Индија почна да не’ ословува како Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Arch Enemy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 август 2007
Мислења
295
Поени од реакции
8
Индија ќе го користи уставното име на Македонија

Педерите Конго, ние Индија :baeh:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99216

Република Индија, почнувајќи од овој месец, го користи уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација меѓу двете земји. Ова денеска го соопшти Министерството за надворешни работи , кое информира дека за Индија за својата одлука го известила македонското МНР на шести овој месец.
„И покрај острото противење и силните притисоци од страна на официјални грчки претставници во обид да ја спречат оваа одлука на индиските власти, со огромни дипломатски напори Македонија успеа да се издејствува регистрација на македонската Амбасада со уставното име на државата“, се наведува во соопштението на МНР.
За позитивното поместување на ставот на индиската Влада во поглед на употребата на уставното име, сведочи и писмото кое завчера го испрати претседателката на Индија, Пратиба Девисинг Патил, со кое назначува почесен конзул на Индија во Македонија.
Индија и Македонија воспоставија дипломатски односи во февруари 1996 година под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Оттогаш, во билатералната кореспонденција индиските власти ни се обраќаа со користењето на референцата.
Во јануари 2008 година, Владата на Република Македонија донесе одлука за отворање на Амбасада во Њу Делхи со цел да се интензивира политичката и економската соработка со Индија
 
Индија не’ ословува со Република Македонија

Една од највлијателните азиски држави, Република Индија, почнувајќи од овој месец, го користи уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација меѓу двете земји.
Како што соопштуваат од МНР, на 6 овој месец, индиската Влада со нота го информирала министерството за надворешни работи на Македонија дека новоотворената македонска Амбасада во Њу Делхи е регистрирана во државниот дипломатски протокол на оваа земја под уставното име, а не со референцата Поранешна Југословенска Република Македонија.
“Со тоа беа закружени двегодишните активни контакти со претставниците на индиското Министерство за надворешни работи кои за крајна цел имаа поместување на позицијата на Индија во однос на употребата на името на Република Македонија во билатералната комуникација“, истакнуваат во соопштението од МНР.
Индија и Македонија воспоставија дипломатски односи во февруари 1996 година со привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Оттогаш, во билатералната кореспонденција индиските власти ни се обраќаа со користењето на референцата. Во јануари 2008 година, Владата на Македонија донесе одлука за отворање на Амбасада во Њу Делхи со цел да се интензивира политичката и економската соработка со Индија.
Амбасадата на Република Македонија во Њу Делхи е отворена на седми октомври, а за шеф на ова дипломатско претставништво е номиниран амбасадорот Петар Јовановски, дипломат од кариера.
За позитивното поместување на ставот на индиската Влада во поглед на употребата на уставното име на Македонија, сведочи и писмото кое завчера го испратила претседателката на Индија, Пратиба Девисинг Патил, со кое назначува почесен конзул на Република Индија во нашата земја. Во писмото, како и во нотата од Амбасадата на Индија во Софија, се користи уставното име на Република Македонија.




Ај нека ни е честито. За втората земја во светот по популација - Индија сме Македонија - без разни епитети.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=42597&kategorija=1
 
Мислам дека со ова го маргинализиравме успехот на Грците со Мексико и Конго.

Мексико не е баш никој и Конго во Африка е поважна земја но во глобала Индија е многу многу поважна од другите две.

Иначе треба поважните земји да ги убедиме да не признат како што се членките на ЕУ.
 
Значи не спиеле нашите како што викаја некои...:toe:
 
e4c9_1_b.JPG


знакот во средина ми е многу интересен!
 
Кина,Индија,Русија,САД и уште 120 земји кои сочинуваат сигурно околу 90 % од светската популација немаат проблем со нашето име.Педофилите од ЕУ имаат проблем со нашето име.
И нашиве изроди после ова да менат име...:nenene:
 
Epten mi e keif za Indija :smir:. Milijarda lugje, znaci sepak diplomatijava nesto rabotela.
 
Голем поздрав до нашиот некогашен(пред 2300години)сосед.

Браво,бе!
 
Ѓупците ако не не признаат...кој друг :tv:

Браво!
 
Toa deka gi stavivme nivnite sobrakja romite vo ustavot, kako narod.


Гаро... честито бе :smir:


Него мене не ми се мести у глаа оти никој не лобирал кај евреите во Израел да не признаат!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom