здраво
пред повеќе од еден месец ми е откриена Хеликобактер,само за разлика од други јас немам силни болки во стомакот / зелудникот само повремена болка како бодез и како да ме засекува нешто.Матичниот ми ја препиша тројната терапија и после тоа ми ги продолзи уште една доза апчињата за зелудечна киселина ACIPAN.меѓутоа чувствувам дека ми сметаат и дека има нус појави имам несоница поготово сега кога по трет пат ми ги продолзи ACIPAN.почнав да губам телесна тезина и ме загризува сето тоа,не мозам нормално да функционирам повеке од мислата одколку од се друго.дали ви се случило и на вас да губите тезина и некој нуспојави од ACIPAN и дали е нормално да се губи телесна тезина во случај на Хеликобактер?
во тројна терапија има лек пантопразол, дополнителниот АЦИПАН кој преставува повторно пантопразол, мое мислење е дека не треба да го пиеш!
ајде да се потсетиме,
...за да дијагностицираме Хеликобактер пилори има повеќе начини, ендоскопски кога се зема слузокожа од желудникот која метода ја викаме „иванзивна“ оти нели е малку непријатна и не се прави на било кој туку треба пациентот да има историја на ГИТ, а најчесто ние немаме такви работи како чир на желудник, чир во црева, тумори и слични потешки проблеми, нели?
...ние имаме само некои пролазни симптоми кои наместо да ги поправиме со дисциплина на исхрана ни е полесно да одиме на доктор, да си пиеме на готово лекови, па уште кога вака ќе се инфицираме со некоја бактерија ќе се лечиме онака по претпоставка, затоа што за една недела со тројна терапија не ќе се случи кој знае што, оти сме здрави и млади, нели?
...зашто велам под препоставка? затоа што дијагностицирање на Хеликобактер што сите ние најчесто ја правиме, па и ти, е неинвазивна т.е. даваме крв (серолошки тест открива специфичен IgG антитела на H. pylori кај серум на пациенти со тековна или претходна инфекција) односно во лабораторијата ни одредуваат дека ја имаме или ја немаме бактеријата т.е. позитивно или негативно, а некогаш ни го одредуваат и титарот на истата споредувајќи ја со референтната граница, нели?
... што значи таа анализа на крвта? тоа значи дека ни ја испитуваат антителата што сме ја направиле кон таа бактерија (реакцијата на имунолошкиот систем на пациентот против болеста) , но не може да ни кажат со точност дали тоа во моментот ЈА ИМАМЕ БАКТЕРИЈАТА или СМЕ ЈА ИМАЛЕ порано бактеријата а антителата сега се уште е присутна, оти таа антитела на Хеликобактери пилори најмалку шест месеци останува во нашето тело и затоа самата ова метода НЕ Е ПРЕЦИЗНА и затоа велам се дава тројна терапија „под претпоставка“ дека се уште е присутен Хеликобактери пилори!
... за да се одреди Хеликобактер пилори со ваков неинвазивен метод, ама 100% сигурен се прави со тест со уреа во здивот, ама тоа не е достапен во сите болници, припрема најмалку две недели не се пијат никакви лекови што би пречеле во точниот резултат, а три дена без пушење, храна од мешунки, се одредува со специјален индикатор каде предходно на „чисто“ се дува во него, се мери, па потоа се применува уреа која при повторно дување доколку сме инфицирани со Хеликобактер реагира со неа и доаѓа до промена на боја на индикаторот со што според интензитетот на бојата се одредува и количински самото присуство на Хеликобактер!
... хеликобактер се лечи за една недела или ај да речеме поконкретно најчесто 90% се уништува бактеријата за една недела со тројна терапија и тоа еден лек е инхибитор на протонска пумпа- пантопразол и два антибиотика амоксицилин и кларитромицин, може и други комбинации се дава антимкробикот метронидазол!
зборуваме ЕДНА НЕДЕЛА овие три лека, а ВТОРА НЕДЕЛА само се продолжува со инхибитор на протонска пумпа во намалена доза т.е. еднаш на ден со давање комбинирано на пребиотска и пробиотска терапија И ТОЛКУ од терапијата на хеликобактер ни помалку ни повеќе, не знам зашто така ги менуваат протоколите, што има да ти дадат АЦИПАН (пантопразол) дополнително и тоа по трет пат? мислам ејј, во тројна терапија имаш пантопразол, а ти додаваат уште пантопразол и потоа се чудиш зошто ти е лошо, па Хеликобактер има различни соеви и видови што различно по интензитет негативно делуваат!
... не знам зошто не се назначува титарот на Хеликобактер туку само позитивен и ајде веднаш терапија, како да е пациентот со чир на желудник и цревата со долга историја на ГИТ и ризик од настанување на чир, мислам како може воопшто и да се продолжи со терапија ако немаш никакви тегоби? па,со исхрана и промена на начин на исхрана може да се уништи таа бактерија оти таа не баш опстанува во алкална средина! и што ако антителата е позитивна во крвта, а во фецес антиген тест негативен ? ете може си имал порано Хеликобактер, ама не значи дека и сега го имаш, ама антителата е присутна со што ти се дава терапија која ете може и не треба, па редукција на киселината во твојот желудник ги прави тие симптоми на неправилно варење на храна, слабеење ...итн?!
... тест за Хеликобактери пилори САМО ВО ФЕЦЕС, се дијагностицира ако се уште е присутна и ако е тоа не значи дека е висок титарот, па се продолжува со исхрана прилагодена токму кога се има Хеликобактери пилори или се применува тројна терапија!
...како информација, тестот за одредување на присуство на Хеликобактери пилори во фецес може секој да го направи во домашни услови и цената е само 75 ден