Haziran gecesi - Јунска ноќ

  • Креатор на темата Креатор на темата bi-44
  • Време на започнување Време на започнување
Под сенките на врбите стоеше Езел и ја чекаше малечката невеста која ронеше солзи на есента и се прашуваше кога ќе згаснат нејзините огнови на љубовта, Езел одеднаш и подари Лале и така заврши крвната одмазда на Моранови...:pos:
 
Смешно, но истовремено и жално.

Смешно, бидејќи фаќаш сеир на глупи луѓе кои се палат на глупи серии емитувани на глупи телевизии. Жално, бидејќи критериумиите се изместени, па луѓето повеќе не можат да препознаат што е квалитет, а што не. Турските серии поголем рејтинг имаат кај нас, отколку во Турција.
 
Му го перат мозокот на и така заглупениот народ, да се занимава со туѓи животи и да не гледа што се случува во реалноста. Ерозија во секој сегмент од животот.
 
Под сенките на врбите:pos:

Инаку сега се снимале две нови серии "Пошумувањето на Атланскиот Океан" и другата во стил на Полат и дружината "Убиј ги сите и врати се сам"
 
Ебати телевизијата, како бре Јунска ноќ среде Март?Сте заебале и термин и све, дефинитивно погрешно концепциски инкорпорирано во современата квалитетна програмска шема на телевизијата.
 
Мене само ме интересира кој ги смислува насловиве на серииве......
Под сенката на врбите бе:tapp:
 
Јас си го гледам Саваш.
Не цел филм, не цела серија, само деловите каде што тој глуми.
Ќе си пукнам од што е згоден :)
 
Според изгледот на се што е на видеото серијава е на Канал5. Ваљда.
Плукајте ги нив, кога се работи конкретно за серијава. А кога се работи за сите серии, не само да ги плукате туку и ..... да не навлегуваме подетално.:)

пи ес: Ја не глеам ни една, ама па ги слушам сителовиве. Можеш да не гледаш нешто, ама ајде пробај да не слушаш:icon_lol:
 
Некој ден ќе експлодирам од нервоза. Само нека продолжат со серииве. Денот кога ќе си пукам во колено и ќе си направам харикири со џамлија се ближи и тоа опасно. Почна мозокот да ме боли само што читам дека ќе се даваат...
 
Смешно, но истовремено и жално.

Смешно, бидејќи фаќаш сеир на глупи луѓе кои се палат на глупи серии емитувани на глупи телевизии. Жално, бидејќи критериумиите се изместени, па луѓето повеќе не можат да препознаат што е квалитет, а што не. Турските серии поголем рејтинг имаат кај нас, отколку во Турција.
http://www.imdb.com/title/tt1534360/

Да не беше турска ќе ја изгледаше,признај!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom