Hannibal

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување
Почетните моменти на реконструкција на убиството ме потсетија на Шерлок.:) Има некој потенцијал во Греам, ќе видиме како ќе се развива. Фишбурн е тотална утка во серијава, верувам дека имале подобар избор, ама ај. Ханибал е интересна фацка. Останува да поминат неколку епизоди да видам во која насока ќе оди серијава.
 
Не можам а да не се согласам за Фишбурн. Кога почна да се придерава во тоалетот, ме напна. Изнасилена и лоша глума. Можеле и без него. Требаше серијава да ја остават на помалку познати актерски имиња.
 
khm....
Печурчиња. Црвенокоса. Абе стварно никој не ја изгледа втората епизода?
 
Без разлика на сцената, пак ќе си јадам печурки.:) Моментот со раката беше топ. Него, од каде искочи оваа црвенокосава? Мислам во првата ја немаше?
 
Без разлика на сцената, пак ќе си јадам печурки.:) Моментот со раката беше топ. Него, од каде искочи оваа црвенокосава? Мислам во првата ја немаше?

Не беше, сега се појави. :)
Мене баш ми се погоди да јадам печурки после епизодата. :D
 
По гадно нешто немам видено. Среќа што и предходно печурки не можев да смислам... Допре сцената до мене како никоја друга. Се надевам ќе продолжат со тоа темпо и понатаму :pos:
 
И онака печурките не ми беа по кеф. :sick:

А малце лесно не ги наоѓаат негативците ?
 
Гад дем ит, монолог ли ќе треба да водам овде?
 
Имав време, изгледав две епизоди. Мене д-р Лектор ми е еден од поомилените психопати, негативци или антихерои, ако сакате.
Претходно имав впечаток дека серијава ќе се влечка зад филмот од 1991, дека ќе ја цеди франшизата до крај и најверојатно ќе ја упропасти.
Од првите две епизоди, пак, изгледа дека нема да биде баш така. Донекаде се интересни, па и морничави. И глумците не се за никаде, а сценариото е задоволително.
Сепак, во меѓувреме се случија повеќе серии кои ги поместија и стандардите и очекувањата на едно ново, повисоко ниво. Го имаме, на пример, Шерлок на ВВС, со кој гурманскиов серијал има сличности кои не се за занемарување. Постои еден чуден лик со невообичаени аналитички способности кој решава проблеми. Постои уште еден чуден тип, исто така невообичаен, но кој сака да прави проблеми. И двата лика, поради својата посебност, поради сличностите и разликите, се склони кон своевидно натпреварување, но и взаемно се почитуваат. Секако дека и во Јагнињата ликовите на Хопкинс и Фостер (сл. како и глумците во Црвениот змеј) изградија специфичен однос, но овде ми се чини дека повеќе се приближуваат на Холмс и на Моријарти од ВВС, се разбира со доста измени, но во суштина се работи за два лика од кои едниот веќе преминал на другата, одлепена страна, а другиот е на самиот раб и изгледа како да се колеба кој пат ќе го фати.
Ми пречеше приказот на внатрешната анализа на Вил за тоа како е изведено злосторството (пак инспирација од Холмс, барем така ми изгледаше мене).
Засега солиден почеток, кој не без потенцијал, како што не е ни без мани. Би можело нешто добро да излезе од сево ова. Ми се допадна, ама искрено, не премногу.
Повеќе би сакал да го видам Хопкинс на стари години како праи лом на геријатрија и конзумира непристојни и безобразни медицински сестри :sneaky:
 
Сега за сега ми се допаѓа како се движи серијата, не е екстра ама доволно добра. Знае ли некој кога ке ја има 4та епизода по торенти ?
 
Сега за сега ми се допаѓа како се движи серијата, не е екстра ама доволно добра. Знае ли некој кога ке ја има 4та епизода по торенти ?
Кога ќе ја пуштат.
Инаку последнава епизода не мора да ја гледате додека јадете. :D
 
Мислам ги има и 4-та и 5-та епизода на торенти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom