Икони...

  • Креатор на темата Креатор на темата птр
  • Време на започнување Време на започнување
.. вистински верник може да е само Хесус..

Хесус, оној швалерот од Мадона?...
--- надополнето: 16 мај 2013 во 10:49 ---
А еве во што се слагам...

Се „слагаш„ само со она кое се укпопуе у Твојот атеизам, логично...
--- надополнето: 16 мај 2013 во 10:52 ---
... ако не ти е јасно о вернички брате!

„Здраво птр. Исус и апостолите не користеле икони. Ниту нивните следбеници не користеле икони. Едноставно во првите 3 века од христијанството не постоеле икони. Тие се воведени подоцна, во византискиот период, како дел од византиската култура и уметност. Иконите немаат допирна точка со Исусовото и апостолското учење. Единствена икона што е спомната во целиот Нов Завет е иконата на ѕверот и тоа неколку пати.
Поздрав!“

Дај подразјасни го ова кое си го подцртал...
 
Лицата кој се насликани на иконите се нацртани од лица кој го виделе Господ Исус со свои очи или некој од светиите и апостолите.
Порано немало камери па да сликаат и да снимаат филмови туку Христијаните како денес што се снимаат филмови така тогаш го отсликувале воскресение,вознесение итн...И сето тоа датира до денеска што се ставаат и во храмовите.
 
Лицата кој се насликани на иконите се нацртани од лица кој го виделе Господ Исус со свои очи или некој од светиите и апостолите.

Сакаш да кажеш дека Исус живеел во 5-6 век?
 

Епа како тогаш велиш дека лицата кои се насликани на иконите се нацртани од лица кој го виделе Господ Исус со свои очи? Исус живеел во 1век, а никаква икона не е спомната од тоа време. Иконите стапуваат на сцена таму негде 5-6 век.
--- надополнето: 16 мај 2013 во 12:52 ---
blessing_of_jesus_print-r9731e7462b864eec949daaedbabe1a85_rjc_400.jpg



Показалецот - слово И (на грчки I, а и на црковнословенски името на Господ Иисус Христос се пишува Iисус; I - кратко и)
Средниот прст = слово С
Палецот и досредниот прст - слово Х
Малиот прст = слово С
Кога ќе ги споиш ќе добиеш IСХС, што значи Iисус Христос.
Што значи оној кој благословува е самиот Господ Иисус Христос.
Дали според иконава следува дека и Исус ги правел овој симбол со раката?
 
Дали според иконава следува дека и Исус ги правел овој симбол со раката?

По добиениот одговор, ќе го поставиш следното барање: „...Дај ми библиски цитат во кој е запишано дека Исус благословувал со така склопени прсти...„

А после тоа, нели, ќе следи Твојот „заклучок„: во Библијата никаде не е запишано дека Исус благословувал со вака склопени прсти....:sneaky:

И конечно, ќе дојдеш до премудроста протестантска, во стилот: православците ги следат своите традиции, а не она кое е запишано во Библијата....

Она де, како со бабичката, која палела свеќи затоа што тоа било традиција...
 
Епа како тогаш велиш дека лицата кои се насликани на иконите се нацртани од лица кој го виделе Господ Исус со свои очи? Исус живеел во 1век, а никаква икона не е спомната од тоа време. Иконите стапуваат на сцена таму негде 5-6 век.
--- надополнето: 16 мај 2013 во 12:52 ---
blessing_of_jesus_print-r9731e7462b864eec949daaedbabe1a85_rjc_400.jpg

Дали според иконава следува дека и Исус ги правел овој симбол со раката?

И што сакаш да постигнеш.Сакаш да кажеш дека иконите се беззначајни во верата.се разбира дека немаат тоа се само слики со чудотворна моќ.

Можеби ти имаш информации дека датираат од 5-6 век.
Иако имаме слики во египетските пирамиди.Во тоа време додека прповедал Исус немало уметници сите биле ангажирани во револуцијата против Римјаните.
Знакот го означува светото тројство.кој тука Господ Исус Христос благословува.
 
Епа како тогаш велиш дека лицата кои се насликани на иконите се нацртани од лица кој го виделе Господ Исус со свои очи? Исус живеел во 1век, а никаква икона не е спомната од тоа време. Иконите стапуваат на сцена таму негде 5-6 век.

Дали според иконава следува дека и Исус ги правел овој симбол со раката?

Бидејќи Христос е Богочовек и се` знае, Тој благословувал онака како што денеска благословуваат Православните Епископи, Неговите наследници, и тоа, кога благословувал поединечно овој знак го правел само со едната рака, а кога благословувал групно (пример: при Вознесението) тоа го правел со двете раце. Христос си ја познава својата Невеста Црквата, а и Таа го познава Него. (За разлика од разните блудници кои сакаат да го осквернат Христа претставувајќи се како Негови невести).

Христа ние можеме да го видеме со телесните очи како што го виделе луѓето од првиот век, но и со духовните како што и до овој век има такви луѓе кои го виделе... За 20. век знам дека двајца со сигурност го виделе, и најинтересно е тоа што и двајцата даваат ист опис. А според описот на едниот зографисана е и икона, која што ќе гледам да ја поставам вечерва.
 
Многу работи, обележја, обичаи, икони и друго немаат исто време на потекло, а некои се постари и од самото христијанство, но за што и да разговараме овде, не е штетно, се додека не се коси со основното верување во Христијанството, а тоа е Христовото Воскресение и прифаќање на Исус како наш спасител.
Сепак, имам една забелешка за тоа дека црквата има и луѓе во својот состав, нели, а никој не е безгрешен, па можни се и грешки во текот на историјата од страна на црквата, што се покажа дека ги имало. Факт е и дека кога би се изложиле многу вистини во текот на историјата, ќе излезат и многу повеќе грешки, криење на одредени работи, недостапни работи за секого, значи погрешниот концепт прифатен низ историјата, да не се споделува се со целото човештво, што според мене е најголемото зло. Понекогаш вистината можеби не е онаква каква што сакаме да биде, но многу дилеми би биле решени и не би расправале меѓу себе за одредени настани, случувања и историски моменти, секој со свои аргументи, туку би имало една вистина за сите. Тогаш можеби и би имало напредок, оти напредок не е кога во рацете го држам најновиот таблет.

Тајната Вечера. Ја разјаснил ли некој до сега со сигурност? Зошто толку скриени симболики, ставови, кога е факт дека не е насликана фотографски, па тука може да ја бараме само идејата на авторот. А, лесно може да испадне дека само се шегувал човекот.
 
Бидејќи Христос е Богочовек и се` знае
не знае кога ќе биде судниот ден. само татко му знае, и не му кажува.

”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко."
 
И што сакаш да постигнеш. Сакаш да кажеш дека иконите се беззначајни во верата.

Не. Иконите имаат големо значење во православието. Јас само велам дека тие немаат допирни точки со Христовото и апостолско учење, со Христовата Црква која од секогаш му се поклонувала на Бог во Дух и Вистина, а не пред икона, баш онака како што поучувал Исус Христос:

„Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”“ (Исус Христос, ев. Јован 4:24, Библијата)

Исто така вистинските Исусови следбеници не одат на поклонение во Ерусалим, затоа што Исус јасно кажа и прорече дека вистинските Божји поклоници нема да го прават тоа:

„Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.“ (Исус Христос, ев. Јован 4:21-23, Библијата)

Жал ми е што многу луѓе денес, кои се нарекуваат православни, спротивно на Исусовите зборови, одат во Ерусалим на поклонение. А уште повеќе ми е жал што православните цркви ги организираат овие тури.

Знакот го означува светото тројство.кој тука Господ Исус Христос благословува.

Orthofill вака кажа:

Показалецот - слово И (на грчки I, а и на црковнословенски името на Господ Иисус Христос се пишува Iисус; I - кратко и)
Средниот прст = слово С
Палецот и досредниот прст - слово Х
Малиот прст = слово С
Кога ќе ги споиш ќе добиеш IСХС, што значи Iисус Христос.
Што значи оној кој благословува е самиот Господ Иисус Христос.

Ова е во согласност со оваа слика:
blessinghandhg1.jpg


Но ако е така, испаѓа дека Исус комуницирал на коине грчки јазик, а добро знаеме дека Исус бил евреин и комуницирал на арамејски јазик.

Со оглед на тоа дека будизмот е со векови постара религија и од појавата на иконите, па дури и од христијанството, зарем не е пологично да признаеме дека овој симбол е позајмен од будистичките икони и скулптури?


muladharamudrafl6.jpg
prithviig4.jpg
pranmudra.jpg
pranmudra18987jb1.jpg

file1910.jpg
file1911.jpg

file1909.jpg
file1912.jpg

giantbuddhastatuejapane.jpg

codex95o.jpg
buddhist-religious-symbols-swastika-on-statue.jpg
eyehandmudra.jpg
56300789.jpg


april8buddha.jpg
buddhasitsmallsilsolus.gif

koryujimiroku.jpg
buddhatara2.jpg
 
Со оглед на тоа дека будизмот е со векови постара религија и од појавата на иконите, па дури и од христијанството, зарем не е пологично да признаеме дека овој симбол е позајмен од будистичките икони и скулптури?


Чорба,

а колку е логично тоа што протестантизмот го позајми принципот „сола скриптура„ и го наметна како свој, иако тој принцип е 500 години постар од Лутер?

Кој сега овде краде?

Или, полесно е да наклеветиш, ама потешко е истото тоа да го видиш и кај својата заедница?

И конечно, што е битно што будизмот е постара религија? Еве, православието е постаро од протестантизмот едно 15 векови, но како се гледа, си истеруваш некоја Твоја теологија, која зад себе нема појќе од 150 години?

Користејќи ја Твојава логика, треба да „заклучам„ дека будизмот е повистинита вера од протестантизмот?...:confused:
 
Не. Иконите имаат големо значење во православието. Јас само велам дека тие немаат допирни точки со Христовото и апостолско учење, со Христовата Црква која од секогаш му се поклонувала на Бог во Дух и Вистина, а не пред икона, баш онака како што поучувал Исус Христос:

И која ти е целата на реплицирањето тука?Верниците Не му се поклонуваат на Буда па да грешат.
Не реков јас дека имаат врска со Христовото учење.


Исто така вистинските Исусови следбеници не одат на поклонение во Ерусалим, затоа што Исус јасно кажа и прорече дека вистинските Божји поклоници нема да го прават тоа:

Јаааа.
Ерусалим денеска е прекрасно туристичко место што вистинските Христијани го посетуваат и доживуваат прекрасно исполнување и искуство да се движат на местата каде што Господ како човек некогаш чекорел.


Жал ми е што многу луѓе денес, кои се нарекуваат православни, спротивно на Исусовите зборови, одат во Ерусалим на поклонение. А уште повеќе ми е жал што православните цркви ги организираат овие тури.

И треба да ти биде жал што твојата протестанска душичка не ти дава да одиш на тоа свето место.
 
„Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.“ (Исус Христос, ев. Јован 4:21-23, Библијата)

Чорба.

што везе има стихов со поклоничките патувања од верните во Ерусалим? Па на повеќето читатели на Писмото им е јасно дека Ерусалим е споменат во стихов во контекст на неговото разурнување, кое се случило во 70-тата година од н.е., после кое евреите се разбиени и раселени по целиот тогашен Свет!...
--- надополнето: 16 мај 2013 во 15:42 ---
„Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”“ (Исус Христос, ев. Јован 4:24, Библијата)

А на кој начин Ти и Твоите се поклонувате „..во дух и вистина...„, живо ме занима?...:unsure:
 
„Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.“ (Исус Христос, ев. Јован 4:21-23, Библијата)


Јас ова го разбирам како пред да се даде завеот луѓето верувале во многу богови
дека луѓето нема да веруваат на празно во различни богови.
Објаснува дека:
Започнува заветот во кој ќе му се поклонуваме на вистинскиот и жив Бог кој го запознавме преку Мојсеј и Господ Исус Христос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom