Hа пописот во Бугарија нема да има графа Македонци во анкетниот лист

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
На секој попис се помалку впишани Македонци во Бугарија

Скандалот што се случи во Бугарија по впишувањето и бришењето на Македонците во посебна графа во формуларот за попис покажува дека оваа земја не ги почитува правата на самоопределување и дека преку инструментите за попис се обидува да го сведе на минимум реалниот број на лица што би се определиле како Македонци.

Ваков е ставот на некои од поранешните македонски амбасадори во Бугарија по случајот со бришење на графата „Македонци“ во формуларот што на Интернет го објави бугарскиот национален статистички институт.

Од МНР велат дека засега не планираат да реагираат и покрај тоа што, за разлика од проблемите со кои се соочуваат Македонците во соседната земја, Бугарите во земјава на следниот попис ќе имаат право слободно да ја декларираат својата припадност. Во четвртокот партијата ОМО Илинден Пирин, заедно со неколку организации на Македонците во Бугарија, преку декларација што ја испратија до европските институции за човекови права, амбасадите и бугарските власти, предупреди дека нема да ги признаат резултатите од пописот доколку немаат еднакво право на самоопределување со другите бугарски граѓани. Реакција за деновиве најави и бугарскиот хелсиншки комитет за човекови права. Македонците во Бугарија објаснуваат дека можноста да ја впишат својата припадност во графата други националности, како што беше и на досегашните пописи, остава простор за манипулации и голем дел од нив се плашат тоа да го сторат поради страв дека може да имаат последици, како бркање од работа. Еден ваков случај веќе имаше на последниот попис во Бугарија во 2001 година, кога тогашниот кмет од Кромидово, Борислав Филатов, бил принуден од бугарските власти да го избрише податокот од пописниот картон каде што напишал дека е Македонец, поради закана дека ќе го сменат.

- Од пописот во 1992 година до пописот во 2001 година двојно се намали процентот на граѓани што се изјаснуваат како Македонци поради системот на манипулација. Ако луѓето сами не реагираат, попишувачите не ги прашуваат што се, туку ги пишуваат Бугари. Ги убедуваат дека не смеат да напишат дека се Македонци затоа што ќе имаат проблеми, на некои места имаше пополнети формулари со молив - објаснува Стојко Стојков, претседател на ОМО Илинден Пирин.

Скандалот - доказ дека Софија не ја почитува слободата на самоопределување

Кога попишувачот пишува и кога знаеш дека државата во која живееш не го признава правото на национално самоопределување како Македонец, тогаш нормално постои страв при изјаснувањето, оценува поранешниот амбасадор во Бугарија, Ѓорѓи Спасов. Според него, со скандалот што се случи во Бугарија со впишување па бришење на графата „Македонци“ од пописните листи само потврдува дека оваа земја и како членка на ЕУ не ги почитува правата и слободата за национално самоопределување на своите граѓани и дека се прават обиди низ инструментите за попис на населението реалниот број на лица што би се определиле по националност како Македонци да се сведе на минимум и да се одржува свеста дека е тоа нешто недозволено, па дури и опасно за интересите на Бугарија.

- Фактот што Македонија нема комплекс ниту проблем во пописните листи во графата за националности да стои и националноста Бугарин и што во Македонија не е ниту забрането ниту опасно да се декларира слободно која било национална припадност е предност на Македонија и тоа треба да се негува независно од однесувањата на соседните држави - вели Спасов. И поранешниот амбасадор во Бугарија Абдурахман Алити вели дека нашиот пример ќе ја натера Бугарија да размисли до каде е со демократските капацитети.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91810925433&id=9&prilog=0&setIzdanie=22086

 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ова нешаево ти е прдење контра ветерот.
Бугарите се влезени во систем, тој систем не признава Македонци.
Енд оф дискашн.
Абе кукај, плачи, пишувај писма, џабе е.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бугарите имаат стратегија,ние како што кажа Славјански само прдиме контра ветрот.Они организирано не плукаат каде стигнат,ние се обидуваме да разговараме,да ги убедуваме,да ги толерираме.Класичен пример е форумов,го користат за промоција на своите идеи и земја.
Не избришале од графата во пописот,имаат министер задолжен за нас...каква светла иднина не очекува со нив.Абе само потоп!
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Бугарите имаат стратегија,ние како што кажа Славјански само прдиме контра ветрот.Они организирано не плукаат каде стигнат,ние се обидуваме да разговараме,да ги убедуваме,да ги толерираме.Класичен пример е форумов,го користат за промоција на своите идеи и земја.
Не избришале од графата во пописот,имаат министер задолжен за нас...каква светла иднина не очекува со нив.Абе само потоп!
Многу повеќе од стратегија, тие имаат грб врз кој се потпира нивната стратегија.
 
M

mar30

Гостин
AAaaa strasna rabota moze nakoj da se premisli po sto nema posebna grafa pa da se napise tadzikistanec strasno strasno...
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Графа ?

Па зар не си кажуеш што си кога ќе ти дојде пописна комисија. Или на друг начин вршат попис ?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Бугарите имаат стратегија,ние како што кажа Славјански само прдиме контра ветрот.Они организирано не плукаат каде стигнат,ние се обидуваме да разговараме,да ги убедуваме,да ги толерираме.Класичен пример е форумов,го користат за промоција на своите идеи и земја.
Не избришале од графата во пописот,имаат министер задолжен за нас...каква светла иднина не очекува со нив.Абе само потоп!
сосема си во право за нивната стратегија-
впрочем со самото тоа тие се т.р.„заштитуваат“ - таму МОРА да има само бугари- како и во гејлада само гејци-
турците во БГ сега бараат билингвизам во БГ - да се изучува мајчиниот јазик уште од градинка напоредно со официјалниот бугарскиот-
НО, тешко да пројде- пред се заради тоа што некои и нечии изјави во е-весниците велат дека таа идеја е провокација , но најповеќе се плашат од-цитирам „ Чија д'ржава ште б'де тази, в којато повече от 50% от хората нјама да знајат да говорјат официалнија ни език".

Тоа говори дека 50% од вкупното население во БГ не се бугари - они тоа многу фино го знаат.
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Абре деца, оти тропате зелени?
При вас има графа "бугарин"?

Па и да нема, ке има графа "други" дека ке си напишеш "македонец" ако се осекаш таков. Шо ти пречи.

Говорите за партиа "ОМО". нема такава регистрирана. И нема да се регистрира партиа дека вее знаме на туга држава. Еве сликата по горе.
Човекот држи знаме пред гробот на Jане, какво великанот никогаш не веел. Со вергината. И пак са пуснати да се поклонат. Ако велат дека не ги пускали.
Сликата докажува това.
Во БГ по устав сите партии требува да работат за БГ, а не за сепаратизам. Вие ако сакате регистрираите си тави, дека веат албански знамена во МКД.
При нас нема да допуснем сепаратизам.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Не туку треси зелени туку кажи зошто на Mакедонците не им се дозволува работа на политичка партија иако тие побарале. Во Македонија слободно можите да си регистрирате политичка партија наследните избори и ќе видите точно колку бугари имате тука. Досега тоа не е сторено, ЗОШТО???
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Не туку треси зелени туку кажи зошто на Mакедонците не им се дозволува работа на политичка партија иако тие побарале. Во Македонија слободно можите да си регистрирате политичка партија наследните избори и ќе видите точно колку бугари имате тука. Досега тоа не е сторено, ЗОШТО???
Сто пати ви е кажано дека етнички политички партии не се дозволуват во Уставот. Во БГ сите партии требува да работат за БГ.
Како ке се регистрира партиа да работи за туга држава и сепаратизам. Ама сте наивни. Никои нормален нема да дозволи.
А за прописот. И минатиот и сегашниот секои може да се пише каков сака. А при вас може да се пише некои "бугарин"?
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
За партијата ние сакале или не, Бугарија е едноставно во право. Кај нив во уставот стои дека политичкии партии на верска и национална основа не смеат да се основаат. И во повеќето држави е така за да се спречи сепаратизам. Кај нас би рекол дека е пропуст што вакви партии се дозволени па имаме партии на албанците, партија на србите, на ромите, на власите, на турците уште на марсовците фали.

И поради тоа наместо сите партии да работат за доброто на државата тие се занимаваат исклучиво со правата на нивните, а за останатите не ги ни интересира.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Не е во право Бугарија, а на повисока судска инстанца е одлучено дека не е во право. Уставот на Бугарија мора да е во склад со законите и легално правните определби на ЕУ.

ЕУ барем декларативно мора да се залага за одредени права иако знаеме што блудница вавилонска е.

Сходно таа инстанца и' наложува на државата Бугарија да ја регистрира партијата ОМО Илинден-Пирин, кое Бугарија го ескивира со најсталинистички методи. Сетете се како ги носеа Макеоднците масовно со комбиња во полициски станици на испитувње и им вршеа притисок да потпипшат дека не се членови на ОМО Илинден Пирин и/или да ги компромитираат и/или врбуваат.

Устав не смее да крши основно право на политичко здружување, а Бугарија тоа го прави врз национална основа.

Додатно, во Бугарија има турска партија.


ДОКОЛКУ БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ПОКАЖАТ ДЕМОКРАТИЧНОСТ


Македонските малцинства ќе ги оспорат резултатите од пописот

ОМО Илинден Пирин и уште три здруженија на македонското малцинство во Бугарија најавија оспорување на резултатите од пописот следната година доколку бугарските власти не покажат демократичност и не дозволат непречено нивно изјаснување како Македонци во посебна графа за етничката припадност.

Македонците не планираат бојкот, но велат дека пописот како што го замислуваат бугарските власти, нема да ги даде реалните бројки за етничките малцинства.

Во декларацијата што Македонците од Бугарија ја доставија посо- чуваат на сериозни притисоци од тамошните полициски структури, но и од ултранационалистичките партии, чија кампања против самопределувањето како Македонци била интензивна изминативе месеци.

И македонското малцинство во Албанија се уште нема официјален одговор, од властите во Тирана, дали ќе им биде овозможено на пописот следната година да се изјаснат како Македонци во посебна графа. Партијата на Македонците во Албанија очекува дека Албанија ќе ги почитува уставните принципи и во формуларите за попис ќе овозможи графи за сите малцинства кои ги признава.

Следната 2011 г. на Балканот во неколку држави ќе се спроведува попис на населението. Тоа ќе биде можност за пребројување и на етничките малцинства.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Сто пати ви е кажано дека етнички политички партии не се дозволуват во Уставот. Во БГ сите партии требува да работат за БГ.
Како ке се регистрира партиа да работи за туга држава и сепаратизам. Ама сте наивни. Никои нормален нема да дозволи.
А за прописот. И минатиот и сегашниот секои може да се пише каков сака. А при вас може да се пише некои "бугарин"?
признајте еднаш дека има Македонски народ и нација,сите ќе добиеме со тоа и иднината ќе биде олеснета за сите....ние се имаме изјаснето дека немаме претензии кон ниеден од соседите-како тоа вас не ви е јасно??? нашиот народ е мирољубив и ниту сака ниту е во можност да наштети на никој сосед,кога тоа ќе ви стане јасно вратете се...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom