Аха викаш дека убаво е да пиеш и да бидеш најаден цел ден а еден ден во неделата телото да направи пауза само со вода било штетно......
Незнам колку е научна, ама и твоето тврдење не е баш од научна статија..
Извор:
http://drbenkim.com/fasting-fast-one-day-week.htm
Доктор Ben Kim
(мој превод, не замерувајте)
Дали постењето од еден ден во неделата е добро за вашето здравје? За да одговориме на ова прашање, треба да погледнеме што се случува во вашиот организам кога почнуваш да конзумираш само вода.
Откако клетките ќе го искористат целиот шеќер кој се наоѓа во вашиот крвоток од вашиот последен оброк, телото мора да најде друг извор на енергија за вашите клетки. И првото место каде се обраќа е вашиот црн дроб и вашите мускули. И црниот дроб и мускулите го чуваат шеќерот во вид на гликоген и кога е потребно, гликогенот може да се разгради до глукоза, која сите ваши клетки може да ја користат за производство на енергија за нивните тековни активности.
За време на воден пост, вашите резерви на гликоген се исцрпени во рок од 24 часа (плус минус некој час) Откако ќе се потрошат гликогенските резерви, повеќето клетки почнуваат да согоруваат масни киселини за енергија - овие масни киселини доаѓаат од вашите резервите на сало, вклучувајќи го и масното ткиво околу вашите витални органи.
Две групи на клетки - вашите црвените крвни зрнца и вашите мозочните клетки - не можат да ги користат масни киселини за да ги задоволат своите енергетски потреби. Вашите црвените крвни зрнца и мозокот бараат гликоза, и штом гликогенот / гликозата од вашите мускули и црниот дроб се искористи, вашиот мозок и вашите црвени крвни зрнца можат да добијат гликоза од два извора:
Од глицерол, кој е компонента на вашите масни ткива.
Од вашите мускули - некои од вашите мускулните ткива се разградуваат и амино киселините од вашите мускулните ткива се користат за производство на гликоза за вашиот мозок и црвените крвни зрнца.
Јасно, не е во ваш најдобар интерес брзото „јадење“ на вашите мускули за да се задоволат енергетските потреби на вашиот мозок и црвените крвни зрнца за време на водниот пост од еден ден. Вашето тело го знае ова, а некаде помеѓу 2 и 3 ден на водниот пост, црниот дроб започнува да разџагорува кетони, кои за време на водниот пост, доаѓаат првенствено од распаѓањето на масни киселини од вашите масни резерви.
Откако вашиот црниот дроб генерира голем број на кетони, вашиот мозок е способен да ги користи кетоните за да ги задоволи своите енергетски потреби. Во овој момент, само вашите црвени крвни зрнца бараат гликоза што сеуште мора да се извлече од разградување на вашите мускули, но со што вашиот мозок повеќе не зависи од разградувањето на вашите мускули за енергија. Стапката со која вашите мускули се катаболизираат е намалена и вашите мускулите се поштедени колку што е можно - оваа состојба се нарекува "протеини кои штедат" - тоа е опстанувачкиот механизам кој е изграден во човечката физиологија да се справи со времето на глад.
Ако се вратиме на „поголемата слика“, треба да биде јасно дека од околу 2-риот или 3-иот ден од водениот пост, вашето тело ги исполнува барањата за енергија со согорување на масти преку вашите масни резерви. Најголемиот дел од токсини во вашето тело се складираат во вашите масни резерви, колку подолго се држи водниот пост, толку повеќе масти ќе изгорат и повеќе токсини ќе се елиминираат од вашиот систем. Ова е причината зошто гледаме елиминација на липоми, atheromas (акумулиран отпад во крвните садови), и други услови во врска со токсин акумулација во текот на еден подолг воден пост.
Вашето тело не доживува значајна детоксикација во текот на првите 12-24 часа на водниот пост.
Вашето тело почнува да елиминира големи количини на токсини откако ќе почне да ги согорува вашите резерви на сало за брзо време. А тоа не се случува се додека не се искористат резервите на гликоген во црниот дроб и мускулите. Значи, кога постиш еден ден во неделата, се осиромашуваат резервите на шеќер во црниот дроб и мускулите, и се почнува со распаѓање на вашите мускули - овие се главните работи што ќе се постигнат во текот на првиот ден на водниот пост. Значајната детоксикација почнува ако се продолжи водниот пост и понатаму. Ова не е да се каже дека не постојат бенефиции за постот од еден ден во неделата, или дека не се елиминираат токсини на таков начин. Токсини се елиминираат со секој здив што ќе се земе. И вашето тело секогаш ќе ја зголемува брзината на детоксикација секогаш кога ќе добие повеќе одмор и / или ќе се внесува помалку храна, бидејќи тоа значи помал дигестивниот товар и повеќе физички одмор, кој секогаш резултира со повеќе расположливи ресурси за детоксикација. Наместо еден воден ден во неделата, мислам дека повеќе смисла има да се направи еден ден во неделата/месецот каде ќе се конзумира свежо исцеден сок од овошје и зеленчук отколку само вода. Со сокот, можете да го снабдите вашето тело со доволно хранливи состојки, и нема да ги осиромашувате шеќерните резерви во вашиот црниот дроб и мускулите, или да го разградувате вашето мускулно ткиво. Во исто време, бидејќи хранливи материи во свежо исцедените сокови се толку лесно сварливи, еден ден на сок брзо може да го олесни товарот во дигестивниот систем и да ја подобри тековната детоксикација до некој степен.
Но, ајде да бидеме јасни: Главната придобивка од еден ден на сок не е значајна детоксикација, тоа е концентриран период за одмор на вашиот дигестивен систем како и можност за органите кои се одговорни за тековнита детоксикација (црниот дроб, бубрезите, кожата, и белите дробови) да направат малку повеќе за здравствено-промотивна работа.
Да се сумира, јас би рекол дека тоа не е добро за долгогодишно здравје, да се пости еден ден во неделата само на вода. Ако сакате да му дадете на вашето тело период на одмор и интензивно чистење еднаш во недела/месец, подобро е да поминеш еден ден јадејќи сурови овошје и зеленчук, и да пиеш свежо исцедени сокови.