Идиотизмот кој се појави со ALS Ice Bucket Challenge

  • Креатор на темата Креатор на темата Цепелин
  • Време на започнување Време на започнување

Цепелин

Личност со добар вкус
Член од
29 октомври 2012
Мислења
32
Поени од реакции
78
Локација
Кичево
Пред да почете со читање: Се извинувам што текстот е долг, пробував да го скратам што можам повеќе.

Вака значи. Ретко пишувам сериозни текстови зашто сум навикнат да игнорирам се што е глупаво. Сепак ова е еден деликатен случај на идиотизам што морам да го објаснам.

ALS Ice Bucket Challenge. Бум на интернетов деновиве, сите се поливаат со вода. Првично почна од славните и богатите кои покрај тоа што се забавуваат и предизвикуваат, исто така и донираат пари за помош на заболените од ALS.

Подоцна истиот тренд беше превземен од широката маса кои во последно време се исмевани зашто не донираат. Е сега да стигнеме до суштината на текстов.

Тие што го прифаќаат предизвикот се првата линија на „идиоти“ кои што сакаат да се забавуваат во животот и голем дел од нив не сфаќаат што всушност е ALS. (атеншн хорс)

Сега иде вториот слој, „паметните“ кои на видеата од овие првите оставаат коментари од типот „А дониравте?“(атеншн хорс само кај поспецифичен аудиториум). Сега јас би им го поставил прашањето „А вие дониравте?“ зашто не само „водените“ мора да донираат за помош за таква ужасна болест.

Е сега иде третиот тип на луѓе, оние како мене и тебе што не спаѓаат во првите два типа и ја согледуваат ситуацијата реално. Типовите што се поливаат со вода, свесно или несвесно, го подигаат нивото на свеста кај побогатите, кај донаторите. Па добро, знаете ли колку пари се собрани од почетокот на оваа игра во споредба со претходните неколку години?

Не, не е реторичко прашање. Според официјални извори, од почетокот на ALS Ice Bucket Challenge, собрани се 41+ милиони долари.

А за оние „паметните“ еден голем поздрав за вашата желба да се намали популарноста на оваа игра. Сепак сакам да ве потсетам дека се работи за игра каде што 99 од 100 луѓе само ќе пишат АЈС ЧЕЛЕНЏ ЈЕАА БИЧЧЧ КРЕЈЗИИИ, ама еден ќе донира. 1% на 7 билиони. Има разлика.
 
Нема никаков идиотизам, позитвните придобивки и информирањето/осознавањето на луѓето за оваа болест, ги надминуваат негативните така да ок си е све.
 
Под идиотизам повеќе мислев на оние кои со сарказам се однесуваат кон оние што ја шират идејава за ова, отколку за учесниците. Можда неубо се имам изјаснето :)
 
Не се искажа ко шо планираше али ај.
Да не беше всушност ова со кофиве немаше ни да се знае дека постои болеста, така да океј е од таа страна.
Поентата ваљда ко што сфатив на темава е дечиштава што по фејсбук сaкаат да се во центар на внимание, а не ни знаат АЛС што по ѓаволите значи. И нели тоа ги повлекува и вториот и третиот тип на луѓе кои ги нарече отворачот на темава.
 
Под идиотизам повеќе мислев на оние кои со сарказам се однесуваат кон оние што ја шират идејава за ова, отколку за учесниците. Можда неубо се имам изјаснето :)
jas od utre ke pocnam da se polivam so ovcki go*na za da ja podignam svesta na makedoncite deka se najgolemi kukavici vo svet i deka skipovite im ja zemaat drzavata.
the shpon bucket chalengwe
 
Ај овие во странство што имаат и држави и здравства и све па се занимаваат со вакви работи, ама кога ќе видиш кај нас како се поливаат само да се центар пажња а се` уште имаме болести како заушки, хепатит А, вошки фаќаат луѓе, за стапката на нови случаи на карцином да не зборам, ти иде да се упукаш во слепоочница. Од секогаш сме знаеле да ги хендламе приоритетите во државава :)
 
Тоа е моментот бачко. Хендлањето.

п.с се надевам намерно ти е вака напишано и дека не си од оние што глумат австралци со фенси англицизми. Ако си, прими мое сочувство.
 
Пред да почете со читање: Се извинувам што текстот е долг, пробував да го скратам што можам повеќе.

Вака значи. Ретко пишувам сериозни текстови зашто сум навикнат да игнорирам се што е глупаво. Сепак ова е еден деликатен случај на идиотизам што морам да го објаснам.

ALS Ice Bucket Challenge. Бум на интернетов деновиве, сите се поливаат со вода. Првично почна од славните и богатите кои покрај тоа што се забавуваат и предизвикуваат, исто така и донираат пари за помош на заболените од ALS.

Подоцна истиот тренд беше превземен од широката маса кои во последно време се исмевани зашто не донираат. Е сега да стигнеме до суштината на текстов.

Тие што го прифаќаат предизвикот се првата линија на „идиоти“ кои што сакаат да се забавуваат во животот и голем дел од нив не сфаќаат што всушност е ALS. (атеншн хорс)

Сега иде вториот слој, „паметните“ кои на видеата од овие првите оставаат коментари од типот „А дониравте?“(атеншн хорс само кај поспецифичен аудиториум). Сега јас би им го поставил прашањето „А вие дониравте?“ зашто не само „водените“ мора да донираат за помош за таква ужасна болест.

Е сега иде третиот тип на луѓе, оние како мене и тебе што не спаѓаат во првите два типа и ја согледуваат ситуацијата реално. Типовите што се поливаат со вода, свесно или несвесно, го подигаат нивото на свеста кај побогатите, кај донаторите. Па добро, знаете ли колку пари се собрани од почетокот на оваа игра во споредба со претходните неколку години?

Не, не е реторичко прашање. Според официјални извори, од почетокот на ALS Ice Bucket Challenge, собрани се 41+ милиони долари.

А за оние „паметните“ еден голем поздрав за вашата желба да се намали популарноста на оваа игра. Сепак сакам да ве потсетам дека се работи за игра каде што 99 од 100 луѓе само ќе пишат АЈС ЧЕЛЕНЏ ЈЕАА БИЧЧЧ КРЕЈЗИИИ, ама еден ќе донира. 1% на 7 билиони. Има разлика.
Не се согласувам целосно со тебе.
Ако го правиш предизвикот - донирај. (Не е ова за тебе туку општо за тие што го прават а не донираат ни денар а не 100 долари)
 
Никаде немам пишано дека не треба да донираш. Но сепак доколку предизвикот го прават само тие што донираат, никој нема да го прави предизвикот а со тоа никој нема и да донира.
 
Значи, ти можеш да донираш и да не го направиш предизвикот али глупо ми е некој го направил предизвикот само за внимание и не се замара да донира.
 
Тоа е моментот бачко. Хендлањето.

п.с се надевам намерно ти е вака напишано и дека не си од оние што глумат австралци со фенси англицизми. Ако си, прими мое сочувство.
Да, да видам како е да си фенси :)
 
Значи, ти можеш да донираш и да не го направиш предизвикот али глупо ми е некој го направил предизвикот само за внимание и не се замара да донира.
Без предизвиков, голем број на луѓе не ни знаеа што е ALS а не па да донираат. Со самава игра, ако можам така да ја наречам, се прошири знаењето и луѓето почнаа да донираат. Дури и да не донираш помагаш на некој начин пораката да стигне до некој што навистина има пари и ќе донира.

Granted, повеќе од македонциве а и идиотскиов народ низ светов не ни размислиле на ова, туку несвесно помогнале.

Сепак, не ги оправдувам оние што имаат можност($$$$) и го прават предизвикот а не донираат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom