Има ли пилоти на форумот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Конкретен а што викаш за ова:

Дневник напиша:
НОВА СКАПА ИГРАЧКА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ БОГАТАШИ
„Икон А5“ - авион за викенд-пилоти
Леталото го движи мотор „ротакс 912 УЛС“ со јачина од 100 коњски сили, а во идеални услови може да развие максимална брзина до 200 километри на час
A95C68534203AE4387CB2095A0DE8CCB.jpg

Крилата на ултралесниот авион се превиткуваат и тој се чува во гаража наменета за семејните автомобили, а по потреба се закачува на приколка со која се пренесува до местото за полетување
Во Калифорнија во минатиот месец беше претставен „икон А5“, мал авион наменет за викенд-пилотите, кој медиумите веднаш го оквалификуваа како нова скапа играчка за американските богаташи.„Икон А5“ е двосед, кој на пазарот треба да излезе во 2010 година, а за основниот модел идните сопственици ќе мора да платат цена од 139.000 долари. Дизајнерите велат дека развиваат два модела на авионот. Едниот е со тркала, кој би се спуштал на тврда почва, а другиот е амфибија, која може лесно да се спушти на вода.

ПОКРАТКА ОБУКА, ПОВЕЌЕ ЗАБАВА

- „Икон А5“ е авион наменет за викенд-пилотите. Практично е авион за забава. Ги искористивме измените во федералните регулативи според кои се доделуваат дозволите за пилоти. „А5“ е премногу мал и дизајниран е за луѓе што имаат само основни познавања од летањето. Поради тоа влегува во категоријата лесни спортски авиони, за чие управување е потребна далеку помала обука и помалку часови летање, за разлика од онаа што треба да се помине за стекнување комерцијална дозвола - изјави Кирк Хокинс, раководител на проектот„Икон“и главен инженер на авионот. Крилата на ултралесниот авион се превиткуваат и тој се чува во гаража што е наменета за семејните автомобили. По потреба се закачува на приколка и може да се пренесе до рамен простор или до езеро, од каде што се полетува.Леталото го движи мотор „ротакс 912 УЛС“ со јачина од 100 коњски сили, а во идеални услови може да развие максимална брзина до 200 километри на час. Авионот користи регуларно безоловно гориво што се продава на бензинските пумпи, но остава можност и за оние што сакаат дополнителна моќ, во резервоарот да се додаде и извесно количество керозин. Оваа мешавина му овозможува на авионот да развие брзина поголема од таа што е наведена во техничките спецификации.Бидејќи е наменет за викенд-пилотите, кои немаат искуство во летање, „Икон А5“ има вграден падобран што автоматски се активира во случај на опасност. Падобранот потоа безбедно го спушта ултралесниот авион на каков и да е терен.

4A28727D9E068D41A4F4884C96DFA5E9.jpg

АВТОМОБИЛ СО КРИЛА

Хокинс наведува дека „Икон А5“ е практично автомобил со крила. Го дизајниравме на таков начин за да испратиме порака до купувачите дека авионите не се она што беа и дека небесните ширининема уште долго да останат привилегија за професионалните пилоти - истакна креаторот на леталото.Инженерот додаде дека стратегијата за популаризација на леталото ќе биде многу слична со онаа што ја користат маркетинг-експертите во автомобилската индустрија. Главната насоките што ја добивме пред да го почнеме проектот беше дека нашиот авион, освен што ќе мора да биде практичен, треба да има убав дизајн и да биде привлечен за потенцијалните купувачи - истакна Хокинс.Кокпитот на „А5“ речиси и не се разликува од таблата во спортските автомобили, а глатките линии му даваат аеродинамичен изглед на леталото. Инженерите на проектот „Икон“ истакнуваат дека нивна цел било „А5“ да личи на спортски автомобил. Иако прототипот на авионот беше претставен во минатиот месец, Хокинс наведува дека моделот дополнително ќе се усовршува.Работиме и на двете верзии. Моделот амфибија најверојатно ќе добие крила што автоматски ќе се склопуваат како подвижните покриви на автомобилите - додаде главниот инженер.
1350DA1B6DAD6846935E0809516CC5E5.jpg

Кокпитот на „А5“ речиси и не се разликува од таблата во спортските автомобили
 
MARKETING ZAEBANCIJA...za sobiranje na pari od naivni investitori. Sednuvas pravis vakva web kompanija so eden dva prototipa, lansiras kampanja, sobiras PRETPLATI za mesto na listata na cekanje i CEKAS 2012 godina "avionceto" da dobie typ certifikat.
Videna rabota...James Bede...toa vo modernive vreminja PRV.. go napravi so svojot BD-5 :)
1b.jpg

Vo momentov tecat nekolku takvi kampanji, nekoi duri i vo Rusija :)
Avionot nema veza od aerodinamicen i strukturalen aspekt......:)
Ako veke praime muabet za slicna letaska...gi ima nekolku veke realni i duplo poevtini...
slovackiot Merimad na SAW:
mermaid_grass_landing_big.jpg

water_landing.jpg

panel.jpg

spanskiot lsa:
pic_01_f.jpg

swedskiot seamax:
0JB_0187Mid.jpg
DSCN0669_l.jpg

itn...itn....
 
nova "EFTINA" igracka......samo 35.500 evra so Rotax 582
...........tolku bi dosol parkiran na SKP:
691611panel3.jpg

273692ute2322.jpg


:) :)
 
Мојата неостварена желба за пилот. Јас ко мал сакав и уште сакам да бидам пилот. Кога завршив средно, котактирав со пилотската академија во вршац. Тогаш цената беше 50 000 ДМ без смештај за 4 години. Моите кретени не ме пуштија, А трагедијата да е поголема, тогаш започнаа да прават куќа(за мене) друга. Незнам што се не направив да не ја прават куќата да ми ги дадат парите за Вршац. Дури и штрајк со глад праев :toe:.... Ден денес се возбудувам кога одам на аеродром, и кога видам авион...
 
ја сум роден пилот а имам и предиспозиции за тоа само ме зезнаа како мал не ми купија авион и нисто ми пропадна сеа сонот:vozbud:
 
Абе пилоти, нешто што одамна ме интересирало, зошто изгледа дека елисите вртат во обратен правец кога ќе постигнат забрзување?
 
Прашање до пилотите од еден падобранец: колку пари е еден канадер? :icon_lol:
 
Абе пилоти, нешто што одамна ме интересирало, зошто изгледа дека елисите вртат во обратен правец кога ќе постигнат забрзување?

Заради спориот процесор во човечкиот мозок, и неможноста на окото толку брзо да ја процесира сликата, и ти уствари го поместуваш моментот кога ја гледаш друг пат елисата.
 
1.а на Пилотската академија во Скопје, скоро мислам дека ја рекламираа, каков тип на авиони се учи да се летаат?


2. Каде најблиско до Македонија (или пак веќе има) може да учиш за возење на Боинг 737 и сл. патнички авиони?
 
1.а на Пилотската академија во Скопје, скоро мислам дека ја рекламираа, каков тип на авиони се учи да се летаат?


2. Каде најблиско до Македонија (или пак веќе има) може да учиш за возење на Боинг 737 и сл. патнички авиони?


На Пилотската Академија во Скопје се учи на Цесна 172 можеш да ја видиш на мојот аватар. А да стигнеш до Б737 имаш многу за учење ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom