Имате проблеми со вашиот iDevice? (iPhone, iPad, iPod....)

  • Креатор на темата Креатор на темата flopo
  • Време на започнување Време на започнување
Имам Ipod touch, ми се чини 3 генерација, не е користен многу, ама никако неможам на фејсбук да се уклучам. Се друго отвара без проблем, само фејсбукот ке го уклучи 2-3 секунди и го снемува. :tapp:

П.С. Ако може некој што се разбира да каже цена за откуп, пошто се мислам да го продавам и онака не го користам.
 
крале, ќе те мрзи на кратко да ми објасниш која е разликата кај гивеј и икс-сим кај ајфониве? Знам за „неверлок“, па ме интересира споредба на претходните две со неверлок, која е разликата и ограниченоста? Дали во поглед на апдејти, користење и слично? Благодарам однапред.

Gevey се за iPhone 4 (сите верзии кои имаат baseband до 04.10.08)
Xsim се за iPhone 4S и 5

Gevey работат на сите картички - нема некои нус појави негативни - значи стабилни се на мрежа, има 3Г, се е тоа супер - само што при апдејтување на iOS може да се крене несакајќи baseband–от и со тоа гивејот веќе никогаш да не работи. Но, ако се знае што се прави, или се носи во сервис за апдејт, нема никаков проблем.

XSIM засега работат на сите верзии, на сите телефони, значи може слободно да се прави апдејт и се останато.

XSIM не работат на T-mobile MK.
 
Xsim се за iPhone 4S и 5
Xsim е верзија на iPhone или некое уредче што се вградува кај „сим“-от?

Викаш не работат на T-Mobile, во случај да донесеш од страна iPhone и да го користиш со Xsim на Т-Mobile MK?

Инаку фала за одгворите погоре, многу корисно.
 
Xsim е чип којшто се става под Сим картицата.

За жал, xsim-овите не функционираат со сим картиците на Т-мобиле - што значи странските ајфони декодирани на овој начин, можат да работат само со ВИП и ОНЕ.

Инаку уште една предност на xsim пред gevey е што xsim-от се активира само еднаш (првиот пат), додека gevey се активира секој пат кога се вклучува телефонот.
 
Unlock na iPhone 4, заклучен на Т-Мобиле , верзија 6.1.3, Modem Firmware 04.12.05 ??
 
Знае некој како може да се гледаај сите клипчиња од YouTube на iPhone4 пошо не секое второ ми вика playback error :/
 
Веќе 3-4 дена, никако неможам да се конектирам на wifi дома, а порано си беше се во ред.
Ве молам кажете некое чаре:(
A
Iphone 4s имам инаку!!!
Само да не треба пари да давам за вифито, не ми се даваат пари дополнително.
 
Како тоа да даваш пари за WiFi?!

Напрај си reset network settings на ајфонот.
 
Познаник кој е лаик ми вика расипано ти е wifi-то, треба да го носиш на сервис. Нмв празни муабети.
Инаку напраиив тоа, го прочитав на нет некаде, ништо, џабе исто.
Вака до сега никогаш не било, прв пат ми се случува.
 
Дали вифито можеш да го уклучуваш он/офф?
Дали наоѓа мрежи (ги покажува дека постојат)?
 
Дали вифито можеш да го уклучуваш он/офф?
Дали наоѓа мрежи (ги покажува дека постојат)?
Можам он/оф да му праам, и цело време бара мрежи, врти кругчето и ништо, со саати, денови.
Не појавува никој мрежа, бара, и не вика дека нема, но ни дека има.
Пробав со other network, си пишав јусзернејм, пас точен, и тоа сите можни комбинации на WEP, WPA etc. ги испробав, жабе несака вика нема таква мрежа.
Мислам од средината на претходната недела е вака, порано се си беше во ред.
Со reset network settings ништо не постигнав, исто е џабе.
 
Можам он/оф да му праам, и цело време бара мрежи, врти кругчето и ништо, со саати, денови.
Мислам од средината на претходната недела е вака, порано се си беше во ред.
Со reset network settings ништо не постигнав, исто е џабе.

Можеш да се конектираш со друг мобилен или лаптоп?
 
Д
Можеш да се конектираш со друг мобилен или лаптоп?
Да мајка ми си сто пати послаб телефон е конектирана, и на лаптопот си има супер конекција, само јас неможам:(
 
Д
Да мајка ми си сто пати послаб телефон е конектирана, и на лаптопот си има супер конекција, само јас неможам:(

Си чепкал нешто во Cydia на ајфонот? И дали си на iOS 5 или 6?
Напрај му рестарт на рутерот.
 
Немам сидија:(
Немам ништо чепкано, зашто не се разбирам и несакам да напраам бетер.
Ќе ми напраам па ќе пишам.
iOS5 уште го немам апгрејдирано на х-сим сум незнам дали има можност за iOS6, не дека ми треба но ако има ќе го носам да ми го средат.

Женско сум иначе:)

П.С ништо, го извадив од штекер рутерот, модемот, не сака исто пак,Choose Network врти само ретардираното:(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom