Мене ме изненади (читај “ме насмеа“) тоа “ортак немој, ортак на страна, ортак не ортак“ наместо да ги одвои.
Интересно би било и ДПА да излезе од собранието. Затоа што вистинските дела ќе си го покажат лицето. И ќе нема кој да и ја попречува работата при “успешното“ водење на државата преку донесувањето на законите, менувањето на уставот или пак носењето на буџетот.
А пак од друга страна не знам како албанците можат да гласаат за ваква идиотска партија како ДУИ (демоктатска унија на идиотите). Како што сеуште не можам да разберам како можат ромите да гласаат за Амди пијаницата. Многу прашања, а одговори нема.
Во врска со тепачкава. Цело време сакаат да ги задоволат потребите на албанците, наместо на целокупното население кое живее во Македонија. Како на пример, нашата демохристијанска партија, која дојде на власт со помош на разни далавери се грижи односно не се грижи за целото население. Социјалдемократите кога беа на власт исто (се грижеа односно не се грижеа), но тогаш во коалиција имаа интелектуално тело.
Треба своите насоки да ги упатат и кон исток малку, а не само, Тетово, Гостивар или Дебар и Струга....тука може да се воочи причината- желба за власт, моќ и пари.
Слушав дел од разговорот “добро е тоа затоа што е блиску до границата со Косово“! Нешто што би требало да се изгради, но не слушнав добро што. Дали ова не е идиотизам?
И за крај. Екс министерот, (и екс терорист), сега пратеник и член на терористичката ДУИ, “добро“ се тепа. Знае да удри, но не и да се затвори, затоа попи и неколку бокса. Мала забелешка.........
