И/му пративте порака - не реплицира (кој е следен чекор?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Amateur
  • Време на започнување Време на започнување
Ziveeme vo vreme na arogancija i egoizam zatoa i vrskite i brakovite se poveke licat na vojna nego na nesto so bi trebalo da e ubavo.Celta ne navrakanjeto na poraka ne e nisto drugo nego bildanje na svoeto ego.
немора да значи , еве ке појдам од себе у врска со ова...
кога не ми се праи меракот и не ми значи ништо само културно одговарам (некои воопшто и не одговараат), ретко и да прашам и така брзо завршува конверзацијата и сеа кој дел од ова ке те наведе дека јас егото си го хранам?
 
Сум се видел со девојчето еднаш.
И праќам порака дека супер сум си поминал со неа.
Она не враќа на пораката.
....................
Решение: идам до кај неа дома да проверам дали телефонот и е во ред:pos:

Иначе, да бидам озбилен во таква ситуација ќе пратам уште една порака колку да знам на што сум, да не бидам во неизвесност.
 
немора да значи , еве ке појдам од себе у врска со ова...
кога не ми се праи меракот и не ми значи ништо само културно одговарам (некои воопшто и не одговараат), ретко и да прашам и така брзо завршува конверзацијата и сеа кој дел од ова ке те наведе дека јас егото си го хранам?
Znaci kulturno odgovaras a ne ignoriras,tuka e poentata.
 
А зашто воопшто се замарате со тоа дали ви одговориле или не? Секој различно гледа на тие работи, некои на пример не можат да живеат буквално ако не испратат порака, а некои па воопшто не се ни замараат со тие работи. Мислам не треба да се гледа на тоа дека ако некој не ви врати на пораката значи дека не е загреан за вас или дека сака да ве откачи.
Јас сум се нашла и во двете ситуации, да не враќам на пораки и да не ми вратат на пораки. Едноставно не можам секогаш да враќам и се надевам на разбирање од спротивната страна во спротива што да им правам ако ми замеруваат за едни пораки поарно воопшто и да не ми пишуваат, така и тие и јас ќе бидеме со мирни глави.
А доста пати и не ми враќале не ми смета и не замерувам бидејќи и јас истото го правам нели, глупо е да замеруваш за нешто кое и ти го правиш. Едино ми смета кога пред време ќе ми речат дека еве на пример некој ден ќе се видиме, ќе дојде тој ден, а од нив нема ни траг ни глас. Ако имаат работа, не можат во ред разбирам ама нека кажат пошто во спротива ја ко утка цел ден ги чекам за тек вечерта да ми речат еј извини не можев.
 
@aye Читаш што пишуваш или само да пополниш муабет? Не е муабетот да пратиш порака и да очекуваш веднаш одговор, туку одговорот да биде во разумно време. Секој има време од 10 секунди да напише - Почекај малку. Точно? :)
 
@Триптико кажав што мислам во врска со темата. Нормално дека секој има време од 10 секунди да врати на порака но зависи и што ти пишуваат. Но не можеш на буквално се да враќаш. Еве конкретно за темава си искочил со некоја си поминал убаво, си одите дома и и пишуваш. Супер си поминав вечерва. (мислам погоре некој пиша за ова) И кажи ми што очекуваш да ти врати? кога очекуваш да ти врати и доколку не ти врати на пораката значи не си поминала добро со тебе?
 
Koj ne vi vraka na poraka odma brisenje od listata na prijateli,nema so zamaranje so nekoj so ne saka da komunicira so vas!(y)
 
Среќна ќе сум ако ме избришат сите кои хистеришат ради една неодговорена порака. Не ми ни требаат такви луѓе во животот.
 
Среќна ќе сум ако ме избришат сите кои хистеришат ради една неодговорена порака. Не ми ни требаат такви луѓе во животот.
Nitu pak na nekomu se potrebni ljuge ispolneti so arogancija i samobendisanost,taka da dvete strani ke bidat srekni i zadovolni!;)
 
Секој има време од 10 секунди да напише - Почекај малку. Точно? :)

Треба да ти е јасно дека денеска сите сме буквално презафатени (иронија), па немаме ни 10 секунди за да пишеме ова. Како мислиш, не секој заслужува одма да му вратиме.

Не само во љубовни врски, во глобала земено кога некој ми пишува, 99% од времето враќам или се јавувам на телефон. И на спиење ме барале, па сум се јавувала, на јадење, кога сум била ептен концентрирана на учење итн. Значи, ако јас можам, може и другиот. Зашто? Затоа што ако се случи да пишам дека после ќе им вратам, можно е и да заборавам.
За ова враќање и нонстоп пораки и лигавења воопшто не сум, али сум за тоа на човек да му вратиш кога те бара за нешто. Се друго ми е непочит.
 
@aye А што ја кошта неа да врати? Две секунди работа. Сум забележал дека на фб 24/7 "дробите", а на смс можно е и да не вратите. Ако малку имаш почит, ќе вратиш. Ако не, да не се буниш после зошто некој има некакво мислење за тебе. (ова не е лично, само правиме муабет)
 
Треба да разграничите враќање од веднаш враќање на порака.
Едното со другото има огромна разлика.
Ако се бараат приоритети кај едната страна тогаш респектот што го нуди другата не е заслужен кај првата.
 
@MAJA 345 Не зборувам за секојдневни пораки од типот: Стана? Што правиш? Го гледаше филмот? Каде бевте вчера?... и сл. Некои пораки имаат приоритет, некои може да чекаат. Според мене, една смс не смее да остане без одговор подолго од ...ајде неколку часа. Ако е за договарање за некаде, за правење нешто (ова може да е дискутабилно, се надевам нема да злоупотреби некој) не смее да чека повеќе од неколку минути. На што личи се договараш со некој, а не ти враќа или не враќаш? Си чекате двајцата :D
 
Треба да разграничите враќање од веднаш враќање на порака.
Едното со другото има огромна разлика.
Ако се бараат приоритети кај едната страна тогаш респектот што го нуди другата не е заслужен кај првата.
Некои не враќаат никогаш. За тоа е муабетот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom