Имате 156 секунди

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Им собра 25.000 евра роба...И нормално дека никој нема да се фати за машина за перење или фрижидер, срањево е тешко нема да можеш да го однесеш. Ќе се награбиш неколку телевизори, лаптопи и смарт телефони како овој и да те виде господ. По едно од сите овие да задржиш за тебе и другите да ги продадеш повторно си ќар 10-15 илјади евра.... Знам, си направив филм бидејќи ова кај нас никогаш нема да се случи.

ПС: Сега се сетив, имаше пред неколку години на една локална Струмичка телевизија секоја недела емисија и вака те пуштаат во маркет да грабаш што сакаш и колку сакаш, ама проблемот беше дека те пуштаа во маркет за храна а не во Техномаркет, Нептун, АМЦ и остало. Таму ако влезеш знаат дека ќе ги исушиш. :)
 
Влагаш со џиновски магнет и лепиш све :р
мислиш:лопати,вили,мотики,копачи,дикели,секири,гребуљи,
за на дедовината да ти се најде.
 
Абе имаше вакво и во Македонија, на Тркало на Среќата..те пуштаат 30 секунди и бираш што сакаш :D
Што мислите вие, ние нафта пиеме ? Па еве и кај нас имаше, овие сигурно од овде виделе :D
 
Абе не трескајте глупости, ги одрал 20 и неколку илјади евра, WOW што е тоа за Saturn???
Иначе браво за Мековите, паметен дечко, ако знаеш што ти треба и каде се наоѓа и авионски хангар да му стават исто ќе земешe
 
интересно,изгледа дечково знае што е Apple и секакви смартфони и на крај зошто бре го зема Фрижидер и тоа црвена боја поарно ќе земеш монитор си iPS панел 24 инч ќе завршеше работа ех ех камо на мене да ми се паднеше има да направам партал и таман сум извежбан по теретани :vozbud::vozbud::)
 
Луѓе нели пред 10тина години ова го имаше кај нас на бингото, те пуштаат во СП маркет и да ја наполниш јакната и џебовите со што сакаш?
 
Кај нас те пуштаат во China Shop и полниш џебот со албуми, папучи, тефтерчиња, те оставаат пола саат, крајна сметка 100ка трошок си им направил..
 
im-so-fucking-jelly.jpg
 
Да пуштеа Албанци,продавачите ќе ги собереа,после тоа на Косово и ремонт.

:)
 
Јас да бев на негово место, поинаку ќе играв. Наместо да трчам навам/натам, од крај до крај по пет пати, ставаш 2-3 плазми на средина хоризонтално и редиш над кутијата други ствари нагоре, од поголемо кон помало, што ќе рече, китиш како новогодишна елка. И после буткаш плазмата по под како послужавник кон целта. :)

Енивеј, нека му е аирлија собраното. :)
 
доста ќе ми бидат и 155 секунди (y)
 
Имаше бе и овде едно такво шоу, не се сеќавам добро мислам дека баше на "супер бинго" и за 1 минута шо ќе земе од некој маркет. Ама тој маркетот само за прехрана беше и мислам дека тогашниот шампион ги ограби околу 2500 денари... а ние сите дома седевме и навивавме: земи го цревото со врат, остави мартаделата, глуп еден.... оди во чајните, батали чоколадите од 50 денари....барај ги вината-остај бомбоњерите...
Е шо убо навивавме тогаш, ако продолжеа со истата игра, како што бев напален навивач, до сега сигурно ќе имав исштапмано маица со потпис- ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО.
 
И јас се пријавив за ова во Сатурн само не ме избраа имаше да му расплакам мајката на Епл рафтот после ќе продавав по Ибеј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom