И неговото име започнува на Че

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Епа сакајте си ја цела... :) и сакајте се еден со друг...како сограѓани, сонародници...а не очите да си ги ваѓате еден со друг...
Bertone, убаво речено... Јас би рекол дека и не мора да има меѓусебна љубов, но се згрозувам од омразата што некои ’Македонци’ ја покажуваат кон други Македонци... На пример, отвори ја темата: Глигоров прогласен за „Државник на столетието“... Ќе видиш колку членови на овој форум се изјаснија дека жалат “sto ne go roknaa kako sto treba koga bese atentatot“!

Сите овие напори кои што се вложуваат за Ченто да не биде прифатен за некогашен комунист е само од политички (и теснопартиски) побуди... Демек ако бил комунист, автоматски станува поблизок на идеологијата на СДСМ... Уф, скраја да е... А не се ни обидуваат да го прифатат Ченто, едноставно, како човек кој што се борел за Македонија... Тоа што Ченто неколку години бил вклучен во комунистичкото движење во Македонија воопшто не значи дека Ченто сакал да ја прифати ’левата’ идеологија... Единствената причина била таа што во тој момент тоа движење го сметал за попрогресивно и подобро за Македонија... За жал, кога завршила војната, се вмешале некои ЈУ емисари кои што започнале со политика поради која Ченто морал да се повлече и да води мирен живот... Но дури и тоа не му било дозволено!
 
Зар секоја идеја на секој човек мора да биде теснопартиски поврзана. Дај да навиваме за Вардар веќе еднаш, а не за ВМРО ДСМСЕ. На стадион собира ГWујо 20 пати повеќе публика, а дури не игра ни против Рома... :toe:
 
Cento e uapsen demek kako bega za Grcija..znaci ne go fatile na granica nego uapsen e na drugo mesto a za narodov da se zalaze ispaga deka e uapsen na grcka granica.
 
Неодамна во Прилеп се случи скандал со фалсификување на неговата фотографија на која што му беше извадена петокраката...
2. Што мислиш, зошто му беше извадена петокраката? За да не го обвинат дека шурувал со американските воени авиони???
Петокраката не му беше извадена. Сликата е земена од оригинална фотографија на која нема петокрака на капата. Фотографијата ја имам лично видено!
Ченто засекогаш!

dsc00528ayu7.jpg
 
Петокраката не му беше извадена.
Многу сте значи упорни...

НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 50 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ

Избришана петокарката од капата на Ченто

Со остранување на петокраката од неговата капа, осквернавена е фотографијата на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, на денот на одбележувањето на 50 годишнината од неговата смрт. На 24 јули на чествувањето на годишнината од смртта на првиот претседател на Народното собрание на Македонија, ист портрет изработен на платно беше поставен на sидот од Куршумли Ан, спроти неговиот споменик во Центарот на Прилеп. Плакати со истата фотографија по повод одбележувањето на годишнинана и сега има низ градот.
"Го нема симболот на работничкото обединување со што се прави обид за фалисификат на историјата", обвини боречката организација од Прилеп.
"Револтот кај граѓаните на Прилеп е голем и борците од градот првоборец и херој најостро го осудуваат сквернавењето на фотографијата на која Методија Андонов Ченто е во партизанската облека со капа без петокрака", стои во соопштението од боречката организација.
"Ако се негира симболот на партизанското движење не само што не е во ред, туку значи се негираме сами себеси", вели Марија Јакимоска, ќерка на Методија Андонов Ченто. "Ме повредува деновиве што името на татко ми не се споменува, и ако се заборави на 100 годишнината од неговото раѓање, се чествуваше за смртта", вели таа. "Татко ми беше учесник во НОБ, но како ќерка немам ни фотографија со негов партизански портрет. И ако е намерно отстранета петокраката навистина не е во ред", изјави Јакимоска.
 
Епа постирај го цел текст тогаш не само еден дел. Еве го продолжението:

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп најдостоинствено ја одбележал 50 годишнината од смртта на Ченто. Тој не сака да коментира нешто што не го направила локалната самоуправа . "На комеморацијата ја имавме фотографијата што ја знаат сите и што стои во мојот кабинет, а покани ниту порачавме ниту имавме, граѓаните за чествувањето ги поканивме преку медиуми", вели прилепскиот градоначалник Ристески.
Внукот на Методија Андонов Ченто, Јане Ченто вели дека борците се занимаваат со банални работи, "наместо да ја поканат фамилијата и за денешните чествувања по повод Двојниот Илинден".
"Дедо ми не беше комунист но ги подржувал, тој беше партизан", вели Јане кој тврди дека фотографијата на плакатите е правена со компјутерско зголемување од групна фотографија на Ченто со негови соборци објавена во книгата што на својот татко ја посветил Илија Андонов Ченто, а тој ја позајмил на негов другар.
"Иницијативата за плакатите и за портретот беше моја и во иднина за секој борец што е жртва на комунизмот на културен начин ќе правиме знамиња, плакати, музика. Фотографијата е компјутерски работена и е како оригиналната што ја користевме. На неа само еден е со петокрака на капата, вели Дејви Спиркоски, член на музичката група "Македонски синови".

[/FONT]
 
Петокраката не му беше извадена. Сликата е земена од оригинална фотографија на која нема петокрака на капата. Фотографијата ја имам лично видено!
Ченто засекогаш!

I sega imalo ili nemalo petokraka?
 
Извртувањето на историските вистини, за ефтини политички цели е најголемиот срам што може да истрпи еден историски факт!
 
Во книгата од Крсте Црвенковски и Славко Милосавлески „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ се кажува дека Ченто како член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ бил примен во КПМ во 1943 година!

Иако се вели дека „неговиот приод кон низа практични прашања се покажува повеќе како либерално-граѓански отколку како ортодоксно-комунистички...“ (стр. 76).

Абе срце ќе ви пукне заради таа петокрака на Ченто!:)
Ви пречи како на ѓаволот крстот што му пречи!:)

Еве еден коментар во весник после скандалозното бришење на петокраката од капата на Ченто:
На Ченто му ја избришале петокраката од капата. Борците се бунат, а организаторите во Прилеп велат дека тоа е банално прашање.
Да бришеш историски факт од сопствената историја значи да си полош од тие што не ти признаваат ни име, ни народ, ни знаме, ни јазик, а богами, ни граници.
Најтрагично е тоа што на Ченто петокраката му ја избришале во негово име. Божем, го сториле тоа со најдобра намера, оти бил жртва на комунизмот. И со тоа го навредиле баш Ченто. Тој се борел под тој симбол. Да не сакал петокрака немало ни да ја носи.

chento1.jpg
 
Во книгата од Крсте Црвенковски и Славко Милосавлески „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ се кажува дека Ченто како член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ бил примен во КПМ во 1943 година!

Иако се вели дека „неговиот приод кон низа практични прашања се покажува повеќе како либерално-граѓански отколку како ортодоксно-комунистички...“ (стр. 76).

Значи убеден комунист влегува во СКМ дури во 1943 година?! Но комент!
 
Значи убеден комунист влегува во СКМ дури во 1943 година?! Но комент!
Да, пред тоа бил во заточеништво во Петрич... Пред тоа само им помагал... А веднаш откако бил ослободен, се вклучил во КПМ!
И не барај влакно во јајце... Тој термин убеден комунист го употреби неколку пати... Јас не знам дали бил убеден или неубеден, но знам дека бил комунист!

Извртувањето на историските вистини, за ефтини политички цели е најголемиот срам што може да истрпи еден историски факт!
Абе остави ги... Го прават токму истото што го правеа комунистите 40 и кусур години... А против нив галамат дека ’ја искривувале вистината’...

Многу паметна работа кажа еднаш професорот Ѓорѓе Маријановиќ:
Од комунистите се полоши само антикомунистите...

А еден друг умен човек го има кажано следново:
Врз база на траумите и комлексите создадени во поранешниот систем се оформи една идеологија на антикомунизам. Тоа се случи во сите поранешни републики (преку Шешељ, Туџман) на Југославија па и пошироко (Жерновски, Лукашенко, Илиеску) итн. Таа идеологија поради својата квантитативност прерасна во политичка опција која се понуди во сите транзициони земји. Проблемот на таа идеологија сепак останува во суштината. Многу е тешко да оформиш реална, долгорочна, стратешка идеологија врз база на омраза на некоја претходно. Нужно е при таква определба траумите да те однесат во погрешна радикализација. Тоа нормално се случи и кај нас.
 
Во книгата од Крсте Црвенковски и Славко Милосавлески „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ се кажува дека Ченто како член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ бил примен во КПМ во 1943 година!

Иако се вели дека „неговиот приод кон низа практични прашања се покажува повеќе како либерално-граѓански отколку како ортодоксно-комунистички...“ (стр. 76).

Абе срце ќе ви пукне заради таа петокрака на Ченто!:)
Ви пречи како на ѓаволот крстот што му пречи!:)

Еве еден коментар во весник после скандалозното бришење на петокраката од капата на Ченто:


chento1.jpg

vidi :) znaci ako moze da se izbrise , togas sigurno moze i da se nalepi pa ajde sega dokazi deka nekoj nego napravil toa so namera., i so kakva i koja cel?
 
Silen, јас не знам дали Ченто имал членска книшка од КПМ... И дали плаќал членарина... Но знам дека ПО УБЕДУВАЊЕ бил комунист...

Да, пред тоа бил во заточеништво во Петрич... Пред тоа само им помагал... А веднаш откако бил ослободен, се вклучил во КПМ!
И не барај влакно во јајце... Тој термин убеден комунист го употреби неколку пати... Јас не знам дали бил убеден или неубеден, но знам дека бил комунист!

Терминот убеден комунист го употребив како последица на твоето тврдење дека Ченто бил комунист по убедување. Значи слободна интерпретацуија на твоите зборови. Ќе се сложиш голема разлика нема!

За твојот одговор зашто Ченто како комунист по убедување чекал 22 години за да му текне да стане член на Комунистичката партија и дека само 5 години пред тоа бил избран како кандидат на конзервативните леви сили останувам без коментар!

Па не бил 22 години во затвор!

Ченто е роден 1902.
КПЈ е формирана 1921
Ченто станува член дури 1943!

Мене ми е многу матно неговото комунистичко убедување па ти како сакаш интерпретитај!
 
Ти очигледно имаш проблем со македонскиот јазик... Или можеби свесно го толкуваш на погрешен начин... ’Комунист по убедување’ има сосема подруго значење... Гледај со какви глупости се обидуваш да ја пренасочиш вистината... Убеден, неубеден...!? И кога е роден, па кога станал комунист... Демек вистински комунисти се само оние кои што станале комунисти на денот на формирање??? : )
Ченто ги подржувал комунистите и пред 1943 година, а тогаш одлучил да се зачлени во партијата!
Каде ти тука гледаш проблем?

И реков да не барате ’влакно во јајце’!
И не се однесувајте исто како и комунистите 40 и кусур години... И исто како што сега се однесуваат СДСМ и ДПМНЕ... Прифатете го фактот дека Ченто бил комунист... и дека потоа истите тие му нанеле зло... Нема потреба од фалсификати... Фактите нека си бидат факти... Нека се каже дека Ченто ја критикувал теоријата дека ние сме потомци на Александар Македонски и тврдел дека сме Словени... Нека се каже и тоа дека Ченто бил докажан атеист, бил против црквата и дека во црква воопшто не се венчал... Има уште многу други работи за него... И нема потреба да правиме селекција што од сето тоа ќе прифатиме, што ќе ’префарбаме’ и што комплетно ќе ’избришеме’!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom