Hannibal

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување
LOL мислав дали знае некој датум кога ќе ја има бидејки мислам дека американците можат да ја гледаат на нет
Мислам ги има и 4-та и 5-та епизода на торенти.

4-та ја нема. Поточно, ја има, но не цела.

Поради бомбашките напади во Бостон пред една недела, креаторот на серијата реши да ја повлече 4-та епизода која наводно била премногу брутална за да се емитува после ваков настан. :rolleyes:
Ако повлечите епизоди од серија можи ќе заборајме дека има бомби во светот.

Можете онлајн да ја гледате како webisode. Ги има важните делови, односно приказните на Will, Hannibal, Crawford и Abigail, a тоа што беше поврзано со случајот кој треба да го истражуваат го нема. Инаку, ако почекате до Понеделник, ќе може да ја гледате 4та на АХN во Македонија. Брајан Фулер рече дека оваа епизода нема да се емитува само во САД, а во Европа ќе остане истиот распоред.

5та веќе ја има по торенти, ама јас ќе почекам да излезе 4та во целосно издание, па после ќе одам на 5та.
 
Ете ја бе, само што спомнавме само нешто на делови е не сум сигурен дали е целата​
Hannibal.S01E04.Ceuf.Complete.Web.Series.720p.WEBRip.x264-SANTi
 
Заклучок просек, do not watch or?
 
Заклучок просек, do not watch or?
Watch.

За разлика од The Following, нема клишеа, ликовите се одлично напишани и уште подобро се развиваат со тек на времето, а глумата е каква што можеш да очекуваш од имиња како Mads и Fishburne.
 
Мене Фишбурн ептен ми смета во серијата. Од друга страна пак, Мадс е феноменален.
 
Мене Фишбурн ептен ми смета во серијата. Од друга страна пак, Мадс е феноменален.
Мене ми сметаше во првата епизода, некако ми се чинеше како премногу да се труди понапнат лик да игра. Ама, сега се навикнав и мислам дека и тој е супер, како другите.

Јас па мислев сам сум, дека никој не ја прати...пишете тука, да не умира темата. :P
 
Ах колку убава кошула имаше Вил во оваа последната епизода кога зборуваа со Ханибал во неговата канцеларија околу 16-17мин беше. Ако некој е способен да најде баш ме интересира што марка е !
 
Ја не га можам Фишбурн. Инаку лајк за изборот на актерката што ја толкува жена му, фановите на Suits знаат зошто. (y)

Медс ме импресионира секој пат. Само мора да поработи малку на изговорот, некако многу тешко го разбирам што зборува.
 
Кога е Медс тука, ја краде сцената, така што лошата глума на Фишбурн скоро и да не се приметува. Или па може ја превише внимание му посветувам на него :oops:

Туку морам да им го пофалам и интрото
 
Заклучок просек, do not watch or?
Мене ми е просек серијава, незнам дали затоа шо ја загледав одма после гледање на Шерлок,дали поради некои имагинарни високи очекувања, или пак стварно е просек ... Фишбурн сосема непотребен, како споменикон од Чакаларов на кружнион тек, Ханибал ми е без емоции во смисла ко со сила да е негативец и не будит никакви емоции кај мене(барем некаква одвратност а не иритирање од досада)...

Тоа е моето субјективно мислење .
 
Ја баталив 4та. Оваа последната беше солидна епизода. Ич не можам да предпоставам како ќе се одвива серијава. Може најдобро би било да се заврши со 1 сезона само.
 
Фишбурн ми е тапа ради тоа што постојано глуми еден исти лик во просечна крими серија, и сеа во Ханибал, серија која што е над просек, или пак се обидува да биде, типот ненормално смета.
И Хју Денси некогаш претерува со изразите на лицето кога станува нервозен. Знаеме дека е психопат ама не треба да се форсира толку.
 
У почеток ко да ми беше интересно. Сега ми е крајно тапа серијава, не вреди да се гледа. Едино Мадс е добар, другово е тапа, и ич не ми се свиѓа.
 
Oh goody. :pipi:
Шо да кажам друго за епизодава.
 
Ќе ја догледам оваа сезона ама повеќе не, кога почна јас на друг начин замислував дека ќе се одвива !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom