци во Железара
демек да ја оправат работата кај што треба и колку треба. Нешто
во технологијата успеава ама ние бре прави коњи, отиди на јадење
и легни во парковите на тревата надвор.Тие сами на линија во погон.
Видоа што видоа се собраа и си отидова,повеќе не стапнава овде.
 
Јапонците можат на карта на мобилниот да ги најдат сите јавни тоалети во градот .Таков додаток кон мобилните телефони разработила јап.компанија Access Co. Во програмата која се нарекува Check A Toilet, се наоѓаат сите јавни тоалети во Токио и во останатите градови

Сепак Токио е голем град во споредба со Скопје таму е потреба да се има мапа,кај нас ќе се знае кој каде би бил.Но зашто да не имаме млади дечки информатичари има андроид мобилни телефони,може и овде да се направи некоја мапа и овде нека се докажуваат :) А потреба е и градов ако сака да биде метропола без овие работи не смее да се замисли.
 
Ама во Јапонија. :D Додека да дојде тоа кај нас ќе минат 41564654 години! xD
ако де, што ако е Јапонија- :P .....
неееее, нема потреба за такво нешто кај нас- презадоволни ќе бидат ѓраѓаните доколку има поставено јавни тоалети насекаде за да можат на раат да си ги извршат своите физиолошки потреби кои незнаат за чекање- или -или-в гаќи
па наместо да бараат влезови, подруми, грмушки поарно да ги обезбеди градот
крај крајеви- ако несакаат да постават јавни WC-а тогаш нек набават 2.000.000 тоалет актовки:pos:па сеа нек си прорачунаат што повеќе им се исплаќа, оти ние ко народ сме големи гурмани- пиеме, јадеме .... па мора и да се испразнеме;) -ПОТРЕБА де

toilet.jpg
 
Ако се направат јавни тоалети, како ќе ги казнуваат после луѓе на кој им дошло "тесно" па се "олесниле" некаде на отворено? :D
 
само не дај Бог па да им текне вакви ко у Амстердам да изнаставаат:pos:
уствари женските одма ќе кренат глас-ќе се побунат за дискриминација

1205725060v22in6p.jpg
 
само не дај Бог па да им текне вакви ко у Амстердам да изнаставаат:pos:
уствари женските одма ќе кренат глас-ќе се побунат за дискриминација

1205725060v22in6p.jpg

Јас ќе се бунам прв, затоа што вака во јавност не би можел да се олеснам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom