Иконите

Уште еден доказ за фалсификатот на иконите е тоа што Исус на секоја икона е насликан со долга коса.
Исус бил евреин, а за евреите било срамно мажот да има долга коса. Тоа го гледаме и од коментарот на апостол Павле кој вели:

"Не ве учи ли самата природа дека е срамно за мажот да има долга коса,"
(1 Коринтјаните 11:14)

Се прашувам, зарем би можел апостол Павле да напише вакво нешто доколку Исус навистина имал долга коса како што е прикажан на иконите? :)
 
како што ти викаш дека имало 300 епископи кои биле против почитувањето на иконите на 7 вселенскисобор имало 2500 епископи кои биле за почитување на светите икони

Баш го проверив овој податок. Наводно биле само 308 епископи.

На лагата и се кратки нозете. :nenene:

Брзо на исповед :pop:
 
Ту бееее мататес ама си ситничар па и ти. Зарем голема разлика има од 308 до 2500? Едниот е трицифрен број, а другиот четирицифрен - значи се работи само за една цифра :)

Туку ме интересира мислењето на форумџиите. Што мислите, дали Исус имал долга или кратка коса?
 
Исус ИМАЛ долга коса, согласно назаретската традиција на носење долга коса, раздвоена симетрично, по средината на ликот/лицето.

И сега, очекувано, следи стандардното прашање: „.. а библиски цитат дека Христос има(л) долга коса?...„
 
A дали и другите луѓе во тоа време носеле долга коса, како на пример неговите ученици, или само оние што биле од назаретската традиција?
 
Самиот го даде одговорт: таквиот начин на носење коса бил специфика само за назареќаните (граѓаните од истоимениот град) по кој се разликувале од граѓаните од другите јудејски градови.
Неговите ученици немале иста/таква коса, ниту имале таква обрска. На пр. Апостолот Павле имал „кусок„ од коса-бил прокелав.
 
Во секој случај со твоево објаснување одеднаш стануваат нејасни оние неколку ситуации во евангелијата кога Исус се протнува скришум низ толпата без да биде приметен, или пак Јудиниот бакнеж станува троа одвишок, освен ако не му било баш мерак да се љубака со Исус, пошо инаку еден човек со долга коса, меѓу 12 со кратка, некако ми е впечатлив.

А башка шо мислам дека си ги побркал термините назараќенец и назареец (како е правилно иран или ирак?) :pos2:.
 
Солидно аргументирано matetes, браво!
smiley32.gif
Уживам да ги читам твоите аргуменитрани матирања со помош на Божјото Слово. Впрочем, зборот "мат" е дел од твоето корисничко име matates што изгледа не е случајно :)

Нејсе, ме интересира што мислат другите. Дали Исус имал дога или кратка коса?
Ако имал долга коса, тогаш како си дозволува апостолот Павле да вели дека самата природа не учи дека е срамно за мажот да има долга коса? (1 Коринтјаните 11:14)

А ако пак имал кратка коса, тогаш зошто на сите православни икони Тој е насликан со долга коса?

Дали ова е уште еден доказ фалсификатот на иконите и доказ дека тие се само една бујна фантазија на одредени уметници со цел да заработат нешто од иконопоклониците?
Јас мислам да, а вие? Секое мислење е добредојдено.
 
Чорбаџи, твоето зборување против иконите ми е некако.. многу чудно.
Та самиот ти си носиш икона на секој форум кајшто одиш.
 
Тоа не е икона, туку слика-аватар. Мојот аватар не е осветен, јас не сум го купил од некој иконопицес, не му палам кандило, не му се клањам, не му се молам итн. Се надевам конечно ја сфати разликата меѓу уметничките слики и православните идолопоклонски икони.

Бог не е против уметноста, напротив, Бог е најголемиот Уметник. Но Бог е против тоа да користиме слики (и идоли) како медиуми при нашата комуникација со Него. Тоа јасно е кажано во Втората Божја Заповед.
Тоа било јасно видливо и од Христос Кој никогаш не користел икони. Тоа било јасно сфатено и од апостолите кои никогаш не користеле икони.
Единствена икона што е спомната во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот", па сега вие размислете на чија страна сте со вашето иконопоклонство.
 
Тоа не е икона, туку слика-аватар.
Икона = слика.

Мојот аватар не е осветен,
Не знам какво поимање имаш ти за иконите

јас не сум го купил од некој иконопицес,
И?

не му палам кандило, не му се клањам, не му се молам итн.
Кому не му се молиш? На Тој што е нацртан на твојата икона?

Се надевам конечно ја сфати разликата меѓу уметничките слики и православните идолопоклонски икони.
Православните икони не се идолопоклонство, а за тоа веќе ти кажавме.

Бог не е против уметноста, напротив, Бог е најголемиот Уметник. Но Бог е против тоа да користиме слики (и идоли) како медиуми при нашата комуникација со Него. Тоа јасно е кажано во Втората Божја Заповед.
Јасно е кажано во втората заповед. Ама вие на смитовски начин го имате извитоперено. Ако сакаш да си разјасниш, пак помини низ целата тема.

Тоа било јасно видливо и од Христос Кој никогаш не користел икони. Тоа било јасно сфатено и од апостолите кои никогаш не користеле икони.
Апостолите не постеле, а Христос баш рекол овој дух се истерува со пост и молитва. Фактички, самите апостоли не ги почитувале зборовите на Христос. Но, таква слика се добива ако гледаме рационално и вон контекст (како што постојано вие правите!)

Единствена икона што е спомната во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот", па сега вие размислете на чија страна сте со вашето иконопоклонство.
Тоа воопшто не си ми јасен што сакаш да кажеш.
 
Уште еден доказ за фалсификатот на иконите е тоа што Исус на секоја икона е насликан со долга коса.
Исус бил евреин, а за евреите било срамно мажот да има долга коса. Тоа го гледаме и од коментарот на апостол Павле кој вели:

"Не ве учи ли самата природа дека е срамно за мажот да има долга коса,"
(1 Коринтјаните 11:14)

Се прашувам, зарем би можел апостол Павле да напише вакво нешто доколку Исус навистина имал долга коса како што е прикажан на иконите? :)

Сигурен си дека нема толкување на тој стих? Тогаш св.ап.Павле одел против Божјиот закон, според тебе. Назарените имале заповед да не се шишаат

Броеви 6:5 Во сите денови на неговиот завет за очистување брич не смее да ја допира главата негова; додека да минат деновите, во кои Му се посветил на Господа, тој е свет; треба да остави слободна да расте косата на неговата глава.

Гледаш, уште еднаш се потврди тоа дека заради таквите лоши толкувања од ваша страна, неверниците се соблазнуваат. Им ја претставувате Библијата како контрадикторна.

Ајде протолкувај сега.
 
Каква врска има таа регулатива за Назарените со Господ Исус Христос? :) Па зарем не ви објасни matetes дека Назареец и Назареќанец не е едно те исто :pos2:
 
Каква врска има таа регулатива за Назарените со Господ Исус Христос? :) Па зарем не ви објасни matetes дека Назареец и Назареќанец не е едно те исто :pos2:

Апостол Павле за сите вели дека е срамота маж да има долга коса. Ако е за сите тоа, значи е и за назареите. Ако е за назареите, значи дека оди против Господовата заповед. Е сега дај толкување на тие стихови и покажи дека св.ап. Павле не е контраверзен, зашто инаку џабе се декларираш како „изворен“ христијанин, оти изворните знаат секој стих што значи.
 
Во секој случај со твоево објаснување одеднаш стануваат нејасни оние неколку ситуации во евангелијата кога Исус се протнува скришум низ толпата без да биде приметен, или пак Јудиниот бакнеж станува троа одвишок, освен ако не му било баш мерак да се љубака со Исус, пошо инаку еден човек со долга коса, меѓу 12 со кратка, некако ми е впечатлив.

А башка шо мислам дека си ги побркал термините назараќенец и назареец (како е правилно иран или ирак?) :pos2:.

Хммм, а сметаш дека твоето исмејување кон мојот пост нешто ќе побие? Па која е битната разлика помеѓу поимите „назарец/назарејци„ и „назареќани„, а, плавушо!?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom