iHerb искуства и препораки

  • Креатор на темата Креатор на темата rancher
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 април 2014
Мислења
12
Поени од реакции
23
На друга тема на форумов ја спомнав странава и добив доста прашања во врска со неа, па решив да отворам нова тема во оваа категорија бидејќи мислам дека е најсоодветна.

Значи вака, iHerb.com е интернет продавница за разни додатоци во исхраната (витамини, минерали и сл.), козметика, природна и органска храна, производи за лична хигиена (што е најбитно, може да се најдат секакви хербални производи за кои можеби сте слушнале, а ги нема во нашиве аптеки). Она што е карактеристично за iHerb се ниските цени (поголемиот дел од производите се со два до три пати пониски цени од кај нас), како и ниската поштарина од само 4$. Од неодамна iHerb врши достава и во Македонија.

При првата порачка може да добиете попуст од 5$ (за порачки до 40$) или попуст од 10$ (за порачки над 40$), со користење на код за попуст од некој што купувал претходно. На iHerb можете да добиете и дополнителни попусти секоја седмица, бидејќи има седмични попусти и до 30% на одредени производи. Во секоја порачка имате право на еден „trial“ производ (за симболична цена од 0,50$).

Предност на iHerb е тоа што на декларацијата која е залепена на пакетот наведена е само вредноста на порачката без поштарина, па за тие 4$ може да си порачате уште нешто. За да биде поштарината 4$, тежината не пакетот не треба да надминува 1,814кг, инаку се плаќа повисока поштарина.

Мојот прв пакет пристигна за 17 дена од денот на порачката (платив со Visa Electron картичка од комерцијална банка) . Вкупната сума која ја платив (со поштарина) беше 43.86$, а на декларацијата стоеше 39.86$. При подигнувањето платив 102 ден. за царински трошоци, плус 22 ден. за подигнувањето од пошта.

Се` на се` производите се многу исплатливи и поефтини од кај нас, а што е уште побитно сертифицирани и со проверен квалитет. Ако решите да порачате нешто, пишете ми, јас ке ви го дадам мојот код за попуст, а после првата порачка и вие добивате таков код :)

Знам дека странава од неодамна е достапна и кај нас и можеби само малкумина ја знаат, ама ако случајно имате искуство со iHerb или препорака за производ, споделете :)
 
Дали вкупната сума ја плати откако го доби пакетот или порано. Поточно тие 39.86 долари(може ли да се платат со денари во пошта) за оние кој немаат сметки во банка и картици.
 
За да ви ја испратат пратката мора прво да платите со картичка (од картичка ви повлекуваат во денари, не мора да имате долари на сметка), а потоа при подигнување на пакетот од пошта се доплаќаат трошоците за царина и за подигнување на пратката (јас платив 124 ден.)
 
Јас порачав едно шишенце капсули за 17 долари, не би требало да платам никакви други трошоци, ќе го чекам да ми стигне директ на врата. Со тој почетниот попуст од $5 поштарината ми дојде бесплатна.
@rancher што значи тоа trial производ? Јас не заприметив такво нешто кога нарачував.
 
Најгоре на страната има 4 категории Best Sellers, Specials, New и Trials. Во категоријата Trials има 50тина производи со симболична цена од 0.50 до 3-4 долари. Тоа се промотивни производи и во секоја нарачка имате право на еден од нив, со тоа што во следната нарачка не можете да го земете истиот, туку мора некој друг промотивен производ.
 
Последно уредено:
Порачав кофеин,јохимбе,зелен чај екстракт за топење масти.
Ќе видиме дали функционира.
За колку време пристигнуваат?
 
На 12 се пратени, до сега ништо.
Ќе ми јават или како ќе биде?

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
На 12 се пратени, до сега ништо.
Ќе ми јават или како ќе биде?

Sent from my ME173X using Tapatalk

Рано е, овој месец имаше плус неработни денови па затоа ќе закаснат некој ден, но би требало во скоро да ги добиеш. Ќе те контактираат од пошта или ќе ти остават на врата документ за да ги подигниш, можно е и ако се работи за помало пакување да ти ги донесе поштарот на врата.
 
Точно за 15 дена ми стигна нарачката мене. На 11 вечерта (петок) ми стигна мејл дека е пратена, вчера сабајле поштарот ми ја донесе на врата. @Stef Bachatero очекувај во текот на неделата, ако не и утре, да ги имаш кај тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom