Премногу сплетки и глупости направија А1... Не ме иритира тоа што нема ништо позитивно во нивните вести и го прикриваат она што е добро направено-барем да заличи на објективен медиум, ме нервира тоа што го потценува народот, го смета за глуп и мисли дека со толку очигледни и ефтини ТВ трикови, со свои таканаречени „експерти“ и „подржувачи“ (читај братучеди на вработените) ќе успее да го изигра. Подржувам секаков протест против нив, не поради некоја партија туку поради тоа што сакам А1 да биде телевизија, како што некогаш и беше. За Велија мислам дека и не е вреден за коментар.