Најавено е отворање на ИКЕА во Македонија
ИКЕА во Македонија. Ова беше најавено на официјалната инаугурација на почетокот на работата на Шведско-македонската стопанска комора. Извршниот директор на оваа комора, Самуел Наумовски Викиус, во разговор со медиумите во Скопјe потврди дека преговорите за влез на ИКЕА во Македонија се при крај. Идејата е поддржана и од шведскиот амбасадор во Македонија, додека нашата комора исто така работи на ова прашање, изјави Наумовски Викиус.

