И што сакаш да постигнеш. Сакаш да кажеш дека иконите се беззначајни во верата.
Не. Иконите имаат големо значење во православието. Јас само велам дека тие немаат допирни точки со Христовото и апостолско учење, со Христовата Црква која од секогаш му се поклонувала на Бог во Дух и Вистина, а не пред икона, баш онака како што поучувал Исус Христос:
„Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”“ (
Исус Христос, ев. Јован 4:24, Библијата)
Исто така вистинските Исусови следбеници не одат на поклонение во Ерусалим, затоа што Исус јасно кажа и прорече дека вистинските Божји поклоници нема да го прават тоа:
„Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина
ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.“ (
Исус Христос, ев. Јован 4:21-23, Библијата)
Жал ми е што многу луѓе денес, кои се нарекуваат православни, спротивно на Исусовите зборови, одат во Ерусалим на поклонение. А уште повеќе ми е жал што православните цркви ги организираат овие тури.
Знакот го означува светото тројство.кој тука Господ Исус Христос благословува.
Orthofill вака кажа:
Показалецот - слово И (на грчки I, а и на црковнословенски името на Господ Иисус Христос се пишува Iисус; I - кратко и)
Средниот прст = слово С
Палецот и досредниот прст - слово Х
Малиот прст = слово С
Кога ќе ги споиш ќе добиеш IСХС, што значи Iисус Христос.
Што значи оној кој благословува е самиот Господ Иисус Христос.
Ова е во согласност со оваа слика:
Но ако е така, испаѓа дека Исус комуницирал на коине грчки јазик, а добро знаеме дека Исус бил евреин и комуницирал на арамејски јазик.
Со оглед на тоа дека будизмот е со векови постара религија и од појавата на иконите, па дури и од христијанството, зарем не е пологично да признаеме дека овој симбол е позајмен од будистичките икони и скулптури?