How I Met Your Mother

  • Креатор на темата Креатор на темата Alley
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ви е омилен лик од серијата


  • Вкупно гласачи
    301
  • Гласањето е завршено на .
Јас пред месец два почнав да ја гледам на фокс лајф, ме изненади супер серија.
Како и кај поголем дел барни ми е омилен лик, а баш вчера дознав дека глумецот е отворен хомосексуалец :pos:
 
Некако не ми штимаше само она со одбројувањето ( другар го примети, не ја ), и на крај буум ... кој би рекол.
 
Бољи допелгангер за Барни од гинеколог не можеа да најдат :)
 
Серијава е legend- wait for it- dary! Многу е добра и ми е омилена хумористична серија
 
Тешка епизода. Воедно одлично продолжија после неочекуваниот крај на минатата, со помала доза на хумор.
 
Очекував оваква епизода целата во куќата на Маршал со малку хумор. Ама после крајот на претходнатанеможеше да има повеќе хумор. Верувам дека од наредната ќе биде многу повесело :)
 
Погребот беше баш во нивни стил. Не го тупеја многу со жалењето, а тоа шо мораше беше ок. И хуморот со малце повеќе вкус како шо се очекуваше.
 
Уф, какви 2 епизоди последните. Покажаа дека во sitcom не мора се да се врти околу com делот. HIMYM се истакна со овие епизоди опишувајќи вистински животни ситуации. Во секој случај, доволни беа 2 по ред вакви епизоди, нека се враќаат на она што најдобро го знаат - Barney being awesome :)
 
Инаку, не знам дали забележавте 2 куриозитети во оваа епизода. За прв пат, по подолго време, епизодата веднаш започна со најавната шпица, а не со сцена па после шпица. И, имаа мала грешка во континуитетот. Ако се сеќавате на поранешните епизоди, конкретно на епизодата Monday night football, кога ќе почини Марк од Мекларенс барот (оној кој никој нема да знае кој е), Барни објаснува дека погребите се единствено место каде што оди без костум, а во оваа епизода сепак носи костум.
 
Серијава е топ! Незнам како порано не почнав да ја гледам, ама еве полека полека стигам до 6та сезона, сега ја гледам 5та сезона 15 епизода...

Hi 5 bro! :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom