Иконите

Дечки, не им создавајте непотребна работа на модераторите. Не се тие тука само за да ви метат по стапките. Marijancho ти си барем разбран дечко, не дозволувај да бидеш поведен од некои што не знаат да почитуваат правила на форуми.
 
Тоа тешко.
А имаш ли ти МСН да помоабетам нешто со тебе marjan.krstevski@hotmail.com
 
Марјанчо, за иконите ти е објаснето во претходните 15 страници, па може да препрочиташ, ако сакаш да разбереш.

Во врска со Богородица:
Ти веруваш ли дека Христос се воплоти, пострада, воскресе и се вознесе? Веруваш ли дека Христос е второто лице на Света Троица, т.е. Бог Син? Ако веруваш дека Исус Христос од Назарет е овоплотен Бог Син, тогаш природно е за неговата мајка да го користиш изразот: мајка Божја, мајка Господова или Богородица.
Во спротивно, ти не веруваш во божествената природа на Христос. Таков став имал цариградскиот патријарх Несториј, и бил прогласен за еретик.

Штом го чу Елисавета поздравот на Марија, заигра младенецот во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, па извика гласно и рече:
Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ? (Лука 1, 41-43)

Значи, Елисавета преку Светиот Дух, ја нарекува Света Дева Марија благословена и мајка на Господ.

A dali Isus bese Bog na zemjava dodeka bese tuka????
Vika na majka na mojot Gospod a ne Bog. Ima razlika.
 
Јако ти е прашањево...Се прашувам, до КОГО е упатено? Ептен е почетничко бе Маријанчо!
 
Деца, а да си отворите вие една тема "Неврзани муабети" и таму да ја префрлите оваа ваша слатка дискусија? Па мора ли бре мајќе му сите теми да ги расипувате? Зарем не ве учи вашето православие да почитувате правила? Или анархизам ве учи?
 
Не не учи на лицемерие. Да збориш против иконите, а да си држиш иконче во џеб.
 
Не бе, така ти се чини...Све што е православна икона е идолопоклонство, а она кое е неправославна слика, може да биде и нечиј аватар, независно од тоа како е насликан Христос на аватарот.
Се шегувам, нормално...
 
Верувам во Исус Христос дека е Бог и мој Спасител, Верувам во Таткото кој е Бог над се и створител на се видливо и невидливо и верувам во Светиот Дух кој е Бог и ни е како утешител.
Задоволна.

A Марија, како што ја нарекувате вие, каква улога имала во Христијанството?
 
Па што не си ги чуваш твоите лични мислења за себе, тогаш?
Како може некој кој има свое лично мислење, како што ти кажа за Чорбаџија, објективно да ни каже кое е Божјото мислење? :tapp:

Не, туку да се избегнуваат изјави од типот „ти не си меродавен“ „шо знаеш ти бе шутрак“ „јас мислам дека твоето мислење не ти држи затоа што ти си ваков и таков“. Ако се дискутира за некоја тема, нема потреба да се дискутира и за вашите претпоставки каква личност е некој друг. Го отековте со лични навреди.
 
Докажи:smir:
 
Да ве потсетам на нешто интересно:smir:

Иконите не претставуваат идол од проста причина што на нив изобразени живи и реални личности на кои не им се придава својство на божество, туку се сметаат како Божји осветени чеда, кои преку својот живот успеале да го прослават нашиот Отец на небесата. За да видиме зошто Бог забранил да се клањаме на други божества и кои се тие божества, убаво би било да разјасниме во какви се богови верувале народите во Стариот Завет (а и денеска ги има), при што неретко и евреите ги преклонувале колената пред нив. Ајде да го разгледаме, за почеток, лажното бесовско божество Ваал Фегор, кое се спомнува во Стариот Завет во неколку стихови

Броеви 25, 1 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав; 2 и тие го покануваа народот да присуствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.3 И му се приклони Израил на Ваал Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израил. 5 Тогаш Мојсеј им рече на племињата Израилеви: "Секој нека ги убие своите луѓе, што му служат на Ваал-Фегор.

Второзаконие 4:3 очите ваши видоа се', што Господ, Бог наш, му направи на Велфегор; зашто Господ, Бог наш, ќе го истреби од средината твоја секој, што ќе го следи Велфегор;

Псалми 105:28 Тие се *придружија кон Ваал - Фегор и јадеа жртви, принесувани на бездушните...

Ваал-Фегор (Велфегор, Белфагор, Ваалфегор, Белфегор) – е моавско демонско божество, култ кој се состоел во грозни сладострастија и распуштености (оргии). Своето име го добил по гората Пеор или Фегор северо-источно од Мртвото Море, и означува дупка, пукнатина. Се сметал за бог на размножувањето и на плодоносните сили. Се обожавал како фалус – машки голем полов орган во ерекција, кој се употребувал и како украс, а како центар на церемонијата на култот се јавувала голотијата; девственици се оддавале на тој идол преку стапување во полово општење со мажи. Тоа се случувало по пештерите, каде се принесувале и жртви.

Да сумираме:
1. Поради верување во Ваал-фегор се вршел блуд невиден (оргии)
2. Нему му се принесувале жртви, наместо на вистинскиот Бог
3. Тој бил бездушен, лажен бог, бог што не постои, на кој му се оддавала божествена почит како што заслужува само вистинскиот Бог

Заклучок: нема никаква реална поврзаност со иконите на кои се изобразени вистински личности кои живееле целемудрено и кои како жртва пред Бога принесувале само молитва и подвизи до крајот на својот живот.

Сега, пред некој да рече дека иконите се идоли, иконите на кои се изобразени светителите и Мајката Божја, кои го осветиле, односно обожиле својот живот преку добродетели и подвизи поради својата голема љубов кон вистинскиот Бог, икони на кои е изобразен и Самиот Господ Исус Христос, нека размисли повеќепати, пред да изрече хула!

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom