Точно, секое сомневање дека во овие слики прсти вмешал Photoshop пропаѓа во вода ако се навлезе длабоко во психологијата на redneck теткиците од Teксас, Мејн и останатите држави на истото ниво на образование, каде домашните обврски се поделени на следниот начин: татковците се должни да ги пасат стадата со бафала и да ги сеат/жнеат нивите, додека на бившите „Miss Texas '78“ кои денес по правилата на природата се дебели мрсни американски теткици им преостанува само да си ги користат сиротите ќерки како инструмент за натпреварување со комшивката чие детенце е поубаво (читај: поунаказено). Како и да вртиш, се додека не дојде до револуција, овие мали и беспомошни суштества, исто како и генерациите што следуваат по нив, се осудени на истата упропастена судбина, опишана во редовите угоре.