Инспирација на вашите теми на форумов

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па добро Супстанција на универзумот материја или свесност за тема добив инспирација од квантната физика. Асиметрија во симетријата на животот е лично моја тема произлезена од чисто набљудување на некои работи. Потоа имам теми кои што ми се имаат случувано секојдневно и за кои мислам дека треба да се отвори тема и Гавазова VS Житарова ми е инспирација од Пантера VS Блек Сабат :icon_lol:. А вашите?
 
Воодушевена сум. :pipi: Многу импресивен став и инспиративен тематски иницијал. Во овој случај импрегнација на физика и метафизика на конспиративен и недвосмислено конфузен начин психоаналитички гледано како сублимат на две бои би се манифестирало како илузионизам. Одлично ! :nesvest:
 
Во стилот на темата...

„Мојот когнитивно-креативен процес, при креирањето на темите е базиран врз длабоко когнитивната инспирација, која јас ја добивам, гледајќи ги асиметричните девијации на македонското општество пред се, потоа како инспирација за креативноста се про-западните погледи кон животот измешани со филозофијата на источната мистика, пред се на Будизмот како нишка на мудроста која креира радост во најдлабоките фибери на мојата егзистенција како интелектуалец во назадно општество на примитивни интерперсонални односи на Балканот.

Особената наклоност кон механиката, уметноста и интраперсоналната наклоност, ме прави склон кон креирање на идеи за нови механички и логички направи, а мојата професионална определба во информатичките науки, сето тоа го сублимира на начин што логичките процеси се основа на моите т.н. нацрти на идејните решенија, додека уметничкиот (просторната интелегенција и природниот талент за фини уметности) дава на секое мое дело, дали тоа да е пишано или од фините уметности, една нова димензија каде што и убавината е ставена во перспектива, така што секој тоа дело би го разбрал и би го доживеал емотивно
.“

Ете така,...
 
Воодушевена сум. :pipi: Многу импресивен став и инспиративен тематски иницијал. Во овој случај импрегнација на физика и метафизика на конспиративен и недвосмислено конфузен начин психоаналитички гледано како сублимат на две бои би се манифестирало како илузионизам. Одлично ! :nesvest:
Сепак требало да се стави тема од кај ги добивате инспирациите за вашите постови. :)
Инаку сублимација би била можна само на кохерентни размислувања , а во случајов од полето на физиката
и од полето на филозофијата(метафизиката у најголем дел).
Нема никаква илузија у ова , ја би го нарекол контемплација.
 
Работа од дома - бидејќи имам некое искуство со работа од дома, и за фирма и на нешто што јас си го започнав
Top Gear - бидејќи редовно ги пратам момците и видов дека немаше претходно таква тема на Кајгана, па сакав да споделиме мислења
Prekuokean.info - размислував да ги контактирам и да аплицирам за работа преку нив, но претходно сакав да се распрашам дали имал некој искуство со таа фирма
За новиот закон за пиратерија и лиценцирање - налетав на веста на Точка, дефинитивно се препознав а верувам и многу други како мене, па да ја споделам и да дискутираме

Ете...нема потреба од тупење
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom