- Член од
- 10 април 2014
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 23
На друга тема на форумов ја спомнав странава и добив доста прашања во врска со неа, па решив да отворам нова тема во оваа категорија бидејќи мислам дека е најсоодветна.
Значи вака, iHerb.com е интернет продавница за разни додатоци во исхраната (витамини, минерали и сл.), козметика, природна и органска храна, производи за лична хигиена (што е најбитно, може да се најдат секакви хербални производи за кои можеби сте слушнале, а ги нема во нашиве аптеки). Она што е карактеристично за iHerb се ниските цени (поголемиот дел од производите се со два до три пати пониски цени од кај нас), како и ниската поштарина од само 4$. Од неодамна iHerb врши достава и во Македонија.
При првата порачка може да добиете попуст од 5$ (за порачки до 40$) или попуст од 10$ (за порачки над 40$), со користење на код за попуст од некој што купувал претходно. На iHerb можете да добиете и дополнителни попусти секоја седмица, бидејќи има седмични попусти и до 30% на одредени производи. Во секоја порачка имате право на еден „trial“ производ (за симболична цена од 0,50$).
Предност на iHerb е тоа што на декларацијата која е залепена на пакетот наведена е само вредноста на порачката без поштарина, па за тие 4$ може да си порачате уште нешто. За да биде поштарината 4$, тежината не пакетот не треба да надминува 1,814кг, инаку се плаќа повисока поштарина.
Мојот прв пакет пристигна за 17 дена од денот на порачката (платив со Visa Electron картичка од комерцијална банка) . Вкупната сума која ја платив (со поштарина) беше 43.86$, а на декларацијата стоеше 39.86$. При подигнувањето платив 102 ден. за царински трошоци, плус 22 ден. за подигнувањето од пошта.
Се` на се` производите се многу исплатливи и поефтини од кај нас, а што е уште побитно сертифицирани и со проверен квалитет. Ако решите да порачате нешто, пишете ми, јас ке ви го дадам мојот код за попуст, а после првата порачка и вие добивате таков код
Знам дека странава од неодамна е достапна и кај нас и можеби само малкумина ја знаат, ама ако случајно имате искуство со iHerb или препорака за производ, споделете