Тетката која секој ден со инвалидската количка иде да си го земе синчето од школо! Чека пред врата заедно со сите нас нормалните, но никој не и зборува!Децата се плашат од неа, зашто чудно ја врти главата и постојано трепка со очите.
Се вика Марија. Малиот, Хозе, доаѓа, се качува на една мала скаличка позади на количката, става мала кацига и заедно си заминуваат!
Марија и Хозе ме инспирираат!
Баба. Да, баба! Почина во 4ти стадиум на рак, со насмвка велејќи дека е добро, не сака и среќна е што не има!
Моите!
Дишам за да ги гушнам пак! Да пијам кафе со тато додека читаме
Утрински и да зобам леблебија додека гледам некоја кулинарска емисија со мама!
Малото!
Никој на светов не ми поважен од неа! Дада е инспирација за малото, малото за дада! Нераскинлива врска!
Големи умови, бркачи на соништа, ловци на амбиции!
Филипе Петит
Драгите мои луѓе, кои се тука за партија пиво, кафе на изгрејсонце, филм на дождливо попладне, сладолед на -5!
Тука се да ми дадат вештачко дишење кога се давам во солзи и гушам во плач!
Е сега ме инспирираат и стварчиња како дожд, ветар, зајдисонца и изгрејсонца, паднати лисја, клупа во парк, балончиња со хелиум, мали човечиња низ парк, дрва, цветови, вљубени двојки и многу такви рандом катадневни животни моменти!
Ама овие горенаведениве плус одразот што секој ден се џари во мене од огледалото ми се животно гориво! Без нив ќе го заебам моторот. А без моторот ни напред ни назад. Енд дет сакс.
Толку:salut: