Helicobacter pylori

Член од
3 декември 2010
Мислења
19
Поени од реакции
0
Навистина сум збунет околу исхраната при терапија и не знам веќе што да јадам... Секој ден јадам само варени компири и ориз и страв ми е дека ќе си направам други проблеми. Насекаде читам контрадикторни набројувања...
Би можел ли некој да ми објасни како се хранеше подетално тие месец-два (кои јадења за појдок, ручек, вечера...)? Не можам баш да си дозволам скапи семиња овошја итн... Докторот не ми објасни ништо и покрај тоа што го прашав повеќе пати...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.717
Поени од реакции
18.448
1. Набави оцет од јаболко и ставај 15 мл во вода конзумирање со почеток на оброк.

2. Прави чај од нане, кумин, анасон, кориандер, пиј го 1h после секое јадење.

3. Купи високо квалитетни дигестивни ензими, и зимај со секој оброк.

4. Пиј баланс плус јогурт, 2 чаши на ден.
 
Член од
3 декември 2010
Мислења
19
Поени од реакции
0
1. Набави оцет од јаболко и ставај 15 мл во вода конзумирање со почеток на оброк.

2. Прави чај од нане, кумин, анасон, кориандер, пиј го 1h после секое јадење.

3. Купи високо квалитетни дигестивни ензими, и зимај со секој оброк.

4. Пиј баланс плус јогурт, 2 чаши на ден.
Благодарам на советите. Голем проблем ми е дека не знам од што да ми се состојат оброците... Докторот ми кажа само да јадам ориз и компири.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.717
Поени од реакции
18.448
Ќе си приметиш сам што ти смета е што не, исхраната е независна од предлозите горе што и да јадеш ги применуваш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.364
Навистина сум збунет околу исхраната при терапија и не знам веќе што да јадам... Секој ден јадам само варени компири и ориз и страв ми е дека ќе си направам други проблеми. Насекаде читам контрадикторни набројувања...
Би можел ли некој да ми објасни како се хранеше подетално тие месец-два (кои јадења за појдок, ручек, вечера...)? Не можам баш да си дозволам скапи семиња овошја итн... Докторот не ми објасни ништо и покрај тоа што го прашав повеќе пати...
... за време на пиење на тројна терапија во тие две недели ќе си јадеш све свен нештата што би можело да создаде иритација на желудникот да речемене смееш, луто, не смееш многу пикантни јадења, газирани пијалоци, мрсни јадења, во текот на јадењето да не се пие вода, оброкот да не биде обилен и да биде почест во текот на денот... а не да се јаде само ориз и компир, на пример мене лично тие две работи толку ми се тешки на желудникот што напротив за да „ми се сварат“ треба дополнително лачење на киселина што го загрозува лекувањето од Хеликобактер, за некого некоја исхрана може да помогне, за друг напротив истата штети, така да не може иста храна да се препорача на сите пациенти кои се лечат од преголема киселост и инфицираност со Хелико бактер...доволно основните правиле, луто не, газирано не, обилен оброк не....
 
Член од
7 декември 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
Edno prasanje , za helikobakter i gastritis , dali e dobro da se jade supa , ne domasna, pileca primer kupecka?
 
Член од
10 ноември 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
здраво
пред повеќе од еден месец ми е откриена Хеликобактер,само за разлика од други јас немам силни болки во стомакот / зелудникот само повремена болка како бодез и како да ме засекува нешто.Матичниот ми ја препиша тројната терапија и после тоа ми ги продолзи уште една доза апчињата за зелудечна киселина ACIPAN.меѓутоа чувствувам дека ми сметаат и дека има нус појави имам несоница поготово сега кога по трет пат ми ги продолзи ACIPAN.почнав да губам телесна тезина и ме загризува сето тоа,не мозам нормално да функционирам повеке од мислата одколку од се друго.дали ви се случило и на вас да губите тезина и некој нуспојави од ACIPAN и дали е нормално да се губи телесна тезина во случај на Хеликобактер?
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Момемтално лечам Хелиобакт,воспаление на даанаестпалечно црево,и воспаление на жолч и панкреатит.По 6 таблетки пијам 3 пати у ден..20 кила за еден месец ослабев.Немав никакви полблеми или тегоби,гледав на интернет еден тест за во домашни услови со плунка во чаша вода рештив да пробам и испадна дека сум позитивен отдов на лекар и ми открија многу други глупости!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.364
здраво
пред повеќе од еден месец ми е откриена Хеликобактер,само за разлика од други јас немам силни болки во стомакот / зелудникот само повремена болка како бодез и како да ме засекува нешто.Матичниот ми ја препиша тројната терапија и после тоа ми ги продолзи уште една доза апчињата за зелудечна киселина ACIPAN.меѓутоа чувствувам дека ми сметаат и дека има нус појави имам несоница поготово сега кога по трет пат ми ги продолзи ACIPAN.почнав да губам телесна тезина и ме загризува сето тоа,не мозам нормално да функционирам повеке од мислата одколку од се друго.дали ви се случило и на вас да губите тезина и некој нуспојави од ACIPAN и дали е нормално да се губи телесна тезина во случај на Хеликобактер?
во тројна терапија има лек пантопразол, дополнителниот АЦИПАН кој преставува повторно пантопразол, мое мислење е дека не треба да го пиеш!
ајде да се потсетиме,
...за да дијагностицираме Хеликобактер пилори има повеќе начини, ендоскопски кога се зема слузокожа од желудникот која метода ја викаме „иванзивна“ оти нели е малку непријатна и не се прави на било кој туку треба пациентот да има историја на ГИТ, а најчесто ние немаме такви работи како чир на желудник, чир во црева, тумори и слични потешки проблеми, нели?
...ние имаме само некои пролазни симптоми кои наместо да ги поправиме со дисциплина на исхрана ни е полесно да одиме на доктор, да си пиеме на готово лекови, па уште кога вака ќе се инфицираме со некоја бактерија ќе се лечиме онака по претпоставка, затоа што за една недела со тројна терапија не ќе се случи кој знае што, оти сме здрави и млади, нели?
...зашто велам под препоставка? затоа што дијагностицирање на Хеликобактер што сите ние најчесто ја правиме, па и ти, е неинвазивна т.е. даваме крв (серолошки тест открива специфичен IgG антитела на H. pylori кај серум на пациенти со тековна или претходна инфекција) односно во лабораторијата ни одредуваат дека ја имаме или ја немаме бактеријата т.е. позитивно или негативно, а некогаш ни го одредуваат и титарот на истата споредувајќи ја со референтната граница, нели?
... што значи таа анализа на крвта? тоа значи дека ни ја испитуваат антителата што сме ја направиле кон таа бактерија (реакцијата на имунолошкиот систем на пациентот против болеста) , но не може да ни кажат со точност дали тоа во моментот ЈА ИМАМЕ БАКТЕРИЈАТА или СМЕ ЈА ИМАЛЕ порано бактеријата а антителата сега се уште е присутна, оти таа антитела на Хеликобактери пилори најмалку шест месеци останува во нашето тело и затоа самата ова метода НЕ Е ПРЕЦИЗНА и затоа велам се дава тројна терапија „под претпоставка“ дека се уште е присутен Хеликобактери пилори!

1573396577827.png

... за да се одреди Хеликобактер пилори со ваков неинвазивен метод, ама 100% сигурен се прави со тест со уреа во здивот, ама тоа не е достапен во сите болници, припрема најмалку две недели не се пијат никакви лекови што би пречеле во точниот резултат, а три дена без пушење, храна од мешунки, се одредува со специјален индикатор каде предходно на „чисто“ се дува во него, се мери, па потоа се применува уреа која при повторно дување доколку сме инфицирани со Хеликобактер реагира со неа и доаѓа до промена на боја на индикаторот со што според интензитетот на бојата се одредува и количински самото присуство на Хеликобактер!
... хеликобактер се лечи за една недела или ај да речеме поконкретно најчесто 90% се уништува бактеријата за една недела со тројна терапија и тоа еден лек е инхибитор на протонска пумпа- пантопразол и два антибиотика амоксицилин и кларитромицин, може и други комбинации се дава антимкробикот метронидазол!
зборуваме ЕДНА НЕДЕЛА овие три лека, а ВТОРА НЕДЕЛА само се продолжува со инхибитор на протонска пумпа во намалена доза т.е. еднаш на ден со давање комбинирано на пребиотска и пробиотска терапија И ТОЛКУ од терапијата на хеликобактер ни помалку ни повеќе, не знам зашто така ги менуваат протоколите, што има да ти дадат АЦИПАН (пантопразол) дополнително и тоа по трет пат? мислам ејј, во тројна терапија имаш пантопразол, а ти додаваат уште пантопразол и потоа се чудиш зошто ти е лошо, па Хеликобактер има различни соеви и видови што различно по интензитет негативно делуваат!

... не знам зошто не се назначува титарот на Хеликобактер туку само позитивен и ајде веднаш терапија, како да е пациентот со чир на желудник и цревата со долга историја на ГИТ и ризик од настанување на чир, мислам како може воопшто и да се продолжи со терапија ако немаш никакви тегоби? па,со исхрана и промена на начин на исхрана може да се уништи таа бактерија оти таа не баш опстанува во алкална средина! и што ако антителата е позитивна во крвта, а во фецес антиген тест негативен ? ете може си имал порано Хеликобактер, ама не значи дека и сега го имаш, ама антителата е присутна со што ти се дава терапија која ете може и не треба, па редукција на киселината во твојот желудник ги прави тие симптоми на неправилно варење на храна, слабеење ...итн?!

1573396635203.png 1573396676753.png

... тест за Хеликобактери пилори САМО ВО ФЕЦЕС, се дијагностицира ако се уште е присутна и ако е тоа не значи дека е висок титарот, па се продолжува со исхрана прилагодена токму кога се има Хеликобактери пилори или се применува тројна терапија!

1573396982915.png

...како информација, тестот за одредување на присуство на Хеликобактери пилори во фецес може секој да го направи во домашни услови и цената е само 75 ден :(
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
@bijons по коментарите мислам дека си најстручна за лекарства, имам едно прашање. Моментално лечам хеликобактер со тројна терапија, прочитав на интернет за хиос мастиха дека била мн ефикасна за гастритис и хеликобактер ,дали ке биде проблем ако со тројната терапија пијам и од овие капсули кои пишува дека се на природна база? Благодарам
 

Attachments

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.364
@bijons по коментарите мислам дека си најстручна за лекарства, имам едно прашање. Моментално лечам хеликобактер со тројна терапија, прочитав на интернет за хиос мастиха дека била мн ефикасна за гастритис и хеликобактер ,дали ке биде проблем ако со тројната терапија пијам и од овие капсули кои пишува дека се на природна база? Благодарам
1573575532598.png 1573576042190.png

има назначено „...oвој производ (суплимент) не е наменет за дијагностицирање, лекување или спречување на било каква болест, туку само како поддршка - додаток и не смеете да му припишувате лековити својства на производот, а посебно да се назначи за многу ефикасна за било која болест!...“

1573575430085.png 1573576198868.png

... смолната содржината од Pistacia lentiscus (единствена на грчки остров Chios ) - Chios Mastiha (resina) 350mg, Calcio fosfato bibasico 325mg, Cellulosa 180mg, Sodio amido glicolato (tipo A) 80mg, Magnesio stearato 65mg. не треба да ја мешаш моментално со тројната терапија не се познати интеракциите на лековите со „мастиката за џвакање“, затоа пожелно е да си ја завршиш двонеделната терапија, па потоа ако сакаш примени ја оваа традиционална мастика- смола!
,,.. администрација на глувци заразени со H.pylori во период од 3 месеци со просечна доза од 0,75 mg / ден доведоа до приближно 30 пати намалување на колонизацијата на H. pylori (1,5 log CFU / g ткиво), сепак не е забележано намалување во хронична воспалителна инфилтрација поврзана со H. pylori и активноста на хроничен гастритис..,,
„..pilot study published in Phytomedicine Journal, confirmed the potential antibacterial effect of Chios Mastic against Helicobacter pylori in vivo and its ability to eradicate it from patients !..“
 
Член од
7 декември 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
@Osako и јас лечам хеликобактер и гастритис моментално и имам изгубено 8 кг за 2 месеци ,мислам дека е нормално а и намалив со мрсна и обилна исхарана така да килажата мора да падне, ти помогна ли тројната терапија за хеликобактер?
Автоматски споено мислење:

@bijons дали може да се препознае чир по столицата ако немам силни болки во стомакот или столицата може да е потемна и од гастритисот?И со минимална крв на бришење (се извинувам што сум сликовит али на мисла ми е)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.364
@bijons дали може да се препознае чир по столицата ако немам силни болки во стомакот или столицата може да е потемна и од гастритисот?И со минимална крв на бришење (се извинувам што сум сликовит али на мисла ми е)
[/QUOTE]

1573924403222.png

...бојата на фецесот најчесто иде од самата исхрана дали посветла или потемна, но често пати укажува и на некоја состојба во телото! најчесто присуство на чир е попратено со болки, чувство на горење, нагон на повраќање, губење апетит и доколку има крв тоа би било во фецес црн по боја, крвта при бришење по голема нужда можеби е последица од проблеми при самата тврда столица или да речеме хемороиди или полип, а можеби од некои сумплименти кои содржат железо!

1573924491642.png

ако повторно ти се повтори таков црн фецес и со бришење крв, а не си имал напор и напрегање при дефекација мора да го посетиш твојот матичен доктор!
 
Член од
7 декември 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
Пред 2 дена завршив со тројната терапија. Сега пијам само пантопразол по 1 наутро. Држам диета ,пазам на исхрана ,но осекјам некој чудни пецкања по стомакот нагоре по градите и сеуште имам мачнини во стомакот, и во грлото осеќам како кнедла (после јадење) дали е тоа нормално после терапија или да направам некој други испитувања? Ве молам ако има некој некакво искуство со хеликобакер нека пише некој совет
Автоматски споено мислење:

@bijons дали мислиш дека може да има некој несакан ефект од пантопразолот 20мг го пијам веќе 2 месеци од кога почнав по доктори ,прекин пд неколку дена па па некоја недела па па прекин некој ден и сега со тројната терапија 9 дена и треба да продолжам 1 месец, некако многу е тоа , некој совет ако имаш или да го оставам , 1-10 на 1000 несакани ефекти? Дај ми совет те молам
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom