Во стилот на темата...
„Мојот когнитивно-креативен процес, при креирањето на темите е базиран врз длабоко когнитивната инспирација, која јас ја добивам, гледајќи ги асиметричните девијации на македонското општество пред се, потоа како инспирација за креативноста се про-западните погледи кон животот измешани со филозофијата на источната мистика, пред се на Будизмот како нишка на мудроста која креира радост во најдлабоките фибери на мојата егзистенција како интелектуалец во назадно општество на примитивни интерперсонални односи на Балканот.
Особената наклоност кон механиката, уметноста и интраперсоналната наклоност, ме прави склон кон креирање на идеи за нови механички и логички направи, а мојата професионална определба во информатичките науки, сето тоа го сублимира на начин што логичките процеси се основа на моите т.н. нацрти на идејните решенија, додека уметничкиот (просторната интелегенција и природниот талент за фини уметности) дава на секое мое дело, дали тоа да е пишано или од фините уметности, една нова димензија каде што и убавината е ставена во перспектива, така што секој тоа дело би го разбрал и би го доживеал емотивно.“
Ете така,...