Идеален човек?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Идеален човек!!?? -Не постои таков. ;)
 
Ах, тема која мириса на Платон...:pipi:
Идеалното е нешто надвор од сетилното.
Главна карактеристика со која се одликува идеалното е доброто.
Идеалното го инспирира, мотивира сетилното да го копира и емитира идеалното.
Колку и да е добра копијата, никогаш нема да биде исто како идеалното.
Но колку поуспешно копира и емитира, толку копијата е подобра.
 
Идеален станува човек кога пак ќе стане дете.
 
Sekoj individualno si misli deka si e idealen.No dali e toa sepak taka ?Sekoj si ima mani,nekoj pogolemi nekoj pomali.Znam deka vo toj pogled koga sudam nekomu sum malce postroga,nekoj mani mi smetaat,cel zivot se trudam da si objasnam samata sebe si deka idealnost nema.Lugeto treba da se prifatat onaki kakvi sto se....
 
Идеалноста е илузија, граници на нешто зацртано кои се поместуваат константно. Супермен е идеален, се додека не се дознае дека криптонитот може да го убие, после тоа се бара супермен што е имун на криптонит, и после тоа нешто друго ќе треба, па трето, сведувајки се на endless loop.
 
Не постои во никој случај идеален, совршен, прекрасен човек. Да, човек, може од време на време да промени нешто во својот карактер, во однесувањето, но генерално никој не се менува комплетно, колку и да сака.
Идеален човек би бил оној кој знае да ги почитува другите онолку колку што го почитуваат него, да во разговор со "пониски" од него биде човек, а не понижувач, а кога е со "повисоки" од него да го зачува своето достоинство. Идеален човек е оној кој знае секогаш да си го брани својот збор, онолку колку што е потребно без да навреди друг, и оној кој што ќе биде способен да си ја држи устата затворена кога личност којашто не му е рамна го навредува или прави нешто против него.
 
Back
На врв Bottom