Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Конкретен а што викаш за ова:
Дневник напиша:НОВА СКАПА ИГРАЧКА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ БОГАТАШИ
„Икон А5“ - авион за викенд-пилоти
Леталото го движи мотор „ротакс 912 УЛС“ со јачина од 100 коњски сили, а во идеални услови може да развие максимална брзина до 200 километри на час
Крилата на ултралесниот авион се превиткуваат и тој се чува во гаража наменета за семејните автомобили, а по потреба се закачува на приколка со која се пренесува до местото за полетување
Во Калифорнија во минатиот месец беше претставен „икон А5“, мал авион наменет за викенд-пилотите, кој медиумите веднаш го оквалификуваа како нова скапа играчка за американските богаташи.„Икон А5“ е двосед, кој на пазарот треба да излезе во 2010 година, а за основниот модел идните сопственици ќе мора да платат цена од 139.000 долари. Дизајнерите велат дека развиваат два модела на авионот. Едниот е со тркала, кој би се спуштал на тврда почва, а другиот е амфибија, која може лесно да се спушти на вода.
ПОКРАТКА ОБУКА, ПОВЕЌЕ ЗАБАВА
- „Икон А5“ е авион наменет за викенд-пилотите. Практично е авион за забава. Ги искористивме измените во федералните регулативи според кои се доделуваат дозволите за пилоти. „А5“ е премногу мал и дизајниран е за луѓе што имаат само основни познавања од летањето. Поради тоа влегува во категоријата лесни спортски авиони, за чие управување е потребна далеку помала обука и помалку часови летање, за разлика од онаа што треба да се помине за стекнување комерцијална дозвола - изјави Кирк Хокинс, раководител на проектот„Икон“и главен инженер на авионот. Крилата на ултралесниот авион се превиткуваат и тој се чува во гаража што е наменета за семејните автомобили. По потреба се закачува на приколка и може да се пренесе до рамен простор или до езеро, од каде што се полетува.Леталото го движи мотор „ротакс 912 УЛС“ со јачина од 100 коњски сили, а во идеални услови може да развие максимална брзина до 200 километри на час. Авионот користи регуларно безоловно гориво што се продава на бензинските пумпи, но остава можност и за оние што сакаат дополнителна моќ, во резервоарот да се додаде и извесно количество керозин. Оваа мешавина му овозможува на авионот да развие брзина поголема од таа што е наведена во техничките спецификации.Бидејќи е наменет за викенд-пилотите, кои немаат искуство во летање, „Икон А5“ има вграден падобран што автоматски се активира во случај на опасност. Падобранот потоа безбедно го спушта ултралесниот авион на каков и да е терен.
АВТОМОБИЛ СО КРИЛА
Хокинс наведува дека „Икон А5“ е практично автомобил со крила. Го дизајниравме на таков начин за да испратиме порака до купувачите дека авионите не се она што беа и дека небесните ширининема уште долго да останат привилегија за професионалните пилоти - истакна креаторот на леталото.Инженерот додаде дека стратегијата за популаризација на леталото ќе биде многу слична со онаа што ја користат маркетинг-експертите во автомобилската индустрија. Главната насоките што ја добивме пред да го почнеме проектот беше дека нашиот авион, освен што ќе мора да биде практичен, треба да има убав дизајн и да биде привлечен за потенцијалните купувачи - истакна Хокинс.Кокпитот на „А5“ речиси и не се разликува од таблата во спортските автомобили, а глатките линии му даваат аеродинамичен изглед на леталото. Инженерите на проектот „Икон“ истакнуваат дека нивна цел било „А5“ да личи на спортски автомобил. Иако прототипот на авионот беше претставен во минатиот месец, Хокинс наведува дека моделот дополнително ќе се усовршува.Работиме и на двете верзии. Моделот амфибија најверојатно ќе добие крила што автоматски ќе се склопуваат како подвижните покриви на автомобилите - додаде главниот инженер.
Кокпитот на „А5“ речиси и не се разликува од таблата во спортските автомобили