Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Bertone, убаво речено... Јас би рекол дека и не мора да има меѓусебна љубов, но се згрозувам од омразата што некои ’Македонци’ ја покажуваат кон други Македонци... На пример, отвори ја темата: Глигоров прогласен за „Државник на столетието“... Ќе видиш колку членови на овој форум се изјаснија дека жалат “sto ne go roknaa kako sto treba koga bese atentatot“!Епа сакајте си ја цела...и сакајте се еден со друг...како сограѓани, сонародници...а не очите да си ги ваѓате еден со друг...
Сите овие напори кои што се вложуваат за Ченто да не биде прифатен за некогашен комунист е само од политички (и теснопартиски) побуди... Демек ако бил комунист, автоматски станува поблизок на идеологијата на СДСМ... Уф, скраја да е... А не се ни обидуваат да го прифатат Ченто, едноставно, како човек кој што се борел за Македонија... Тоа што Ченто неколку години бил вклучен во комунистичкото движење во Македонија воопшто не значи дека Ченто сакал да ја прифати ’левата’ идеологија... Единствената причина била таа што во тој момент тоа движење го сметал за попрогресивно и подобро за Македонија... За жал, кога завршила војната, се вмешале некои ЈУ емисари кои што започнале со политика поради која Ченто морал да се повлече и да води мирен живот... Но дури и тоа не му било дозволено!