Helicobacter pylori

Член од
7 декември 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
Здраво на сите , и јас лечам хеликобактер моментално (со гастритис хроничен во блага форма) со тројна терапија, немам големи болки, дали е можно од терапијата да осеќам како пецкања низ цел стомак околу и во градите така повремено? Или е тоа од бактеријата и гастритисот? Благодарам
 
Член од
22 јули 2020
Мислења
6
Поени од реакции
1
Najdobar priproden lek za Heliko bakter e propolis kapki od 25%, se stavaat vo toplo mleko pola sat pred jadenje po 15 kapki, se pie 2 pati na den, 3 meseci treba da se koristi, mnogu luge se izlecile od bakterijata so propolis pozz
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.550
Има некој користено? Помага или лажи пари?

 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.140
Поени од реакции
10.495
Има некој користено? Помага или лажи пари?

За да се ерадицира бактеријата, тројна или четворна терапија.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.629
Поени од реакции
8.510
Масло од црно семе е исто добра ствар. Мислам може да се комбинира и со антибиотиците.
It does appear to have more promise as an immune booster (no evidence on rates of sickness, but it appears to increase the ability of macrophages to attack invaders) and an anti-allergic compound (with efficacy against allergic rhinitus, asthma, and eczema). One study that used nigella sativa alongside a proton pump inhibitor noted that the seed extract was potently anti-bacterial against helicobacter pylori with a comparable potency to the reference drugs used.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.550
За да се ерадицира бактеријата, тројна или четворна терапија.
Веќе некое време ја мачи мајка ми, има земано антибиотици и по некое време пак и се воспалува....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.882
Веќе некое време ја мачи мајка ми, има земано антибиотици и по некое време пак и се воспалува....
...не било кои антибиотици и во комбинација со други два лека, а од каде знаете дека пак по некое време ,,се воспалува,, ?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.140
Поени од реакции
10.495
Веќе некое време ја мачи мајка ми, има земано антибиотици и по некое време пак и се воспалува....
Ако веќе еднаш се докажала бактеријата, следниот пат испитувањето треба биде преку фецес (H.pylori Ag).

Терапијата треба да трае 14 дена, два антибиотика (најчесто амоксицилин и кларитромицин, освен ако пациентот е алергичен на тие лекови), инхибитор на протонска пумпа и по ново, бизмут субцитрат.
Ова е малку сложено за пациентите затоа што имаат многу лекови, и често се јавуваат несакани ефекти од терапијата, али за да се ерадицира бактеријата пожелно е комплетно да се исприма терапијата. Значи тие 14 дена, и после уште 2 недели или 14 дена се продолжува само со инхибитор на протонска пумпа. По еден месец, пожелно е да се направи проверка дали бактеријата е успешно ерадицирана.

Ако се повторува често, тоа би било индикација за да се направи и гастроскопија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.882
Терапијата треба да трае 14 дена, два антибиотика (најчесто амоксицилин и кларитромицин, освен ако пациентот е алергичен на тие лекови), инхибитор на протонска пумпа и по ново, бизмут субцитрат.
... подобра е комбинација на антибиотик амоксицилин со клавулонска киселина и другиот антибиотик да биде метронидазол, а бизмут субцитрат веќе во покритични ситуации при имање на желудачен чир за да се создаде бизмутен заштитен слој на желудочна слузокожа земено исклучиво на гладно без ниеден попратен лек или храна најмалку пола час!
Ако веќе еднаш се докажала бактеријата, следниот пат испитувањето треба биде преку фецес (H.pylori Ag).
...затоа што, да се дообјасни, за да се знае!
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Има некој користено? Помага или лажи пари?

Точна дијагноза која е? што е ПОТВРДЕНО, и кога.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.550
...не било кои антибиотици и во комбинација со други два лека, а од каде знаете дека пак по некое време ,,се воспалува,, ?
има пиено такви комбинации. бактеријата не и е од вчера, 4-5 години ја има. Пред 3 месеци направи тест и резултатот беше х5 над дозволеното.

Ако веќе еднаш се докажала бактеријата, следниот пат испитувањето треба биде преку фецес (H.pylori Ag).

Терапијата треба да трае 14 дена, два антибиотика (најчесто амоксицилин и кларитромицин, освен ако пациентот е алергичен на тие лекови), инхибитор на протонска пумпа и по ново, бизмут субцитрат.
Ова е малку сложено за пациентите затоа што имаат многу лекови, и често се јавуваат несакани ефекти од терапијата, али за да се ерадицира бактеријата пожелно е комплетно да се исприма терапијата. Значи тие 14 дена, и после уште 2 недели или 14 дена се продолжува само со инхибитор на протонска пумпа. По еден месец, пожелно е да се направи проверка дали бактеријата е успешно ерадицирана.

Ако се повторува често, тоа би било индикација за да се направи и гастроскопија.
4-5 Години веќе ја има, пред 3 месеци направи тест преку вена х5 повеќе од дозволеното и беше.

Точна дијагноза која е? што е ПОТВРДЕНО, и кога.
Незнам како е точната дијагноза, сите резултати се кај матичната. Знам дека има само хеликобактер веќе 4-5 години.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.140
Поени од реакции
10.495
4-5 Години веќе ја има, пред 3 месеци направи тест преку вена х5 повеќе од дозволеното и беше.
Не преку вена. Треба да испитате преку фецес (измет). Тоа во крвта се антителата од бактеријата, а во фецес антигенот. Тебе ти е моментално битен антигенот.

И да, ко што кажав ако и покрај целата терапија, сеуште мајка ти има тегоби, пожелно е да се направи гастроскопија. Убаво би било да посетите интернист.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.882
Незнам како е точната дијагноза, сите резултати се кај матичната. Знам дека има само хеликобактер веќе 4-5 години.
...како може да немате никакви примероци дома од направени анализи и специјалистичко мислење, не знаете да направите фотокопија и да ги дадете на матичната , а оригиналите да си ги чувате дома за да си имате црно на бело мислење за на друго место или странство?
- вие ги плаќате испитувањата, за да ги чува оригиналите матичната? аман!

Capture0048.jpg 20.jpg

- крвни анализи се најчесто користен антиген метод за одредување на антителата на Helicobacter pylori (IgA и IgG) со кој може да се процени дали се работи за свежа, неодамнешна инфекција со бактеријата (IgA) или пак инфекцијата е добиена во минатото (IgG), исто така титарот на IgG, антителата е особено важен за следење на инфекцијата после примање на терапија.

step1_collect.png


- додека во фецес (измет) тест се прави за да се открие присуството на самата бактерија во столицата или да се одреди дали третманот на инфекцијата со Helicobacter pylori бил успешен.

s-l400.jpg bionexia-pylori.png

„...Секојдневно во желудникот се излачува одредена количина на желудочен сок кој содржи дигестивни ензими и концентрирана хлороводородна киселина и на тој начин ја разградува консумираната храна и микроорганизмите кои се внесуваат преку исхраната.

...желудникот е заштитен од сопствениот кисел желудочен сок со тенок слој на мукоза, кој ја обложува неговата внатрешна површина, Helicobacter pylori има моќ да ја надмине оваа заштита, со тоа што живее во самиот мукозен слој и има способност да се бори против желудочните киселини со помош на ензимот уреаза кој го поседува, претварајќи ја уреата во бикарбонати и амонијак, кои се јаки бази и ја неутрализираат желудочната киселина на тој начин се создава заштитен слој околу самата бактерија, штитејќи ја од pH киселата средина во желудникот.

fig-2-full.png

... ако ја има во поголема концентрација Helicobacter pylori веќе имаме појава на инфекција и тогаш нашиот имун систем реагира на инфекцијата со Helicobacter pylori создавајќи соодветни антитела, во почетокот IgA, а потоа IgG што всушност ги детектираат крвните тестови.

... Helicobacter pylori се пренесува орално, преку фекални остатоци кои може да се внесат преку храната (недоволно измиени салати и друг вид на зеленчук или овошје), исто така при подждригнување бактеријата може да се пренесе од желудникот во устата и на тој начин може да се пренесе директно преку орален контакт и да размислиме во тој правец можеби мајка ти се излекува со дадена тројна терапија и повторно се реинфицира не внимавајќи на начинот на можно повторно инфицирање, односно можеби и се дале за неа несоодветни антибиотици кои ете не ја завршиле до крај работата на уништување на бактеријата!

...доколку мајка ти има во терапија Апирин 100 тбл. тоа дополнително ја отежнува ситуацијата со Helicobacter pylori што се препознава со болки во желудникот, уздригнување и надуен стомак, алергични кожни реакции и воопшто дигестивни проблеми,

... доколку мајка ти нема тегоби туку се водите само по покачена вредност на тестот, доволно е да се преоринтирате колку можете кон исхрана која Helicobacter pylori „не ја поднесува“ со мнооооогу внимание на повторна реинфекција преку инфицирани раце и орален контакт,

... лоша хигиена на раце како можен главен фактор на реинфекција со Helicobacter pylori и затоа и твоето тврдење дека веќе подолго време се мачи мајка ти, така да не ја лечите само последицата и внимавате само на последицата, гледајте најдете ја причината од што доаѓа таа инфекција, реинфекција Helicobacter pylori со што проблемот ќе се реши за навек!

...иако Helicobacter pylori се смета дека нормално е присутна во желудникот, сепак главната инфекција е од надворешната околина преку уста т.е. инфицирани прсти дали со исхрана, дали од фецес, доаѓа до патолошко размножување што доведува до различни тегоби, што ако во водата за пиење да речеме во селски услови доаѓа некои фекалии загадени Helicobacter pylori па поради несоодветна вода бактериски исправна ете можни се такви екцеси и тоа кај некои особи поизразено, а кај други особи имуниот систем веднаш ја уништува без никаква потреба од лекарства тројна терапија ...итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom