House M.D

Член од
27 август 2005
Мислења
30
Поени од реакции
2
Според мене најинтересниот, најкомплицираниот и на моменти најсмешен лик досега на ТВ. Грегори Хаус, доктор по дијагностичка медицина, спицијализант по инфективни болести и нефрологија, води оддел по дијагностичка медицина во фиктивната болница Принстон Плејнсборо во Њу Џерси. Хаус заболел од зачепување на вената во бутот што довело до умртвување на бутниот мускул. Како резултат, крка Викодин апчиња против болка и е страшно саркастичен, ултра интелигентен и шета со бастун. Сметам дека ова е најиздржаната, најдеталната и наједукативната медицинска серија досега прикажана на ТВ. Вечерва на FOX се дава претпоследната епизода од 4тата сезона, едвај чекам да ја дадат па да ја симнам :)
Има ли некој на кој му се допаѓа серијава исто колку и мене?

Новите fellows во одделот

P.S Актерот што го игра главниот лик Hugh Laurie e британец!!! Кога ќе видите како вади американски акцент, ќе видите колку добар глумец е :)
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Моментално најинтересна серија ми е оваа , заедно со Фрејзер ..
Баш сакам вакви серии , а и глумецот е погоден за улогата :pos2: , ЦАР е типот !
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Претпоследната епизода?
Ја вчера почнав да ја гледам четвртата сезона, и дефинитивно ми е омилена серија. Не сум се смеел така ни на филмови чија примарна цел е да те насмеат.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
30
Поени од реакции
2
SPOILER!!!
Претпоследната и последната ке бидат поврзани, претпоследната почнува како Хаус е во сообракајка и има амнезија, не памти што се случило пред 4 часа :D :D :D Во трејлерот има сцена кај што он халуцинира и ја замишља Кади како slutty schoolgirl :)
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Ја гледам секој понеделник и интересна ми е секогаш знае од што се болни пациентите но остава другите малку да се мачат закон е, и ми се допаѓа Фрејзер и таа е закон .. :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Ги имам дома на двд првата и втората сезона. Уште не ги имам почнато, кај и да е ќе почнам да ги гледам..добив одлични коментари за оваа серија.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Супер серија.. Ја гледам на канал 5 кога ја даваат... Ако може некој да ми каже која сезона е оваа на канал 5 за да знам кои да си ги симнам од нет..
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Еве нешто интересно и жално што открив сега поврзано со серијава.
Минатата година во едно училиште во Финска еден 18 годишник уби неколку ученици, директорката, вработени и рани многу, а претходно сето тоа го најави преку јутуб на кое видео носеше маица со познатиот цитат од House - "Humanity Is Overrated".

http://en.wikipedia.org/wiki/Jokela_school_shooting



Pekka-Eric Auvinen, from one of the videos he posted to the Internet prior to the shooting, wearing a shirt with a caption from the American television medical drama, House
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
На Канал 5 мислам дека е првата сезона.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
30
Поени од реакции
2
На канал 5 е првата сезона, потврдено. Само што ја изгледав претпоследната епизода од 4та сезона :vozbud: :eek:jea: Се наежив максимално и сега од дното на душата посакувам да имам временска машина и да отидам една недела нанапред да видам што се случува понатаму :)
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
На канал 5 е првата сезона, потврдено. Само што ја изгледав претпоследната епизода од 4та сезона :vozbud: :eek:jea: Се наежив максимално и сега од дното на душата посакувам да имам временска машина и да отидам една недела нанапред да видам што се случува понатаму :)
Епизодата беше НЕВЕРОЈАТНА!!!!! Серијава е генијална!...
Во вторник ќе биде онлајн финалето на сезонава... :tv:
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.353
Поени од реакции
501
Супер серија , дефинитивно :tv:
Ја гледам на Канал 5 , само што многу споро иде (по една неделно) . Затоа имам намера да ја земам на ДВД , па дома на раат да си ја гледам . Ако знае некој во која ДВД-тека ја има , одма да ми каже (ме мрзи да ја симнувам од интернет) .
 
Член од
27 август 2005
Мислења
30
Поени од реакции
2
Супер серија , дефинитивно :tv:
Ја гледам на Канал 5 , само што многу споро иде (по една неделно) . Затоа имам намера да ја земам на ДВД , па дома на раат да си ја гледам . Ако знае некој во која ДВД-тека ја има , одма да ми каже (ме мрзи да ја симнувам од интернет) .
ШЕФЕ (или шефице, не знам шо пол си), ги имам СИТЕ СЕЗОНИ-СИТЕ ЕПИЗОДИ :)
 
Член од
27 август 2005
Мислења
30
Поени од реакции
2
Ова вчера кога легнав да спијам ми светна (гледав Фрејзер пред спиење), мал интересен факт од ТВ :) Dan Butler (Булдог од Фрејзер) се појави во една епизода на House M.D како поранешен колега од факултет на Хаус којшто го исцинкарил како Хаус препишува на испит и заради тоа Хаус бил избркан од факс :) :) :)
Тек вчера кога легнав ме болеше глава и си ги вртев во глава House и Frasier и баш ми текна на таа епизода пошто баш за мигрени се збореше...
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Многу занимлива серија и интересен лик со фини реплики.
Everybody lies :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom