- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Верниците Не му се поклонуваат на Буда па да грешат.
Не му се поклонуваат на Буда, али се поклонуваат на некои византиски цртежи на луѓе кои прават будистички симболи со рацете.
Не реков јас дека имаат врска со Христовото учење.
Супер, значи на иста фрекфенција сме

И треба да ти биде жал што твојата протестанска душичка не ти дава да одиш на тоа свето место.
Зошто да не можам да одам? Кога би имал пари и можности, секако дека би го посетил, али чисто туристички, без да се клањам на тоа место - затоа што не верувам дека таму Бог подобро го прифаќа поклонувањето на верните. И во Арабија и во Индија да му се поклониш на Бог, исто ќе биде прифатено, затоа што не е важно местото, туку важна е искреноста, важно е дали со духот му се поклонува и во вистина. Во вистина значи дали имаш вистинско познавање за Бог и дали ги почитуваш Неговите заповеди или пак си тераш по некои човечки преданија.
Еве што рече Исус во една прилика (цитирајќи го пророкот Исаија):
„Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”“ (ев. Матеј 15:9, Библијата)
Јас ова го разбирам како пред да се даде завеот луѓето верувале во многу богови
дека луѓето нема да веруваат на празно во различни богови.
Објаснува дека:
Започнува заветот во кој ќе му се поклонуваме на вистинскиот и жив Бог кој го запознавме преку Мојсеј и Господ Исус Христос.
Ако го прочиташ контекстот, таму Исус разговара со една Самарјанка. Самарјаните си имале свој храм на планината Геризим и таму му се поклонувале на Бог, а евреите му се поклонувале во храмот во Ерусалим. Евреите и Самарјаните имале политички спор и со векови биле раздвоени, нешто слично како ние тука на балканот со нашите соседи.
Самарјанката, иако живеела прељубнички живот, сепак во нејзиното срце трагала по Бог и откако забележала дека Исус е пророк, го прашала кое е правото место за поклонување, дали Самарјанското место (планината Геризим) или Еврејското место (Ерусалим). Исус и вели: ни едното, ни другото! И потоа и додава дека не е битно географското место каде ќе му се поклонуваш на Бог, туку битно е да му се поклонуваш во дух и вистина. Исус тоа го вели многу јасно и жал ми е што многу луѓе, заробени во традиционалните догми, не можам да ја видат таа јаснотија на Христовите зборови и се уште одат на поклонение во Ерусалим (мислејќи дека Бог ќе им даде аплауз од небото ако се поклонат во Ерусалим) и се уште се клањаат пред икони, мислејќи дека со тоа му се клањаат на Бог, а уствари Бог нема допирна точка со тие икони. Ниту ги заповедал, ниту апостолите правеле така, ниту раните христијани, ниту вистинските христијани денес.