http://www.youtube.com/watch?v=OJ610dDSER0

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
905
Сина жолта светлина полека се прикраде низ ситните дупки на моите ролетни. Го поремети мојот длабок сон. Започнаа реденките по „список“ на се живо и диво прво од проклетото утро, од потребата за 2 часовен сон, па се до проклетата дневна рутина. Така полека се довлечкав до ролетната да го растерам магловитиот поглед со остар поглед кон булеварот. Очекуваш бран свеж воздух да влета во собата, а те удира реа од смрдеи...но сепак ја оставаш вратата „да се излуфтира“ . Кафето клокоти на ринглата. Веќе започнуваш да размислуваш како што треба. Се е со тон жолтеникава боја исто како во Le Fabuleux Destin d'Amelie Poulain.

Сите рутини обавени. Спакован сум, ранецот на мене и се нурнувам во денот. Улици, брзања, ...нервозни луѓе...Единствените луѓе што полека ги влечкаат нозете се пензионерите кои „на време“ си ги обавија своите дневни задолженија (во 6.15ч во амбуланта, па во 7.15ч во банка) летаргично шетаат по улиците немо гледајќи ги „младите“ како трчаат по своите обврски и длабоко во себе си приспомнуваат како им било нив кога тие биле млади (сигурно полесно забл.авторот). Тагата ја убиваат во партија шах или се дават во водата која започна да клокоти и чека да премине во ручек.
Но, она што денес ми предизвика внимание, не беа нивните физички активности. Не беше дневната рутина со која тие се соочуваат секојдневно. Денес...решив да нурнам подлабоко.

...Депресија...

Модерната болест на нашето време. Убива исто толку луѓе, а можеби и повеќе од рак предизвикан од пушење, дрога и сл. Но, овде нема „Не, благодарам...“.

Одеднаш се погледнав наоколу. Се беше толку убаво. Жолти згради, жолт асфалт, ластовичките прават акробации на студениот утрински воздух, небото блеска со светло сина боја. Од време на време допира до мене мирис на некое дрво чие име не го знам ,ама ми мириса толку убаво. Поминувам покрај локалното игралиште и се смеам во себе на начинот на кој зборува тренерот на малите надежни фудбалери (позади Три Бисери, секој понеделник, среда и петок во 9ч сабајле забл.авторот).
Шетањето на моите очи на крајот започна да завршува на лицата на бескрајните поминувачи. Ништо не забележуваа. Го гледаа само часовникот, а обврските започнаа да ги обавуваат преку своите мобилни телефони. Собираат енергија да се соочат со своите колеги, шефови и газди. Длабоко во нив се гледа надежта за едно подобро задутре (сите знаеме дека утре ќе биде ист шит) кога тие би уживале, би имале многу пари...стан...модерен автомобил и пристоен одмор некаде низ Европа и викенд излети на Егејско море.
20 години истиот такт - Весело Сонце,...а тажен народ. Манична депресија на секое лице. Чувствуваш како нервите на секого се оптеретени под максимален товар на дневните обврски. Сето тоа сите не тепа...не убива во поим...за она што сме и кои можеме да бидеме...

Чаре дами и господа?...Хм ...нема, барем не го поставувате на правилното место, тоа е сигурно... На погрешно место, во вистинско време.

Името на насловот е нешто што треба да го слушнете овде,...на крај...откако се пронајдовте себе си.
 
Attachments

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
ОК да тоа се на се се должи на ОООгромниот број на невработени млади луѓе шо напразно ги мерат улиците секојдневно, денска кафе шема, непотребно шлаење наваму натаму до факс, низ некој шалтерчиња и институции низ градов колку да се осетиш корисен, и остатокот од денот висење на некој од социјалниве мрежи, со повремени секс средби со дечко/девојка (доколку се има)навечер и тоа е се. И послем сакаш депресија, епа ќе мава и тоа како ќе мава, животот почнува да личи на некоја безцелна рутина, сите сме жртви на трулиот систем, деградација на општеството, гетоизирана држава, безнадежна младина...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827

Според мене,ние сите сме жртви на овој посран либерален капитализам,ама не таков како што е поставен на пр.во Шведска,туку кај нас како е поставен,тоа е катастрофата.Назад во 1992 сите фирми заедно вредеа-5 милијарди $,во 1998 сите фирми заедно вредеа-500 милиони $.
И после сакаме прогрес,сакаме напредок,сакаме весели и насмеани лица.Па овие политичариве се испокрадоа,се уништија,само во мојот град има 8-9 гигант фирми кои во спомнатиот период ги поебаа како да се маалски гранапчиња.И сега имаме вакви ситуации во секој македонски град.А требаше само да им се објасни на луќето што сетоа акции,да се правилно трансформираат фирмите и да се стават способни менаџери кои ќе знаат да ги управуваат и раководат со нив.А се правеше токму спротивното.Затоа сега ќе гледаме толку млад свет кој само сака да избега одовде и млад свет кој се матка по спортски кладилници и кафичи.Поздрав
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Сето тоа е совршено точно, но зарем не ви е смачено од интелегентни опсервации кои не поттикнуваат на никаква акција?
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Сето тоа е совршено точно, но зарем не ви е смачено од интелегентни опсервации кои не поттикнуваат на никаква акција?
Акција може да покрене некој на позиција, пример Зоран Ставревски, а не обичен адолесцент пред компјутер седнат.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Акција може да покрене некој на позиција, пример Зоран Ставревски, а не обичен адолесцент пред компјутер седнат.
Политичарите не се посилни од маса народ. Акција треба да се покрене од таму, па после политичарите да реагираат.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
ОК да тоа се на се се должи на ОООгромниот број на невработени млади луѓе шо напразно ги мерат улиците секојдневно, денска кафе шема, непотребно шлаење наваму натаму до факс, низ некој шалтерчиња и институции низ градов колку да се осетиш корисен, и остатокот од денот висење на некој од социјалниве мрежи, со повремени секс средби со дечко/девојка (доколку се има)навечер и тоа е се. И послем сакаш депресија, епа ќе мава и тоа како ќе мава, животот почнува да личи на некоја безцелна рутина, сите сме жртви на трулиот систем, деградација на општеството, гетоизирана држава, безнадежна младина...
mnogu e vazno pametot da ti bide okupiran so nekoja rabota oti poznata e izrekata vo psihologijata koga covek nema rabota pravi gluposti

--- надополнето ---

Акција може да покрене некој на позиција, пример Зоран Ставревски, а не обичен адолесцент пред компјутер седнат.
narodot e sila toj rusi toj gradi
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
narodot e sila toj rusi toj gradi
Народот е стадо овци.
Цел свет е едно големо стадо на овци.
И нормално како и сите овци се експлоатираат до коска.
Овците одат а незнаат каде одат, ама само да не се брзаа таму кај што не знаат кај одат и ќе беше супер.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Народот е стадо овци.
Цел свет е едно големо стадо на овци.
И нормално како и сите овци се експлоатираат до коска.
Овците одат а незнаат каде одат, ама само да не се брзаа таму кај што не знаат кај одат и ќе беше супер.
Токму така, да беше спротивното точно, народот досега ќе кренеше револуција..поединците се тие што ја имаат силата, власта и моќта во свои раце, народот е тотално овчешки немоќен.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Народот и треба да биде офца. А на офците им треба некој добар офчар за да ги води и да ги чува, за да може после да ги стриже, за офците да бидат задоволни и офчарот да биде задоволен.
За да нема офчар, треба да нема офци, за офцата да еволуира во нешто подобро, по способно за самото да опстане во општеството мора да помине уште стотици години.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
ОК да тоа се на се се должи на ОООгромниот број на невработени млади луѓе шо напразно ги мерат улиците секојдневно, денска кафе шема, непотребно шлаење наваму натаму до факс, низ некој шалтерчиња и институции низ градов колку да се осетиш корисен, и остатокот од денот висење на некој од социјалниве мрежи, со повремени секс средби со дечко/девојка (доколку се има)навечер и тоа е се. И послем сакаш депресија, епа ќе мава и тоа како ќе мава, животот почнува да личи на некоја безцелна рутина, сите сме жртви на трулиот систем, деградација на општеството, гетоизирана држава, безнадежна младина...
A демек вработените не се депресивни?

Акција може да покрене некој на позиција, пример Зоран Ставревски, а не обичен адолесцент пред компјутер седнат.
Зошто Зоран Ставревски би покренал акција? Ти личи на депресивен?
Еден студент не може да направи ништо, ама 1000 можат. Секаде и секогаш во светот, студентите и воопшто младината, се главни иницијатори на промени. А кога возрасните ќе ги видат своите деца на улица, и тие се приклучуваат. Ете ти масовен протест, ете ти промени. Is it really that hard?

mnogu e vazno pametot da ti bide okupiran so nekoja rabota oti poznata e izrekata vo psihologijata koga covek nema rabota pravi gluposti
Важно е мозокот да ти биде окупиран со размислување, за да можеш да процениш дали некоја од тие работа всушност не е глупост и дали е тоа што вистински го сакаш.

Не е причината во невработеноста, не е причината во нашите политичари. Причината е во целиот свет, во лажните вредности и цели (и најчесто недостижни) што ни се вградени во мозоците уште од мали. Како куче кое се труди да ја фати топката која се наоѓа во раката на стопанот. Во моментот кога ќе скокнеш, топката оди повисоко, а ти си осуден на неуспех, без разлика што и да направиш.

Како што кажа Дмт, сите сме едно стадо ставени на подвижна лента која не' води кон кланица. Па уште и брзаме да стигнеме први.

Chickens vs. Humans - Can you really tell the difference? (Сцена од документарецот "Baraka")

Некогаш е добро да си последен во редот...

И не, народот не е немоќен. Народот е овца се' додека не реши да престане да биде. А тогаш, станува семоќен!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom