Gledam go podrzuvas sajtot Makedonium, probaj i da procitas nesto sto tamu e napisano, kako na primer kako i od strana na kogo e ubien Gjorce Petrov !!
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=48&tid=167
Убиството на Ѓорче Петров
...Вооружените пресметки во тој правец ВМРО ги започнала во почетокот на 20-тите години на минатиот век, веднаш по нејзиното возобновување.На 28 јуни 1921 година
бил убиен македонскиот револуционер и еден од идеолозите на ТМОРО, Горче Петров.512 Атентатот бил извршен од страна на извесниот Реџеп, Турчин по националност, инаку припадник на
десно ориентираната ВМРО. Според една верзија, Тодор Александров,513 водачот на ВМРО, лично го повикал кај себе терористот Реџеп и му наложил да го убие Ѓорче Петров, на што атентаторот се согласил. Александров во времето на убиството не сакал да се наоѓа во Софија и за таа цел еден ден пред атентатот, тој отпатувал од градот. На денот на убиството Горче Петров по излегувањето од работа свратил во кафеаната на Иван Бандев, која се наоѓала на улицата "Егзарх Јосиф"во Софија. Таму тој пиел ракија со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО, којшто веројатно не знаел за
наредбата на Тодор Александров. Реџеп влегол во кафеаната и останал да пие пиво. Откако Ѓорче Петров ја напуштил кафеаната околу 7 и 30 часот, тргнал дома, при што терористот го следел и пред портата на неговата куќа, на улицата Тробарска", го убил. По извршеното убиство полицијата не можела да го пронајде Реџеп, бидејќи атентаторот се криел во станот на водачот на ВМРО, Тодор Александров. Откако утредента излегле натписите во софиските весници за убиството на Ѓорче Петров, терористот почнал да покажува поголема нервоза и почнал да покажува желба да излезе од станот, по што Тодор Александров испратил еден четник да го доведе кај него. Неколку дена после тоа од страна на терористи на ВМРО бил однесен надвор од градот и бил сурово егзекутиран...
Znaci eve kako dejstvuva desno orientiranata VMRO na Aleksandrov.
Ja sum za velicanje na Delcev, Gjorce Petrov, Sandanski i Cento... ti za kogosi?