Ах, кој ќе чека цело лето...
Ќе си ја гледам Friends во меѓувреме.
Иначе се заразив со серијава периодов, изгледав 6 сезони за рекордно време и крајот ми се допадна многу. Читав коментари овде и гледам дека како доаѓаа понови епизоди сè помалку ви се допаѓале епизодите, јас дека ги гледав како спој, една по друга, некако не почувствував намален квалитет. Има добро осмислени моменти, на пример она кога Тед згреши додека раскажуваше за овцата, испадна дека било друга година, и некои моменти што се промашени, баш е доловено тоа дека после толку години не би можел добро да се сеќава на сите настани и затоа настануваа збрките. И ги сакам сцените кога се млади, факултетските денови, изгледот е погоден до перфекција. Исто и кога се постари.
Мене Лили ми е симпатична ептен, Барни класика, ама некогаш ми здосадуваат форите, it's all about sex, getting laid etc... Маршал ја надополнува Лили, некако не можам да го гледам одвоено од неа како посебен лик, Робин е океј макар што малце лејм и се некои мајтапи, а Тед се држи, иако ми беа досадни епизодите што беа посветени на неговата кариера и сето тоа со архитектурата...