Цепелин
Личност со добар вкус
Пред да почете со читање: Се извинувам што текстот е долг, пробував да го скратам што можам повеќе.
Вака значи. Ретко пишувам сериозни текстови зашто сум навикнат да игнорирам се што е глупаво. Сепак ова е еден деликатен случај на идиотизам што морам да го објаснам.
ALS Ice Bucket Challenge. Бум на интернетов деновиве, сите се поливаат со вода. Првично почна од славните и богатите кои покрај тоа што се забавуваат и предизвикуваат, исто така и донираат пари за помош на заболените од ALS.
Подоцна истиот тренд беше превземен од широката маса кои во последно време се исмевани зашто не донираат. Е сега да стигнеме до суштината на текстов.
Тие што го прифаќаат предизвикот се првата линија на „идиоти“ кои што сакаат да се забавуваат во животот и голем дел од нив не сфаќаат што всушност е ALS. (атеншн хорс)
Сега иде вториот слој, „паметните“ кои на видеата од овие првите оставаат коментари од типот „А дониравте?“(атеншн хорс само кај поспецифичен аудиториум). Сега јас би им го поставил прашањето „А вие дониравте?“ зашто не само „водените“ мора да донираат за помош за таква ужасна болест.
Е сега иде третиот тип на луѓе, оние како мене и тебе што не спаѓаат во првите два типа и ја согледуваат ситуацијата реално. Типовите што се поливаат со вода, свесно или несвесно, го подигаат нивото на свеста кај побогатите, кај донаторите. Па добро, знаете ли колку пари се собрани од почетокот на оваа игра во споредба со претходните неколку години?
Не, не е реторичко прашање. Според официјални извори, од почетокот на ALS Ice Bucket Challenge, собрани се 41+ милиони долари.
А за оние „паметните“ еден голем поздрав за вашата желба да се намали популарноста на оваа игра. Сепак сакам да ве потсетам дека се работи за игра каде што 99 од 100 луѓе само ќе пишат АЈС ЧЕЛЕНЏ ЈЕАА БИЧЧЧ КРЕЈЗИИИ, ама еден ќе донира. 1% на 7 билиони. Има разлика.