Веке го имам телефонот дваесетина дена и ред е да пишам импресии. Најпрво уште од пакувањето на телефонот се гледа дека во неа се крие нешто вредно. Спакуван е во една кутија во форма на книга и излегува со влечење. Внатре најгоре е сместен телефонот обезбеден од паѓање. Под телефонот се сместени и останатите работи. Останатиод дел вклучува полнач и кабел, слушалки, заштитна гума и упатство за работа. Полначот со кабелот и слушалките се добро завиткани во нешто како пластични кеси. Материјалите од кој се изработени сите делови во пакувањето се со одличен квалитет, а не како што сме научени обично од кинеските производи.
Спецификациите за телефонот веке ги знаете, а за тие што не ги знаат можат да ги погледнат
тука.
4.7 инчен дисплеј дава одличен преглед над се што се случува на екранот но може да ви зададе проблеми во носењето во џеб. Дебелината или поточно тенчината од 6.22mm го прави лесен за ракување. Работи со micro sim картичка што значи дека ако го купувате телефонот веднаш побарајте и микро сим картичка. Слотовите за мемориската и сим картичката се сместени странично а батеријата е затворена.
4 јадрениот процесор 1.5 GHz како и 2 GB ram одлично си ја вршат својата работа и го прават телефонот вистински флеш во однос на брзината на обработка на податоците. Во овие дваесет дена што го користам телефонот нема ми се случено ниту малце да засецка. На него ги имам инсталирано сите најпопуларни апликации за комуникација како и некој помошни алатки и сите си работат одлично без никакви проблеми. Како тест ја ставив играта револт 2, бидејќи мислам дека е некој репер за брзината на телефонот, и играта си тера без никаков проблем. Во претходен пост некој пиша дека е no name процесорот и џабе е и да е 12 јадрен и неможе да се споредува со останатите, јас според моето искуство досега не се слагам со ова мислење.
Внатрешна меморија има 8GB од кој 4.4 се на располагање што е сосема доволно засега (и наредните неколку години). Има слот и за мемориска картичка, но картичката ке мора сами да си ја купите. Камерите 8 и 5 мегапиксели повеќе нема што да коментирам за нив. Батеријата како и кај другите смартфони при нормално користење 1 ден, при поголемо оптеретување и двапати полнење во текот на денот.
Лично јас од телефонот сум презадоволен. Останува сега на времето да видиме како ке се однесува понатаму и колку ке издржи, а како што имам слушано до сега нема се вратено телефон на сервис (да не му правам уроци сега
). Тоа се отприлика моите импресии од телефонот.