D
DeviL_32`
Гостин
Фудбалскиот судија на натпреварот помеѓу аматерските клубови на Chorlton Villa и Manchester на еден играч му додели жолт картон поради гласен прдеж. При изведувањето на пенал за Manchester, еден играч од спротивниот тим намерно му пречел на изведувачот, проценил судијата и му доделил жолт картон. Судијата оценил дека играчот на Вила, во мементот на залет се испрдел толку гласно, што тоа го попречило изведувањето на пеналот и му помогнало на голманот во одбраната. Иако сличен случај досега не е забележан, судијата не се двоумел ни секунда. На дрскиот играч веднаш му покажал жолт картон и досудил повторување на пеналот. Манчестер во вториот обид постигнал гол, што предизвикало големо незадоволство кај играчите на Вила. Поради протестирање бил исклучен голманот и уште еден играч на Вила, но натпреварот завршил со дури 6 спрема 4 за Вила. Ова досега се нема случено во фудбалот, па затоа бил повикан судијата, за да даде објаснување. „Играчот кој произведе врева за да го деконцентрира противникот, доби жолт картон поради неџентламенско однесување, а останатите се исклучени поради пцуење“, објаснил судијата.
Немојте да прдите
Немојте да прдите

