Ај и јас да си кажам мислење.
Прво и основно, не гледам ништо лошо и немам ништо против оние што го прифаќаат предизвикот без разлика дали донираат или не. Некои луѓе едноставно неможат, и незнам како луѓе може да ги судат. Америчкиве ѕвезди имаат милиони, нормално дека 100 долари нема ништо да им смени. А оние што немаат, со самото прифаќања на предизвикот, можеби ќе номинираат некој кој ќе може да си дозволи.
За оние што мислат дека глупаво.... Некој нашол начин да собере пари за цел која што веројатно многу луѓе не би знаеле дека постои да не постоеше предизвикот. И уште побитно, БЕСПЛАТЕН начин да се соберат пари. Колку и да е глупаво, колку и да е погрешно што ете морало да се смисли нешто вакво, за да се крене свеста, сепак функционира. Јас мислам дека е многу подобро од сите оние други организации кои пример ти праќаат маичка или ташна или било што друго ако донираш. Тоа за мене е глупост. Затоа што од тие пари што ги донираш, пола им идат за маркетинг и маички и капчиња и што уште не. Ама реалноста е таа. Ретко кој ќе донира од чиста мера, без да има никаква допирна точка со таа организација. Значи, сите организации кои собираат пари за било која причина, мораат да најдат начин да им покажат на луѓето дека таа организација постои и дека им треба помош. Било што, што ќе им помогне да ја пренесат пораката, им помага. И иако трошат пари за тие маички, сепак влече луѓе да донираат. Овој предизвик е бесплатен а веќе имаат собрано повеќе од 50 милиони долари. Ако тоа е лошо, незнам што е добро.
Исто така имам слушнато и дека има и организации (кои се залагаат да им помогнат на, пример гладните во светот, или тие што немаат вода) на кои можеби повеќе им требаат тие пари. Има и ќе има многу организации каде што може да донирате и ќе помогнете на некој. Ама тој што го почна предизвиков нашол начин да ја крене свеста околу АЛС. И другите организации можат да најдат начин, само треба да се потрудат.
Оние што го прават предизвикот, без да прогуглаат што значи АЛС, се атеншн хорс, да. Ама за секој еден таков, има барем еден друг што ќе прочита. И тие атеншн хорс треба да се игнорират. Секогаш ќе има некој таков. Тие не треба да бидат центарот на внимание на предизвикот.
И за оние што викаат дека немора да се полиеш со ладна вода за да донираш... Да, не мораш. Ама тоа е она што го прави предизвиков интересен и затоа се шири толку брзо. Тие што не сакат да се поливаат со ладна вода, воопшто не мораат. Само нека не мрчат. Зашто многу е голема веројатноста дека тие што го викаат тоа, немаат донирано, нити планираат.
За Македонија, реално ретко кој може да си дозволи да донира толку. И тоа е ок, ама и тие што донираат, донираат каде? За Америчката АЛС алијанса. Колку е паметно тоа? Можам да сфатам дека ете и они сакале да бидат дел од нешто што е толку популарно, ама зашто некој не го смени малку, да го приспособи на Македонските стандарди? Наместо 100 долари, нека бидат 100 денари. Доволно луѓе може да си дозволат 100 денари. И уште побитно, да се најде начин (ако веќе нема) да осигура дека парите ќе одат кај болните од АЛС во Македонија. Затоа што сигурно дека тие пари што ги добива Америчката АЛС алијанса, нема да стигнат до Македонија никогаш.