Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите.
АМА ЗА ШТО ЗБОРУВАШ ТИ ЦАРЕ?!!!!!!!! КОЈИ ЦРНИ ЦАРИГРАДСКИ СОБОРИ?????!!!!! НЕ ГИ ЛАЖИ ЛУЃЕТО ШТО НЕ СЕ ДОВОЛНО УПАТЕНИ!!!!!!!!
ВО ИСТОРИЈА НА СВЕТСКАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА НЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ТИЕ ИЗМИСЛЕНИ СОБОРИ!!! ДУРИ И АКО НЕ СИ ПРАВОСЛАВЕН ГОЛЕМИОТ РАСКОЛ СЕ СЛУЧИ ПОСЛЕ СОБОРИТЕ ШТО ТИ ГИ НАВЕДЕ!!!!!! БАШ МЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ ГИ НАЈДЕ ТИЕ „СОБОРИ“.
Листа на одржаните Вселенски Собори
Во Новиот Завет, во Дела Апостолски се спомнува Ерусалимскиот Собор, на кој се расправало за тензијата помеѓу континуираното одржување на еврејските правила во ранохристијанскиот период. Иако сите неговите одлуки се целосно прифатени од сите христијански Цркви и се потврдуваат на секој следен Собор, овој Собор не се вбројува во оваа листа.
- Прв вселенски собор, попознат како Никејски собор во Мала Азија (мај-јуни 325)
- Втор вселенски собор, попознат како Цариградски собор (мај-јули 381)
- Трет вселенски собор, познат како Ефески собор (јуни-јули 431)
- Четврти вселенски собор, попознат како Халкидонски собор (8 октомври-1 ноември 451)
- Петти вселенски собор, или Втор цариградски собор (мај-јуни 553)
- Шести вселенски собор, или Трет цариградски собор (ноември 680-септември 681)
- Седми вселенски собор, или Втор никејски собор (септември-октомври 787)
Осми и Деветти Собор на некои Православни цркви
Собори на Католичката црква
- Осми вселенски собор - Четврти цариградски собор (879-880)
- Деветти вселенски собор - Петтиот собор од Константинопол (1341-1351)
Римокатолиците ги признаваат првите осум вселенски собори, и на тие додаваат уште тринаесет Римокатолички Вселенски Собори после Големата Шизма:
9. Првиот собор од Латеран (1123).
10. Вториот собор од Латеран (1139).
11. Третиот собор од Латеран (1179).
12. Четвртиот собор од Латеран (1215).
13. Првиот собор од Лион (1245).
14. Вториот собор од Лион (1274).
15. Собор од Виена (1311-1312).
16. Соборот од Констанца (1414-1418).
17. Соборот од Базел, Ферера и Фиренца (1431-1445).
18. Петтиот собор од Латеран (1512-1514).
19. Соборот од Тренто (1545-1563, со прекини).
20. Првиот собор од Ватикан (1870, официјално 1870-1960).
21. Вториот собор од Ватикан (1962-1965)
ЗНАЧИ ХРАБРОСТ ДА СЕ ИЗМИСЛИ НЕШТО ВАКВО УШТЕ НЕ СУМ ВИДЕЛ!!!! СВАЌАМ ДЕКА НЕМАМЕ СИТЕ ИСТИ СТАВОВИ И НЕ МОРА НИКОЈ ДА ГО СМЕНИ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ ЗАРАДИ МЕНЕ АЛИ ОВА ТРЕБА ДА СЕ ОКАДИ ЧОВЕЧЕ :pop:
И, кој сега овде нешто кажува изворно а кој „додава„ кон изворното?
За да не функционираме по принципот "расипан телефон" ја користиме Библијата тоа е во случајов "централата".
Немој од христијанството да правите нешто мистично, па сега требало да има луге што ке го толкуваат, а некој ако сака да биде христијанин треба да го прифати толкувањето од тие "мангупи".Затоашто во случајов според тебе само "тие" разбираат што сакал да каже Христос.
Секој што ке го прочита Новиот Завет свака дека овие мангупи нема потреба да го толкуваат христијанството затоашто е едноставно за разбирање и е јасна неговата цел.
Под изговорот "толкување" го однесовте народот далеку од Христос.
а Симболот од верата, сеуште познава „..Една, Света, Соборна и Апостолска Црква...„
Иконите
Историјата на иконите
Еверејството (јудеизмот) никогаш не употребувало икони. Во светилиштето на Соломоновиот храм одозгора на ковчегот имало два херувима (2Мојс.37:7-9; 3Цар. 8:7) и херувими зашиени на скинијата (завесата) од десет платништа (2Мојс.26:1,26:8и по ѕидовите на храмот издлабени ликови на херувими (3Цар.6:29
. Но, Евреите никогаш не им се поклонувале на тие херувими ниту ги целивале, ниту каделе пред нив, ниту свеќи им палеле. И во просториите за собирање никогаш немале никаков лик.
До тристата година по Христа и христијаните не употребувале никакви ликови во црквите. Елвирскиот собор во 305г. во 36-тото правило ги забранил ликовите (сликани, леани, делкани)во црквите.
Свети Јован Златоуст, иако во проповедите споменува за многу современи обичаи, ништо не кажува за иконите.
Пред крајот на четвртиот век почнале да се украсуваат црквите со некои изобразби на историски личности од Библијата. Ама се уште не правеле икони.
Епифаниј, саламискиот епископ, кој умрел во 404 г., кога на старост одел за Ерусалим, во едно село на завесата на црквата видел човечки лик. Го раскинал ликот и со голем револт рекол: „Беше спротивно на Светото Писмо да виси човечки лик (слика) во Христовата црква!“.
Уметничка татковина на иконите е древниот Египет (особено погребните портрети на елинистичката епоха). Византија, како наследничка и подадена рака на Елада, е татковина на христијанскиот иконопис. Народот во сликата (иконата) гледал непосредна близина со Бог, верувал дека сликите имаат чудотворна моќ. Имало дури и свештеници кои ја стружеле бојата од иконите, па потоа ја мешале со виното за причест и така ги причестувале верниците (S.Srkulj, Povest srednjeg veka,str. 36).
Во петтиот век во црквите се почнало со правење изобразби (форми) на мачениците и нивните страдања. При крајот на шестиот век почнале да ги целиваат (бакнуваат) тие изобразби, да им кадат и да се поклонуваат пред нив. Во седмиот век направиле икони од восок, од сребро, од злато, а некои биле и леани од бакар. Во осмиот и почетокот на деветиот век (од 726-842г.) имало голема расправија за иконите. Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите. Во 754г. императорот Константин Петти свикал собор во Цариград и на тој собор учествувале дури 338 епископи. Тие изјавиле дека "Обожавањето на иконите се противи на науката на Светото Писмо", притоа донесувајќи повеќе одлуки со кои се забранувало изработување на икони и нивно користење во богослужбите На овој собор исто така биле анатемисани поборниците на иконите, меѓу кои и Германус од Константинопол и Јован Дамаскин.
Но во 842г. победила партијата што се залагала за икони, под покровителството на царицата Теодора. Оттогаш досега иконите се употребуваат во Источно-православната црква.
Иконите и Светото Писмо
Ниту Исус, ниту апостолите, ниту Христовите ученици, ниту Авраам, ни Исак, Јаков, Јосиф, ниту Мојсеј, ниту Ное, ни Јов, Лот, ни Илија, Елисеј, ниту Давид, Соломон, ниту Исаија, ни Еремија, ниту кој било од големите или малите пророци, ниту кој било од Божјите луѓе спомнати во Светото Писмо не користел икони. Ниту цртале икони, ниту се молеле пред икони, ниту се поклонувале пред икони, ниту им каделе, ниту им палеле кандила, ниту ги купувале, продавале, ниту правеле каков било бизнис со икони. Апостолите имале можност да си направат на пример икона од Свети Илија, кој бил старозаветен пророк нели, но сепак такво нешто, ниту приближно на ова, не наоѓаме во Светото Писмо.
Единствена икона што е спомната во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот".
"Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот."
(Откровение 13:14-15)
"И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето. И димот од нивното измачување ќе се издига во вечни векови, и не ќе имаат починка, ни дење ни ноќе, оние кои му се поклонуваат на Ѕверот и на неговиот лик, и кој ја прима ознаката на неговото име.”
(Откровение 14:9-11)
Втората Божја заповед вели:
„Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои."
(Излез 20:4-6)
Што е суштината на оваа заповед?
Забележливо е дека таа содржи три основни сегменти:
1. Забранета е изработка на ликови и слики кои ќе служат како сакрални предмети, претстави или претставители при нашето општење со Господ.
2. Забрането е да им се прават метании на вакви предмети како дел од побожноста и духовноста.
3. И конечно, Божја закана дека ќе го казни непочитувањето на оваа заповед.
Што е тоа идол или икона?
Идол или икона е произволно создаден уметнички лик на небесни или земни суштества на кои им се припишуваат религиозни својства и функции.
Во античкиот свет киповите, статуетките и сликите на разни реални или имагинарни ликови биле во масовна религиозна употреба. Така било во древниот Египет, така и во античка Грција, така и во Римската империја. Најчесто тие статуи или слики претставувале одредени богови или биле симболи на богот во кој луѓето верувале. Ваквата практика е санкционирана со првата од 10-те Божји заповеди "Јас Сум Господ, твојот Бог... немој да имаш други богови покрај Мене."
Втората Божја заповед не се однесува на создавањето други богови, зашто тоа е регулирано со првата заповед. Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон вистинскиот Господ Бог.
Мојсеј толкувајќи ја таа заповед вели: „Бидете цврсто убедени во душите свои...Не вршете беззаконија правеќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена, лик на неке животно...“итн. (Второзаконие 4:15-20) Таа заповед забранува поклонување пред нив, како и служење, односно кадење, палење свеќи (како што паганите им служат на идолите). Еверите, меѓу Боговдахновените пророци и старите христинјани блиску до апостолското време, секогаш ги разбирале тие заповеди (забраната за правење икони за поклонување), бидејќи иконите се ликови и наличја за кои зборува втората заповед.
„На Господа, твојот Бог да Му се поклонуваш и само Него да му служиш.!“(Матеј 4:10).
„Бог е дух, и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат на Таткото со дух и вистина.“(Јован 4:24)
„вистинските поклоници ке Му се поклонуваат на Таткото со дух и вистина“(Јовaн 4:23)
Бог е дух невидлив и неопишлив. И ништо насликано нема да може да ни помогне да за да мислиме на Него или да се поклонуваме.